Караманови средби
Караманови средби се поетски фестивал, кој се одржува во Радовиш, во чест на поетот Ацо Караманов. Фесттивалот се одржува во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ од Радовиш.
41. Караманови средби 2014
уредиФестивалот се одржал во ноември 2014 година и траел три дена, а бил посветен на 70-годишнината од загинувањето на Ацо Караманов. На фестивалот учествувале околу 30 поети од Македонија и од странство, а биле претставени и надарени поети од основните училишта од општината Радовиш. По свеченото отворање следувал поетскиот караван „Поетски мозаик“. Исто така, како придружен настан, биле одржани изложбата „Номадите доаѓаат од хоризонтот“ на сликарот Летив Намагланчивин од Монголија, како и поетско-музичкиот перформанс „Тонови на големиот копнеж“ на поетското студио „Кралџиџе“, со Пламенка Трајковска на виолина.
Наградата „Караманов“ за 2014 година ѝ била доделена на поетесата Елена Пренџова, за книгата „Љубољубна“, додека специјалната награда му припаднала на Игор Крајчев за поетскиот ракопис „Круг полукруг“.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Поетесата Пренџова со „Љубољубна“ ја освои наградата Караманов“, Дневник, година XVIII, број 5623, петок, 21 ноември 2014, стр. 18.