Благослов
Благослов е добар збор или наративен облик со кој се посакува среќа, здравје и успех и се темели врз верувањето дека со помош на натприродните сили кои се повукуваат посаканото може да се исполни.
При благослов зборовите ја преземаат посредни;ката функција помеѓу овој и оној свет. Експлицитно или имплицитно збороовите ги обврзуваат силите на судбината, или некое друго натприродно битие да влијае врз судбината.
Благослов се дава како исклучителен облик на почит и љубов. Се благословуваат семејството, почитувани роднини и пријатели, новородените, младенците, бремените жени. Можат да се поделат на збирни и насочени, збирни се однесуваа на најразлични ситуации и личности, а наочени се врзани за настан, време и личност (и) во дадена ситуација.
Благословот многу често се сврзува со определени натприродни сили од кои се бара помош и заштита. Може да се изрази со едноставно редење на асоцијативни зборови, со стихови или песна. Понекогаш е пропратен со обредни елементи кои треба да ја засилат врската со оностраното, а најчесто е наменет на одреден светец кој се смета за заштитник на определена личност, семејство или народ.
Благословот се вкоренил кај нашите народи, така што и во денешното време имаме современи остатоци од таа архаична усна уметност, при купување продавачот посакува со здравје да се користи робата, а купувачот му возвраќа да му се множат парите или и тој во здравје да си го троши заработеното.
Митскиот контекст на благослов доаѓа од верување во партнерскиот однос на натприродното и човекот и најчесто се поврзани со плодност и среќа.
Благословот е добра желба; ‘Блазе мајка што те роди’, ‘Среќа да имаш на секој чекор’, ‘Од небо да ти роси, од земја да ти роди’, но во духот на народот благословот се развил до уметничка поетска форма. Особено долги, римовани, десетеречки благослови се исползувале за свадбите и славите, за Нова Година, дури и при погребот се благословува: ’Бог да го прости покојниот, на живите да им даде живот и здравје’.
Наводи
уреди- Гордана Стојковска, Јужнословенска митологија, 2004, Издавачки центар Три, Скопје.