Вардарски четнички корпус
Вардарски четнички корпус — составен дел од вооружените сили на Равногорското движење на Дража Михаиловиќ во Вардарска Македонија.[2]
Вардарски четнички корпус | |
---|---|
„За кралот и татковината“ „Слобода или смрт“ | |
Активна | ? — почеток на март 1944 |
Земја | Кралство Југославија |
Припадност | Четници |
Род | војска |
Улога | анти-фашистичка и анти-комунистичка борба |
Големина | 1,000 војници |
Битки | Југославија во Втората светска војна |
Команданти | |
Командир на корпусот | Стојан Крстиќ, капитен †[1] |
Командир на Кумановска бригада | Никола Јаничевиќ |
Историја
уредиВо летото 1943 година бил формиран штабот на Вардарскиот четнички корпус на чело со командантот Стојан Крстев (Крстевиќ), гардиски капетан на бившата кралска југословенска армија, роден во Порече, по потекло Македонец. Вардарскиот четнички корпус го сочинувале Прешевската, Кривопаланечката, Скопската, Жеглиговската и Ристовачката четничка бригада, а неговата дејност се одвивала на територијата Врање - Гнилање - Велес - Гевгелија - бугарска граница.
Прешевската бригада била под команда на поручникот Александар Горѓевиќ и се движела на теренот Прешевска долина - Пчињска околија. На Кривопаланечката бригада, пак, команданти биле Ангел Манасиевски, потоа Ѓорѓи Попов, а на крајот Петруш Стефанов, сите Македонци. Жиглиговската била под команда на Милош Анастасиевиќ и се движела до Пчиња, а Скопската бригада, под команда на Никодин Урдаревски, роднина на Александар Урдаревски, дејствувала на теренот на Скопска Црна Гора.
Бројната состојба и вооружувањето на Вардарскиот четнички корпус не може со сигурност да се утврди, но извесно е дека на почетокот на 1944 година нејзиниот командант, Крстев, имал околу 800 луѓе под оружје, претежно Македонци.
Во текот на 1944 година македонските четници биле целосно разбиени и дефинитивно се повлекле од територијата на Вардарска Македонија.
Извори
уреди- ↑ Pettibone 2014, стр. 389
- ↑ Историја на македонскиот народ, книга трета, „Нова Македонија“, Скопје, 1969.