Олгица Станковска

Олгица Станковска (15 февруари 1987, Скопје) — македонска писателка и преведувачка.

Олгица Станковска
НационалностМакедонка
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилозофски факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Животопис

уреди

Олгица Станковска дипломирала македонска книжевност и јужнословенски книжевности, на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје.[1]

Од 2014 година работи како уредник во издавачката куќа Слово љубве - Букви букс. Еден од позначајните проекти на кои работела е европскиот проект citybooks Skopje, чиј носител е белгиско-холандската организација deBuren. (www.citybooks.eu), во кој учествува како асистент на проект-менаџер. Работи и како менаџер на НВО центар за култура, едукација и толеранција Bukvibooks и како уредник на едицијата „Моја“ застапена во рамките на издавачкиот центар „Слово Љубве - Букви букс“, чија цел е промоција и афирмација на дебитантски авторски дела. Уште еден значаен проект на кој соработува е антологијата „Потекло на зборот. Антологија на аргентински раскaз“ (Слово Љубве“, 2013), каде учествува како уредник. Најголемиот проект на кој учествувала е подготовката и издавањето на српско-македонскиот речник во издание на „Слово Љубве“ – Скопје во 2015 година.

Творештво

уреди
  • Пишанки или раскази на вересијa, раскази (2012)
  • Српско-македонски речник, соавтор (2015)

Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]

Исто така, таа се бави и со превод на книжевни дела од српски на македонски јазик (Матија Беќковиќ и Гојко Ѓого, Сања Р. Петровиќ итн.).

Наводи

уреди
  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 367.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 333-336.