27 декември (настани)
шаблон на Викимедија
1938 | Во Скопје за првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од драмскиот писател Ристо Крле. |
1945 | Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бретон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот. |
1949 | Холандската кралица Јулијана потпиша документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа. |
1979 | Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт. |
1992 | Магазинот „Тајм“ го именува Бил Клинтон за „човек на годината“. |
1993 | Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот „Нел“ што ги погоди јужните Филипини. |