Жртвувањето, “жртвопринесување“[1] е религиозен обреден елемент на принесување жртва на натприродните сили. Негова цел е да се смилостиват боженските или демонските битија, да се очува нивната наклоност или да се побара заштита. Воспоставување и одржување на постојана врска со натприродното, градење на партнерскиот однос во кој човекот се доближувал на натприродното е главниот мотив на жртвување. Принципот на жртвување во древните култури се сметал за највозвишената форма на поклонување и почитување на божественото, што условувало намалување на лутината на моќниот владетел, но и барање услуга, милост, добробит за одредена група на поборници (верници). Практикување на овој ритуал е заедничко за древните народи и култури, но трагите на принесување на жртвата се присутни и во современите опшества.[2]

Ацтеки принесуваат човечка жртва.

Видови на жртвите

уреди

Според верувањата на древните луѓе, натприродните сили најмногу ги ценеле човечките жртви. За обредното принесување жртва избирани се деца, девојки и млади луѓе, а неретко родителите ги жртвувале сопствените деца како посебен израз на почит кон божеството. Со раст на цивилизацискиот напредок жртвите станувале непријатели, робови, странци, а кај некои култури човечката жртва ја заменила жртвата на животните. Според основна поделба жртвите ги делиме на:

  • Крвни жртви: луѓе, животни;
  • Безкрвни жртви: жито, плодови, храна, облека, пари
  • Либации во пијалак: вино, ракија, масло
  • Експијаторни: каење, самоизмачување, гладување.

Жртвите се именувале со три термини: терба (треба), означува она што следува, тоа што мора,; онета, тоа што е ветено и жртва, првобитна молитва, веројатно молба кон бога за примање на жртвата[3].

Жртвата како тема во уметноста

уреди

Наводи

уреди
  1. Танас Вражиновски, Речник на народната митологија на Македонците, Матица Македонска, Скопје,2000, стр. 178.
  2. Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр. 123 - 125.
  3. Танас Вражиновски,Македонска народна митологија, Матица Македонска, Скопје,2002, стр.268
  4. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 114-116.

Извори

уреди