НОПО „Вичо“
Вичо ― партизански одред, формиран на територијата на егејскиот дел на Македонија.[1]
Активност на одредот
уредиОдредот е формиран на 28 февруари, 1943 година во село Лаген, Леринско, од постојните мали илегални партизански групи. Меѓу првите негови акции била во селото Воштарени (Овчарани), Леринско, потоа нападот на возот на линијата Лерин-Воден на 20 мај, 1943 година.[1]
Заедно со броците од НОПО „Даме Груев“, во битолско имале заедники акции за одземање на оружјето на контрачетниците (мали чети од локални бугаромани) од Костурско кои ги вооружила италијанската власт, а биле под влијание на бугарската пропаганда.[1]
Инструктор на одредот бил Трајче Грујоски.[2]
Расформирање на одредот
уредиНа 20 јули, 1943 година било донесено решение одредот да се подели и да се фомираат четири помали одреди и тоа:[1]
- „Вичо“
- „Кајмакчалан“
- „Бигла“ и
- „Даули“.
Сите биле именувани по имињата на планините каде што би требало да дејствуваат.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 105. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Андоновска, Ленче (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 60. ISBN 978-9989-2783-0-3. Занемарен непознатиот параметар
|coauthors=
(се препорачува|author=
) (help)
Надворешни врски
уредиУсна историја; Интервју со Трајко Грујоски — Меморијален музеј на холокаустот на САД