Отвори го главното мени

Празник — се однесува на било кој вид верска, национална, државна, културна или друг вид прослава, а понекогаш вклучува и фестивал.

Видови празнициУреди

Верски празнициУреди

Повеќето празници се производ на верувањата и религиите. Христијанските празници се дефинирани како дел од литургиската година. Во Исламот, најголем празник е Рамазан. Источните религии (хиндуизам, џаинизам и сикизам имаат повеќе празници, а за најголем се смета Дивали, фестивалот на светлината. Во Јапонија се празнуваат празници од различни религии. Келтските и неопаганските празници се тесно поврзани со фестивалите кои се празнуваат во Шведска (каде 80% од жителите припаѓаат на лутеранската црква). Евреите имаат две празнични сезони: пролетна (Пасха) и есенска сезона. Единствено Јеховините сведоци не празнуваат никакви празници, дури ни Божик и Велигден.

Нова годинаУреди

Новогодишните празници се главни во зимската сезона на прославувања речиси кај сите народи. Ова е период околу зимскиот солстициум, околу кој се врзани повеќето културни и верски прослави. Обично овој период започнува во ноември и завршува во јануари. Најчесто зимските празници имаат комерцијален карактер, а симболите кои се користат се снегулки, зимски мотиви и зимски песни.

Државни празнициУреди

Повеќето суверени држави и територии прогласуваат локални празници кои се базираат врз значајни датуми од нивната историја, но вклучуваат и некои меѓународни празници (како денот на трудот или денот на жената). Државните празници според тоа се различни во секоја земја, и најчесто се прогласуваат за неработни денови.

Неофицијални празнициУреди

Во оваа категорија празници спаѓаат прославите кои најчесто не се запишуваат во календарите на празници, без разлика на нивното масовно прославување. Тоа се празници кои рекламираат нешто, или денови на некој историски настан кој не е официјално прославуван, и секако, тука спаѓаат и одбележувањето на „смешни“ денови, како на пример 1 април, 2 февруари и слично.

Празникот како тема во уметностаУреди

  • „Вечерта на празничниот ден“ (La sera del dì di festa) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1820 година.[1]
  • „Празник“ - краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[2]
  • „Празничен ден“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[3]
  • „Спроти Макавеите - од Макавејските празници“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[4]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 14-15.
  2. Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 130.
  3. Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 69-76.
  4. Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 157-164.

НаводиУреди