Корисник:Misos/Одбрани статии
На секоја одбрана статија на крајот треба да се додаде шаблонот
{{Одбрана}}
Моментално одбрана статија:
Јадење и пиење во Стариот Рим: 18 септември - 25 септември 2006
Римската кујна еволуирала низ долгиот (преку 1000 години) период на траење на нивната римска цивилизација. Таа попримила влијание од грчката култура, политичките промени од кралството, во републиката, па во царството, како и големата експанзија на истото која донела многу нови кулинарски навики и техники на готвење од провинциите
Во почетокот разликите помеѓу општествените класи не биле големи, но несразмерноста се зголемувала паралелно на растењето на самото царство...
Традиционално изутрина се служел појадок наречен јентакулум или јантакулум, на пладне главното јадење на денот, наречено кена, а навечер се служела весперна. Заради грчкото влијание како и зголемениот увоз и потрошувачка на увозни храни, кена-та се зголемила во количина и разноврсност и се јадела попладне, весперна-та била отфрлена и бил додаден втор појадок околу пладне, наречен прандиум
Пониските слоеви од општеството ги следеле старите навики, заради тоа што подобро одговарале на дневниот ритам на мануелната работа... Прочитајте повеќе
Претходни одбрани статии:
Старословенски јазик: 11 септември - 17 септември 2006
Во лингвистиката, поточно во славистиката, под називот старословенски јазик е познат првиот пишан, забележан, засведочен словенски јазик, а тоа бил јазикот којшто го говореле македонските Словени во непосредната околина на Солун, во втората половина на IX век. Често, што поради неинформираност, што поради непрецизност на мислата или пак невнимание, погрешно се вели дека старословенскиот јазик е јазик-татко на модерните словенски јазици, т.е. дека сите модерни словенски јазици директно водат потекло од овој јазик. Ова тврдење не е точно: старословенскиот јазик, од генеалошко гледиште, припаѓа во групата на јужнословенски јазици, поточно во нејзината источна подгрупа, заедно со модерните македонски и бугарски јазик. Сите словенски јазици, вклучително и старословенскиот, водат потекло од прасловенскиот јазик. Името на овој јазик е предмет на жешка дебата, имено бугарските слависти (и општо бугарските интелектуалци) се обидуваат да му го прилепат предзнакот „бугарски“ именувајќи го како старобугарски јазик (буг. старобългарски), што секако не може да се прифати како точно зашто во времето на зачетоците на словенската писменост, Словените сè уште себе си се чувствувале како единствена, сeсловенска, заедница, додека Бугарите на Балканот дошле како несловенски народ од татарско потекло, говорејќи неиндоевропски јазик со чувство за национално своебитие... Прочитајте повеќе
Референдум 1991: 6 септември - 11 септември 2006
Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.
Истиот ден заедно со Словенија, врз основа на одлука на Саборот независност прогласи и Хрватска. На 6 мај избија нереди, а потоа дојде и до престрелки во и околу поморската база "Лора" во Сплит. Прва жртва на немирите беше војникот Сашо Гешковски од Кавадарци, кој извршувал стражарска служба.
Сплитските настани беа почеток на зачестените инциденти и оружени пресметки меѓу силите на Југословенската народна армија и Хрватската национална гарда кои потоа добиваа сè повеќе на интензитет, се проширија и прераснаа во .... Прочитајте повеќе
Пела: 30 август - 6 септември 2006
Пела или Постол бил град во Античка Македонија кој денес се наоѓа на територијата на Грција.
Kаменот-темелник на градот го удрил кралот Архелај I (413–399 п.н.е.) со намена да биде главен град на кралството, да ја замени старата престолнина (Ајга). По пва, Пела била седиште на Филип II Македонски и Александар Македонски, неговиот син. Во 168 п.н.е. Пела била ограбена од Римјаните, а нејзиното богатство било пренесено во Рим. Подоцна градот го руши земјотрес и одново почнува да се гради врз рушевините. Веќе во 180 Луцијан поминувајќи го опишал местото како „денес незначајно, со многу малку жители“.
Пела за прв пат се спомнува од Херодот (VII, 123) во врска со походот на Ксеркс како и од Тукидид (II, 99,4 и 100,4) во врска со македонската експанзија и војната против Ситакле, кралот на тракиабните.... Прочитајте повеќе
Романтизам: 12 август - 30 август 2006
Романтизмот е општокултурно, а според тоа и уметничко движење кое се јавува на крајот на XVIII век, а својата полна афирмација ја доживува во првите децении на XIX век. Раѓањето на романтизмот е условено од општествено-историските случувања. Романтизмот се јавува во време на големи општествени потреси и национални движења, во периодот на дотрајувањето и распаѓањето на феудалните општествени односи и зајакнувањето на граѓанството. Показатели на таа општествено-историска вознемиреност се значајните историски настани: Француската револуција во 1789, воздигнувањето на Наполеон и неговите освојувања... Прочитајте повеќе
Кочо Рацин: 4 август - 12 август 2006
Кочо Рацин (Коста Солев Рацин) (Велес, 22 декември 1908 - Лопушник, 13 јуни 1943) е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за основоположник на македонската литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Покрај со поезија, Рацин се занимаваше и со проза, а има напишано и неколку значајни трудови од областа на историја, филозофија и литературната критика.
Роден е во Велес на 22 декември 1908 година во семејството на Марија и Апостол Солеви. Притиснат од сиромаштијата и потребата од работна рака во грнчарската работилница на татко му, во 1918 година е... Прочитајте повеќе
Ајфелова Кула: 22 јули - 4 август 2006
Ајфеловата Кула (се изговара: /ˌaɪfəl 'taʊɚ/; француски: Tour Eiffel, се изговара: /tuʀ efɛl/) е железна кула изградена на Марсовите полиња покрај реката Сена во Париз. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи во светот. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел, денес преставува една од најпосетените туристички атракции.
Кулата е висока 300 метри (986 стапки), што одговара на околу 75 спрата. Заедно со 24 метарската антена (72 стапки), структурата е висока 324 метри (1058 стапки) што одговара на околу 81 спрат. Во времето кога била направена во 1889 година, кулата била највисоката градба во светот, сѐ до 1930, кога била изградена ... Прочитајте повеќе
Математика: 4 јули - 22 јули 2006
Зборот Математика може да се дефинира како логички строга студија на теми како квантитет, структура, простор и промена. Друг став до кој се држат многу математичари вели дека математиката е збир од знаења кој претставува предмет дедуктивно расудување, почнувајќи со аксиоми и дефиниции.
Математиката се користи низ целиот свет во сферите на науката, инженерството, геометарството, медицината и економиката. Покрај тоа што се користат со математиката, овие полиња претставуваат и инспирација за напредок во математиката. Нова математика исто така се создава заради самата себе, без некоја посебна примена на ум.
Зборот „математика“ доаѓа од грчкиот збор μάθημα (матема)... Прочитајте повеќе
Светско Првенство во Фудбал 2006: 8 јуни - 4 јули 2006
ФИФА Светското Првенство во 2006 (официјално наречено 2006 ФИФА Светско Првенство Германија, некогаш познато и како Светско Првенство во Фудбал или само Светско Првенство) ќе се одржи во Германија од 9 јуни до 9 јули 2006. Квалификациите за турнирот се завршени и сите 32 тима се потврдени. Завршниот турнир 2006 ќе биде 18-от по ред. Во јуни 2000 Германија ги доби правата да го организира настанот во својата земја, пред Јужна Африка (која ќе биде домаќин на 2010 ФИФА Светско првенство), Англија, Бразил и Мароко.
12 германски градови се избрани за домаќини на завршниот турнир. Многу од стадионите имаат поголем капацитет во домашното првенство, бидејќи некои седишта се заменуват со тераси... Прочитајте повеќе
Ласер (англиски: Light Amplification by Stimulated Emission of Radiation или засилување на светлината со стимулирана емисија на зрачење) е оптички извор кој емитира фотони во кохерентен зрак. Зборот исто така потекнува од глаголот ласира кој што значи „да се создава кохерентна светлина“ или пак „ да се сече со кохерентна светлина“, и претставува корен на зборот ласер. Ласерската светлина е скоро монохроматска, т.е. се состои од единечна бранова должина односно боја емитирана во тесен сноп. Ова е спротивно на вообичаените извори на светлина, како обичната светилка која емитира некохерентни фотони во скоро сите правци, и вообичаено во широк спектар на бранови должини... Прочитајте повеќе
Суоветаурилии: 31 мај - 1 јуни 2006
Суоветаурилиите или суовитауриите биле еден од најтрадиционалните и најсветите обичаи во римската религија: Како дел од него се жртвувале свиња (sus), овен (ovis) и бик (taurus) на богот Марс за да ја благослови и прочисти земјата.
Ритуалот е зачуван во делото De Re Rustica, („За земјоделството“) на Катон Постариот. Најпрвин трите животни се воделе околу меѓата на земјата што треба да се благослови и се изрекувале слдниве зборови:
- Cum divis volentibus quodque bene eveniat, mando tibi, Mani, uti illace suovitaurilia fundum agrum terramque meam quota ex parte sive circumagi sive circumferenda censeas, uti cures lustrare.
- „Нека нашата работа биде крунисана со успех со добра помош од боговите, посакувам, Маниј, да се погрижиш да го исчистиш мојов имот, мојава почва со овие суоветаурилии, каде и да мислиш дека е најдобро да бидат терани или носени.“...Прочитајте повеќе
Музејот Ермитаж (Государственный Эрмитаж) во Санкт Петербург, Русија е една од најголемите, најстарите и најважните уметнички галерии и музеи во човечката историја и култура. Неговите огромни збирки се изложени во шест згради, со тоа што главната зграда е Зимскиот дворец кој некогаш бил официјалната резиденција на руските цареви... Прочитајте повеќе
Архитектонски поредок: 11 мај - 20 мај 2006
Архитектонскиот поредок е систем од повеќе антички начини на градење кој се одликувал со неколку варијанти на пропорции, карактеристични профили и детали. Разните редови најлесно се разликуваат по нивните столбови и капители. Секој стил си има своја соодветен перваз, кој се состои од архитрав, фриз и корниз. Од 16-тиот век, па наваму, теоретичарите распознаваат пет реда. На илустрацијата десно се наредени по ред, од најнабиениот и најпримитивниот до најбогатиот и највиткиот, тие се: Тоскански (римски) и Дорски (грчки и римски, илустриран тука во римска варијанта); Јонски (грчка варијанта) и Јонски (римска варијанта); Коринтски (грчки и римски) и Композитен (римски)... Прочитајте повеќе
Јохан Себастијан Бах (21 март 1685 С.С. – 28 јули 1750 Н.С.) е германски композитор и органист чии духовни и световни дела за хорови, оркестри и соло инструменти ги сплотуваат речиси сите аспекти на стилот на барокната музика доведувајќи ги до врвна точка на зрелост. Иако нема воведено нови музички форми, Бах го има збогатено германскиот музички стил со робусна, но магична контрапунктна техника, навидум лесна контрола на хармонска и мотивска организација од најмал до најголем размер, и адаптација на странски ритмови и текстури, особено италијански и француски... Прочитајте повеќе
Историја на автомобилот: 26 април - 2 мај 2006
Општоприфатено е дека првите вистински автомобили користеле бензин како гориво за нивните мотори со внатрешно согорување. Овие први автомобили биле изработени речиси едновремено од страна на неколку германски изработувачи кои работеле самостојно: Карл Бенц го направил својот прв автомобил во 1885 во Манхајм. На 29 јануари 1886 нему му бил доделен патент за возилото, додека веќе во 1888 тој почнува со производство. Накратко потоа, Готлиб Дајмлер и Вилхелм Мајбах во 1889 година во Штутгарт направиле автомобил сосема од нула, наместо да адаптираат кочии за таа намена. Тие исто така го измислиле првиот мотоцикл во 1886... Прочитајте повеќе
Велигден (православен): 23 април - 26 април 2006
Велигден или „Ден на Воскресението“ е најважниот верски празник во православниот календар, кој може да се падне на датум помеѓу раниот дел на април до раниот дел на мај. Овој празник го прославува воскреснувањето на Христа по неговата смрт со распетие околу 27-33 година н.е. (видете Великпеток)... Прочитајте повеќе
Албрехт Дирер: 14 април - 23 април 2006
Албрехт Дирер (Нирнберг, Германија 21 мај, 1471 – 6 април, 1528) бил германски сликар, дрворезец, графичар и математичар. Тој е најпознат по неговите серијални дрворези како Апокалипса (1498), два серијала за распетието на Христа, Големата пасија (1498-1510) и Малата пасија (1510-1511) како и многу поединечни графики како Витез, Смрт и Ѓаволот (1513), Свети Јероним во неговата работна соба (1514)... Прочитајте повеќе
Име на статијата: од - до 2006
Овде оди текстот