Четврта оперативна зона на НОВ на Македонија

Четврта оперативна зона на НОВ на Македонија ― Штабот на чевртата оперативна зона, не успеал да биде формиран во 1943 година, според првичниот план, бидејќи јадрото на одредот „Гоце Делчев“, на 21 мај 1943 година во близина на Виница бил разбиен од страна на бугарската полиција.[1]

Четврта оперативна зона на НОВ на Македонија
Оперативни зони на НОВ и ПОМ (1943).jpg
ЗемјаМакедонија
БиткиНОБ
Завршни операции за ослободување на Македонија

Територија

уреди

Четвртата оперативна зона го опфаќала просторот источно и северно од железничката линија Велес-Кочани, со градовите: Свети Николе, Штип, Радовиш, Струмица, Кочани, Делчево, Пехчево и Берово. Со реорганизацијата на оперативните зони во почетокот на август 1944 година, ова подрачје потпаднало под Третата оперативна зона. Штаб на зоната не бил формиран, а неговата улога го превзела Четвртата македонска бригада, а од крајот на септември Штабот на педесеттата македонска дивизија на НОВЈ.[1]

Четвртата оперативна зона, со реорганизацијата од август 1944 година, го опфаќала просторот во западна Македонија (Дебарско-Кичевско), односно територијата на Првата оперативна зона од 1943 година. Должноста на Штабот на зоната во почетокот ја вршел Штабот на првата македонска бригада, а од крајот на септември Штабот на четириесет и осмата македонска дивизија на НОВЈ.[1]

Состав

уреди

Орган на оперативната зона

уреди

Билтен - орган на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Се појавил во август 1943 за подрачјето на Четвртата оперативна зона, на македонски јазик. Биле излезени само два броја, а е сочуван само вториот број од септември, 1943 година.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 497. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 504. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. „На денешен ден родени се Лиаку, Чукалевски и Русо, учесници во Антифашистичката војна - АПЛА.мк - Без пардон за Битола“. apla.mk. Посетено на 2022-01-09.
  4. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 46. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  5. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 30. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  6. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 86. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  7. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 72. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)