Катон Постариот
Марко Поркиј Катон, познат како Катон Постариот или Катон Цензорот (Censorius) (латински: Marcus Porcius Cato, (234 п.н.е. — 149 п.н.е.) — римски државник и говорник.
Животопис
уредиКатон бил славен римски говорник, кој своите говори во Сенатот ги завршувал со зборовите: „Впрочем, ја смислам дека Картагина треба да се разурне“ (Ceterum censeo Carthaginem delendam esse). Во делото „Животот на Катон“, Плутарх соопштува дека Катон бил 40 пати обвинуван и ослободуван, а самиот тој повеќе од 70 пати обвинил други луѓе.[1] Катон бил познат како многу нескромен човек, кој дозволувал секој човек отворено да се пофали со она што го има. Така, во една прилика, кога го прашале зошто Римјаните сè уште не поставиле негова статуа на Форумот, тој одговорил: „Подобро светот да се прашува зошто на Форумот не ставиле статуа на Катон, отколку да се прашуваат зошто поставиле.“ Во друга прилика, кога бил навреден, тој рекол: „Повеќе Рим му должи на Катон, отколку Катон што му должи на Рим.“[2]