Појадок
Појадокот е првиот оброк во денот, кој се конзумира наутро. Што точно вклучува еден појадок зависи од различните култури низ целиот свет. Но, најчесто вклучува житарки или ориз, овошје, а многу поретко зеленчук, белковински и млечни производи и пијалаци.
Овие статии се дел од темата oброци |
Општопознати оброци... |
Појадок • Појчек (Бранч) • Mал ручек Чај • Ручек • Вечера |
Останати оброци... |
Втор појадок |
Илевенсез |
Тифин |
Десерт |
Ужина |
Поврзано... |
Појадокот се состои од поедноставна храна, односно храна која полесно ќе биде дигестирана, но сепак ќе ги содржи потребните енергетски состојки. Храната треба да содржи белковини, јаглехидрати, витамин А и витамин D, како и умерени количества на калциум и железо. Споменатите состојки служат како главни извори на енергија, и придонесуваат за нормален раст и обновување на ткивата.[1][2]
Појадокот освен што го снабуда телото со енергетски и хранливи состојки, истражувања покажуваат дека помага за одржување здрава тежина, ја зголемува концентрацијата и го подобрува помнењето.[3][4] Кај одредени делови од светот, кафето и чајот се неизоставни делови од појадокот, за кои исто така е докажано дека покрај недостатоците, кафето и особено зелениот чај служат како антиоксиданси, кои го намалуваат ризикот за заболувања.[2]
Типични појадоци по светски региони
уредиАфрика
уредиАзија
уредиЈапонија
уредиЕден традиционален јапонски појадок се состои од ориз, морска храна и ферментирана храна, кој во голем дел не се разликува од другите јадења јадени за време на други оброци во јапонската кујна. Исклучок е т.н. nattō (вид на ферментирана соја), која највеќе се јаде за појадок. Во еден типичен јапонски ресторан за појадок најчесто се нуди мисо супа, ориз со нори или со друг гарнир, nattō, овесна каша, риба испечена на скара, недоварено јајце и кисели краставички. Влијанието на јапонските патувачи го направиле овој традиционален појадок една стандардна опција на менијата на многуте висококласни хотели насекаде низ светот. Западните појадоци како тост и варени или пржени јајца се исто така доста јадени, како и житарките кои сè повеќе стануваат популарни. Типични пијалаци за појадок се зелениот чај (традиционален) и кафето (модерен).
Австралија и Нов Зеланд
уредиЕвропа
уредиЛатино Америка
уредиСреден Исток
уредиСАД и Канада
уредиПојадокот како мотив во уметноста и во популарната култура
уреди- „Појадок на трева“ (француски: Le Déjeuner sur l'herbe) — слика на францускиот сликар Едуар Мане од 1863 година.
- „Појадок на трева“ (француски: Le Déjeuner sur l'herbe) — слика на францускиот сликар Клод Моне од 1866-1867 година.
- „Појадок на трева“ (француски: Le Déjeuner sur l'herbe) — слика на францускиот сликар Едуар Мане од 1865-1866 година.
- „Појадок кај Тифани“ (англиски: Breakfast at Tiffany's) — американски филм од 1961 година во режија на Блејк Едвардс.
- „Психоделичниот појадок на Алан“ (англиски: Alan's Psychedelic Breakfast) — песна на британската рок-група „Пинк флојд“ од 1970 година.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Со појадок до виткост“. kulinar.mk. 2009-07-05. Архивирано од изворникот на 2010-08-15. Посетено на 2010-08-31.
- ↑ 2,0 2,1 „Здрав појадок“. bluezone.com.mk. 2009-05.07. Посетено на 2010-08-31. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска] - ↑ „Why is breakfast the most important meal of the day?“. Mayo Clinic. Посетено на 2009-06-03.
- ↑ „Breakfast is 'most important meal'“. BBC. 7 March 2003. Посетено на 2009-06-03.
- ↑ Discogs, Pink Floyd – Atom Heart Mother (пристапено на 2.3.2021)
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |