Прва оперативна зона на НОВ на Македонија
Прва оперативна зона на НОВ на Македонија ― формирана во мај 1943 година, во реонот на Лопушник, на планината Бистра.[1]
Прва оперативна зона на НОВ на Македонија | |
---|---|
Оперативни зони на НОВ и ПОМ (1943).jpg | |
Активна | мај 1943 - август 1944 |
Земја | Македонија |
Битки | НОБ |
Територија
уредиЗоната го опфаќала просторот северно од линијата: Дебар, Кичево, Македонски Брод, Богомила и Велес и западно од линијата Велес-Скопје-Качаник, со градовите Дебар, Кичево, Гостивар и Тетово.[2] Со наредба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од 13 август, 1943 година, нејзиниот штаб бил реорганизиран, а во првата половина на октомври 1943 година, истиот бил укинат. Единиците од Првата оперативна зона влегле во Групата баталјони, која била под непосредна команда на Главниот штаб.[1]
Од август 1944 година, нејзиниот простор потпаднал под Четвртата оперативна зона на НОВ на Македонија, а согласно таа распределба и територијално била изменета. Од август 1944 година, го опфаќала просторот со градовите: Скопје, Куманово, Кратово, Крива Паланка и Прешево.[1]
Битки
уредиНа 4 август, 1943 година, била извршена првата акција на одредот - напад на карабинеријата при електричната централа во селото Вруток, каде биле заробени: еден маршал, два бригадира и 5 карабинери. додека од оружје било запленето: 1 пушкомитралез, 7 пушки, 15 бомби, 7 револвери и друг материјал. Истиот ден извршиле напад на колона на патот Маврово-Гостивар, каде биле уништени 3 камиони и еден блиндиран автомобил, при што биле убиени значителен број на окупаторски полицајци и војска.[3] На 12 септември 1943 година, Првиот партизански одред при I оперативна зона водел борба кај селото Бигор против бугарската војска која се обидела да навлезе во слободната територија.[4]
Иван Дојчинов ја напишал песната „Партизанска химна на Првата оперативна зона“ која е објавена во првата стихозбирка на „Македонски народно-ослободителни песни“.[5]
Состав
уреди- Иван Дојчинов - командант на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ. [6]
- Елисие Поповски — Марко - Политички комесар на Штабот на I-та Оперативна зона[7]
- Хамди Дема - Командант на Штабот на I-та Оперативна зона[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 390. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Јосимовска, Верица (2016). КОНСПИРАТИВНО СТАЦИОНАРНО ЗГРИЖУВАЊЕ И ЛЕКУВАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 1941-1944 (PDF). Штип: УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП. стр. 88.
- ↑ Андонов-Полјански, Христо (1981). Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Скопје: Универзитет "Кирил и Методиј". стр. 484–485.
- ↑ Апостолски, Михајло (27-29 март 1974 година). Симпозиум: Слободните територии во Македонија 1943: Дебар 27-29 март, 1974. Дебар: Одбор за организирање на научниот собир: Слободните територии во Македонија 1943. стр. 246. Проверете ги датумските вредности во:
|date=, |year= / |date= mismatch
(help) - ↑ Блаже Ристовски (уредник) „Рациновите македонски народно-ослободителни песни“, „Матица македонска“, Скопје, 1993, 53 стр.
- ↑ д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 162. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ 7,0 7,1 Андонов-Полјански, Христо (1981). Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Скопје: Универзитет "Кирил и Методиј". стр. 533–534.