Зимскиот дворец (од руски: Зи́мний дворе́ц), Санкт Петербург, Русија била официјалната резиденција на руските владетели, од 1732 до 1917 година. Сместена помеѓу кејот и плоштадот на дворецот, соседна на поранешната локација на Зимскиот дворец од Петар Велики, денешната и четврта Зимски дворец била изградена и изменувана при крајот на 1730 и 1837 година, кога тешко била оштетена во пожар и непосредно обновена. Наводниот напад на дворецот во 1917 година, насликан во Советските слики и прикажан во филмот на Сергеј Ејзенштејн Октомври (1927 година), стана ироничен симбол на Руската револуција.

Зимскиот дворец, од плоштадот на дворецот
Зимскиот дворец, од плоштадот на дворецот

Дворецот била конструирана во огромен размер со цел да ја одразува власта и силата на Царска Русија. До крајот на 19 век од дворецот царот владеел со преку 22.400.000 км (речиси 1/6 од Земјината маса) и со преку 125 милиони жители. Дворецот била изградена од многу архитекти, особено од Бартоломео Растрели, во Елизабетски барокен стил. Зелено-белата дворец има форма на издолжен правоаголник а нејзината првична предна страна е долга 250 метри и 100 стапки (30 метри) висока. Зимскиот дворец има 1,786 врати, 1,945 прозорци, 1,500 соби и 117 скалила. При обнвувањето во 1837 година надворешноста остана недопрена, но големи делови од внатрешноста биле одново дизајнирани во различни вкусови и стилови, назначувајќи ја дворецот како „дворец од 19 век инспирирана од модел во Рокококо стил„. Во 1905 година се случил масакарот Крвава недела каде што протестантите марширале кон Зимскиот дворец, но дотогаш царската фамилија веќе одлучила да живее во посигурната и поизолираната Александровскиот дворец во Царско Село, и се враќале во Зимскиот дворец само за најформалните и ретки државни прилики. По Февруарската револуција во 1917 година, краток период дворецот била седиште на Руската привремена влада, водена од Александар Керенски. Подоцна во истата година, војници и морнари од Црвената Армија ја нападнала дворецот – важен момент во раѓањето на советската држава. Едномесечниот грабеж во палатските винарски визби за време на овие немирни времиња доведе до она што се опишува како „најголемиот мамурлак во историјата“. Денес, зачуваната дворец е дел од комплексот згради, место каде што се наоѓа музејот Ермитаж.

Зимскиот дворец на Петар Велики (1711-1753)

уреди
 
Првата Зимски дворец, изградена во 1711 година за Петар Велики, од Доменико Трезини

По враќањето од неговата Голема амбасада во 1698 година, Петар I од Русија отпочнал политика на усвојување и проширување на културата на Западот со цел да го превори Руското царство во Руска Империја и главна европска сила. Оваа политика била манифестирана преку тули и малтер со изградба на нов град Санкт Петербург во 1703 година. Културата и дизајнот на новиот град била свесно отфрлање на традиционалната Руска архитектура која била под влијание на Бизантин, каков што е тогашно модерниот Наришкин барок, давајќи предност на архитектура инспирирана од класичното која била актуелна во големите европски градови. Царот сакал неговиот нов град да е граден во фламански ренесансен стил, подоцна познат како Петрин барок, овој бил стилот којшто тој го одбрал и за неговата нова дворец во градот. Првата царска резиденција била скромна колиба тогаш позната како Домик Петра I, изградена во 1704 година, којашто била свртена кон реката Нева. Во 1711 година била преместена на браната Петровскаја, каде што стои до ден денес. По растеретувањето на местото царот отпочнал со градење на поголема куќа помеѓу 1711 и 1712 година. Оваа куќа, којашто денес се смета за првиот Зимски замок, била конструирана од Доменико Трезини.

Осумнаесеттиот век бил период на голем развој во Европската кралска архитектура. Овој процес, којшто започнал при крајот на 16 век, се забрзал и драгоцените класични палати брзо ги замениле затврдените замоци низ помоќните европски земји. Еден од најпрвите и знаменити примери е Версај во времето на Луј XIV. Изработен во 1710 година, Версај – со неговата големина и раскош – го зголемил соперништвото помеѓу европските владетели. Петар Велики од Русија, којшто бил склон да ги промовира сите западни концепти, посакал да има модерна дворец како онаа на владетелите. Сепак, за разлика од неговите следбеници, Петар никогаш не тежнеел кон тоа да се натпреварува со Версај.

Првата Зимски дворец била скромна зграда со два главни спрата под поплочен покрив. На Петар му било преку глава од првата дворец, па така во 1721 година втората верзија на Зимскиот дворец била изградена под водство на архитектот Георг Матарнови. Дворецот на Матарнови иако сè уште била скромна во споредба со кралските палати во другите европски метрополи, била на два спрата на приземен кат, со централна проекција под педимент поткрепена со столбови. Токму на тоа место починал Петар Велики во 1725 година.

Зимскиот дворец не била ниту единствената дворец во некомплетираниот град ниту најраскошната бидејќи Петар им наредил на неговите благородници да градат резиденции и да поминат пола година таму. Оваа барање не било омилено; Санкт Петербург бил основан врз мочуриште, со малку сончева светлина каде што се одгледувало само зелка и репка. Било забрането да се отсекуваат дрвја за гориво, така што било дозволено да се користи топла вода само еднаш во неделата. Само втората жена на Петар, царицата Катерина, се преправала дека ужива во животот во новиот град. Како резултат на исцрпувачката принудена работа низ целото царство, градот напреднал бргу. Проценето е дека 200.000 луѓе умреле во дваесет години додека го граделе градот. Еден дипломат од тоа време, кој го опишал градот како „купишта селани поврзани заедно, како некоја плантажа во Западните Инди“, по неколку години го нарекол „светско чудо, сметајќи на прекрасните палати“. Некои од овие нови палати во омилениот фламански барок на Петар како што се Кикин хол и Дворецот Меншиков сè уште постојат.

Дворецот 1725-1855

уреди
 
Првите Јорданови скалила

На денот на смртта на Петар Велики во 1725 година, градот Санкт Петербург ни приближно не бил центарот на западната култура и цивилизација како што тој предвидил. Многу од аристократите кои од царот биле принудени да го населат Санкт Петербург си заминале. Петар I е наследен од неговата вдовица Екатерина I, која владеела до нејзината смрт во 1727 година. Таа е наследена од внукот на Петар I, Петар II кој во 1727 година доста ја зголемил дворецот Матарнови. Трезини, којшто ја дизајнирал Летната дворец во 1711 година, е еден од најголемите застапници на стилот Петрин барок. Летната дворец била целосно реновирана и ја надминала постоечката Зимски дворец на Матарнови до тој степен што дворецот Маратнови станала само една од двете завршени сали од новата и трета Зимна дворец. Третата дворец, како и втората е во стилот Петрин барок.

Во 1728 година, веднаш откако е изградена третата дворец, царскиот дворец бил преместен од Санкт Петербург во Москва и со тоа Зимскиот дворец го изгубила статусот на главна царска резиденција. Москва уште еднаш била назначена за главен град, статус којшто претходно бил гарантиран за Санкт Петербург во 1713 година. По смртта на Петар II во 1730 година, престолот го наследила внуката на Петар I, Ана Ивановна.

Ана (1730-1740)

уреди

Новата царица се грижела повеќе за Санкт Петербург од нејзините претходници; таа го вовела одново Царскиот дворец во Зимскиот дворец и во 1732 година, Санкт Петербург повторно станал главен град на Русија, позиција која ја задржал до 1918 година.

Игнорирајќи ја третата Зимски дворец, кога царицата се враќала во Санкт Петербург се сместила во соседната дворец Апраксин. Во 1732 година царицата го овластила архитектот Франческо Бартоломео Растрели целосно да ја обнови и прошири дворецот Апраксин, присоединувајќи ги соседните куќи. Така, јадрото на четвртата и последна Зимски дворец не е дворецот на Петар Велики туку е дворецот на Генералниот адмирал Фјодор Матвејвич Апраксин. Царицата Ана дизајнирала нови ливреја за нејзините слуги и со нејзина наредба медовина и вотка биле заменети со шампајнско и Бургундец. Таа им наредила на Бојардите да го заменат нивниот бел мебел со боја на махагонија и абонос.

Елизабета (1741-1762)

уреди

Царското бебе Иван VI кој ја наследил Ана во 1740 година, наскоро бил соборен од престолот во државен удар без пролевање крв од страна на војвотката Елизабета, ќерка на Петар Велики. Доделувајќи и ја скоро цела моќ на нејзините омилени, новата царица Елизабета преземала живот исполнет со задоволство што го инспирирало рускиот историчар Василиј Клјучевски да ја нарече Зимскиот дворец како место со „позлатена мизерија“. За време на владеењето на Елизабета, Растрели којшто сè уште работел на неговиот првичен план, смислил целосно нова замисла во 1753 година – денешната Зимски дворец. Забрзеното довршување на дворецот било важно за честа на царицата, која ја сметала дворецот како симбол за државен престиж. Изградбата продолжила во текот на годината, дури и во најгрубите месеци од зимата. Бедата на рускиот народ и на армијата што довела до Седумгошната војна не смеела да го забавува прогресот. 859,555 рубљи биле доделени за проектот. Иако работниците добивале месечни плати од една рубља, цената на проектот го надминал буџетот толку многу што заради недостиг од ресурси прекинала изградбата и покрај опсесивната желба на царицата за брзо завршување. Најпосле, данокот за сол и алкохол бил зголемен со цел да финансираат дополнителните трошоци, иако рускиот народ веќе биле натоварени со даноци за војната. Конечната цена била 2,500,000 рубљи.

Екатерина II (1762-1796)

уреди

Царицата Елизабета ја одбрала германската принцеза, Софи од Анхалт-Зербст, да биде невеста на нејзиниот внук и наследник Петар III. Бракот не бил успешен но оваа принцеза позната како Екатерина Велика е главно поврзана со Зимскиот дворец. Во 1762 година, проследено со државен удар во којшто нејзиниот маж бил убиен, Екатерина се фалела со нејзиниот седумгодишен син Павле на балконот од Зимскиот дворец пред возбудената толпа. Меѓутоа таа не го претставувала нејзиниот син како новиот и законски владетел на Русија, туку славата која што си ја поткревала самата.

 
Портрет на младич, купен за Зимскиот дворец во1764 година

Операта која постоела во југозападното крило на замокот била покосена со цел да се овозможат апартмани за фамилијата на Екатерина. Во 1790 година, Куаренџи обновил пет соби од Растрели за да создаде три широки ходници. Екатерина била одговорна за трите големи околни палати, колективно познати Ермитаж – 150 години подоцна целосниот комплекс, вклучувајќи ја и Зимскиот дворец била позната под тоа име.

Екатерина била импресионирана од францускиот архитект Жан-Батист Валин де ла Мот, кој ја дизајнирал Царската академија на уметностите (исто така во Санкт Петербург) и го овластила да додаде ново крило на Зимскиот дворец. Тоа било планирано да биде дворец наменета за одмор од формалностите и церемониите во дворот. Екатерина го крстила Ермитаж (14), име кое било користено од нејзиниот предок царицата Елизабета за да ги опише нејзините приватни соби во дворецот.

Павле I, Александар I и Николај I (1796-1855)

уреди
 
Ротонда(26)Кружен ходник од раниот 19 век, ги поврзува државните и приватните соби на дворецот

Екатерина Велика била наследена од нејзиниот син Павле I. Во првите години од неговото владеење новиот цар го зголемил бројот на војската поставена во Зимскиот дворец, наместена во стражарници на неколку метри околу градбата. Најпосле параноичен за неговата безбедност и мразејќи сè што е поврзано со неговата мајка, тој целосно со презир ја одбил Зимскиот дворец и го изградил замокот Сент Мајкл што му служело како живеалиште во Санкт Петербург на местото каде што е роден. Царот изјавил дека посакал да умре на местото каде што е роден. Тој бил убиен таму три недели откако отпочнал со сместувањето во 1801 година. Павле I бил наследен од неговиот 24 годишен син, Александар I кој владеел со Русија за време на хаотичниот период на Наполеоновите војни.

Александар бил наследен од неговиот брат Николај I во 1825 година. Царот Николај е одговорен за денешниот изглед на дворецот. Тој не само што извршил многу промени на интериерот на дворецот, туку бил задолжен и за целосното обновување по пожарот во 1837 година.

Архитектура

уреди

Како завршена, главна надворешна форма од архитектурата на Зимскиот дворец, со своите декорации во форма на богати малтерни статуи изработени на фронтоните на фасадите и прозорците е барокна. Надворешноста останала каква што била од владеењето на императорката Елизабета. Главните фасади, оние свртени кон плоштадот на дворецот и реката Нева, отсекогаш биле достапни и видливи за јавноста. Само страничните фасади се сокриени зад гранитните ѕидови, прикривајки градина создадена за време на владеењето на Николај II. Зградата оригинално била замислена како градска дворец а не како приватна дворец во парк како што е онаа на француските кралеви во Версај.

 
Ходникот Николај е првата соба за пречек

Архитектонската тема продолжува и во внатрешноста на дворецот. Првиот кат, воедно и основата, се одликува со прозорци повисоки од оние на спратовите над него и под него. Секој прозорец е одделен од соседниот со пиластер. Повторливата монотонија на долгата елевација е скршена само од симетријално наместени заливи, многу од нив со свои сопствени тремови. Оваа тема е земена како константа на сите наредни доградувања и реновирања на дворецот. Единствените надворешни промени се во бојата. Во различни периоди во историјата дворец е префарбувана во разлиќни нијанси. Во осумнаесеттиот век дворецот била обоена во сламово жолта боја со бели и позлатени украси. За време на владеењето на Николај I во 1837 година била обоена во едноставно црвена боја, и така останала за време на револуцијата и раниот Советски период. По реставрацијата по Втората светска војна, била обоена во зелено со бели украси, стандардна колоритна шема за Советските згради во барокниот период.

Внатрешно, дворецот изгледа како комбинација на барок и Неокласицизам. Малку од рококо внатрешниот дизајн на Растрели преживеал, само Јорданските скалила и Великата црква се задржани во своите оригинални стилови. Промените во внатрешноста се во голема мера резултат на влијанието на архитектите вработени од Екатерина Велика во последните години од нејзиниот живот, Старов и Гуаренги кои започнале да го алтернизираат поголемиот дел од внатрешноста на дворецот која што била дизајнирана од Растрели. Екатерина отсекогаш ја сакала најновата мода, и за време на нејзиното владеење по драстични неокласични влијанија, кои биле модерни во Западна Европа при крајот на 1760 година, бавно почнале да ползат кон Санкт Петербург. Неокласичните ентериери биле дополнително нагласени и проширени за време на владеењето на внукот на Екатерина, Николај I.

Заслугата паѓа на Куаренги за воведување на Неокласичниот стил во Санкт Петербург. Неговото дело, заедно со она на Карл Иванович Роси и Аугуст де Монтферанд, постепено го трансформирале Санкт Петербург во “Град Империја”. Монтферанд не само што ги создал некои од најпознатите интериери на дворецот, но исто така е одгооврен за издигнувањето на колоната на Александар за време на владеењето на Николај I во ново дизајнираниот плоштад на дворецот на Роси.

Ентериер

уреди

Се вели дека Зимскиот дворец содржи 1500 соби, 1786 врати и 1945 прозори. Главната фасада е долга 150 метри и висока 30 метри. Приземјето содржи главно бирократски и домашни канцеларии, додека вториот кат бил предаден како апартмани за високи дворјани и високи офицери. Главните соби и одаи за живеење на Царското семејство се на приземјето или главната основа. Големите државни соби користени од страна на судот се наредени во две групи од врвот на Јорданските скалила. Оригиналниот барокен апартман на царицата Елизабета која води кон запад е свртена со лице кон Нева, е комплетно редизајнирана во 1790-93 година од Гјакомо Куаренги. Тој ја трансформирал оригиналната група од пет главни соби во апартмани од три големи хали, украсени со мермерни столбови и статуи.

Вториот пакет на државни соби кои водат на југ кон Великата црква е создаден за Екатерина Втора. Помеѓу 1787-95 година, Куаренги додаде ново источно крило на овој пакет кое ги содржи големата престолна соба, позната како Сала Св. Ѓорѓи, која ги поврзува Зимниот дворец со помалку формалната дворец на Екатерина, Ермитаж веднаш до него. Овој пакет е променет во 1820 година кога Воената галерија е создадена од серија мали соби, за да се прослави поразот на Наполеон. Оваа галерија која била замислена од Александар I, дизајнирана од Карло Роси и е изградена помеѓу јуни и ноември 1826 година под Николај I, инаугурирана на 25 октомври 1826 година. За галеријата во 1812 година, Царот овластува 332 портрети од генералите кои учествулае во поразот на Франција. Уметник бил Бритон Џорџ Доу, кој бил асистиран од Александар Повлаков и Вилхелм Голике. Николас први е исто така одговорен за создавањето на Галеријата на битките, која го зафаќа централниот дел од фасадата на Палатниот плоштад. Тие биле редизајнирани од Александар Бриулов во чест на руските победи пред 1812 година. Интересно веднаш до овие со галерии кои го слават поразот на Франција, се наоѓаат собите во кои Максимилијан, војводата од Лукштенберг, синот на Наполеон и зет на царот живеел во почетните денови од бракот.

Пожарот во 1837

уреди

Во 1833 година де Монтферанд бил најмен за да ги обнови источните соби, да ја создаде салата Фиелд Маршал и собата Малиот престол. Во 1837 година избувнало пожар. Причината не е позната, но вината за неговото ширење е префрлена на де Мондферанд. Архитектот бил принуден од страна на царот предвремено да ја заврши па затоа користел дрвени материјали на места каде што било по погодно да се користи камен. Исто така помеѓу набрзина изградените дрвени ѕидови биле скриени неупотребуваните камини, нивните оџаци споени со тесните излези за вентилација делувале како цевки за оганот овозмозувајќи му да се движи незабележан меѓу ѕидовите од соба во соба сè додека не било премногу касно и не можел да биде спречен.

 
Пожар во Зимскиот замок од Борис Грин

Откога бил востановен, пожарот продолжил да се шири, но се ширел доволно бавно па затоа чуварите успеале да спасат многу содржни материјали, фрлајќи ги на снегот во дворецот на дворецот. Ова не значело мал подвиг кога ќе се земе предвид дека богатствата на Зимскиот дворец биле тешки мебели и кревки украси наместо лесни слики. За да создаде линија за запирање на оганот царот наредил да се уништат трите прелази кои водат во Ермитаж, среќен акт кој ја спасил зградата и огромната колекција на уметнички дела. Рускиот поет Василиј Жуковски го видел пожарот со сопствени очи -“огромен оган кој достигнувал до небото“. Огнот горел неколку дена, и уништил поголем дел од ентериерот на Зимскиот дворец.

Навидум игнорирајќи ја големината на дворецот, царот наредил обновувањето да биде завршено за 1 година. Маркиз де Кустин ги опишал „невидените напори“ кои биле потребни за да се направи тоа.

При реконструкцијата на дворецот била искористена најновата техника за градење во индустриската ера. Покривот бил поддржан од метална рамка, а таваните во големите сали биле поддржувани од метални греди. По огнот, екстериерот, повеќето од главните дрзавни апартмани, Јорданските скалила и Великата црква биле обновени во нивниот оригинален дизајн и декорација од страна на архитектот Василиј Стасов. Некои од собите како што е втората по големина соба во Зимскиот дворец била многу повеќе накитена. Помалите соби во дворецот биле украсени во разни стилови од 19 век од страна на Александар Бруилов, а неговиот стил варира од Готски до Рококо.

Царевниот будоар во приватните царски апартмани, била верна репродукција на рококо стилот, кој Екатерина II и нејзиниот архитект започнале да го отстрануваат од дворецот пред помалку од 50 години. Една од најзабележителните соби била создадена како резултат на огнот, повторната изградба на собата Јаспер. Царот лично, покрај сите големи нешта кои биле изградени во дворецот тој најмногу ја сакал едноставноста. Неговата спална во дворецот била спартанска, без украси, само со сеф за мапи и икона, исто така спиел на обичен камперски кревет покриен со сламен душек.

Употреба на дворецот

уреди
 
Ходник Амориал

Со државните соби кои ги окупирале северното и источното крило на дворецот, и приватните соби кои го окупираат западното крило, четирите агли на зградата се содржале од помали соби кои биле апартмани на помалкуте членови на Царската фамилија, најчесто распоредени на 2 спрата. Ова е една од причините зошто дворецот може да изгледа збунувачки со нејзиниот асортиман од големи сали или салони без некоја посебна причина распоредени на чудни места низ дворецот. Меѓутоа во контекст на тоа Малтерната соба била приемна соба за апартманот на Царицата додека Златната соба била приемна соба за апартманот на нејзината снаа, земајќи го предвид ова, распоредот на собите има повеќе смисла.

Како официјален дом на Руските цареви, дворецот е поставена за шести забави. Трпезариската маса собирала 1000 гости додека државните соби собирале и до 10 000 гости во стоечка положба. Овие соби биле загревани до толку висока температура што иако надвор било под нулата, внатре цветале тропски растенија и брилијантното осветлување правело летен амбиент.

Гостите на церемонијалните и државните случувања следеле предодредена маршута, престигајќи во дворецот низ централната арка на јужната страна, потоа влегувајќи во дворецот низ државниот влез (понекогаш и именуван како амбасадорскиот влез). Потоа продолжувале низ Јордановата сала пред искачување на Јордановите скалила именувани по Богојавление Водици, тоа е еден од неколкуте делови од дворецот кои го задржале својот оригинален рококо стил од 18 век, иако масивните сиви гранитни столбови се додадени во средината на 19 век.

 
Големата црква на дворецот, денес е во оригиналната рокококо декорација

Една од најважните соби е Големата црква на дворецот. Доделена со статус на катедрала, била од огромна религиозна значајност дури и поголема од капелите во повеќето Европски царски палати. Точно овде се одржувале свадбите на Романов, со цврста и непроменлива традиција и протокол. Дури и фустанот на невестата, и начинот на пристапување бил диктиран од традицијата. Облечена од царицата, невестата и нејзината поворка поминувале низ Малтерната соба преку повеќето државни соби и се упатувале кон црквата.

Членовите на царската фамилија не биле единствените жители во дворецот, под металните рамки во таваните живееле армија слуги. Толку големи биле одајите на слугите што поранешен слуга се вселил во собите на таванот. Бил откриен поради мирисот на кравата која ја прешверцувале со себе за да им дава млеко. Изгледа дека оваа не била единствената крава која живеела на таванот, во собата на главната слугинка исто така имало крава која била чувана за свежо млеко. Оваа традиција прекинала по пожарот во 1837 година.

Кралскиот музеј Ермитаж

уреди
 
Новиот Ермитаж

По смртта на Екатерина Велика, Ермитаж станал приватна куќа за богатства на царевите, кои продолжиле да колекционираат но не по стапките на Екатерина Велика. Во 1850 година колекцијата на Кристофоро Баринго била примена. Оваа колекција била донесена во дворецот од Венеција од страна на Тицијан заедно со многу други уметнички дела од ренесансата.

Николај I, свесен за големите уметнички галерии во другите европски главни градови, забележал дека онаа на Екатерина Велика во Ермитаж била значително проширена во намерно трансформирана јавна галерија. Во 1839 година германскиот архитект Лео вон Клензе ги изготвил плановите а нивното извршување било надгледувано од Василиј Стасов, со помош на Николај Јефимов. Со оглед на тоа дека имало вклучено толку многу архитекти неизбежни биле конфликтите во врска со дизајнот и изведбата во текот на 1840 година, а царот морал целовремено да делува како модератор. Конечно, по единаесет години градење и архитектонски конфликт, првиот Музеј на уметноста во Русија, Царскиот музеј Ермитаж, свечено бил отворен на 5 февруари 1852 година. Трибидните фасади на зградата биле инспирирани од Шинкелесковата архитектура. По наредба на царот, посетителите на музејот морале да носат вечерни свечени фустани дури и наутро. Царот исто така наметнал дека сивите капи биле “еврејски” а капутите “револуционерни”. Откако бил донесен кодексот на облекување, она што јавноста го видела бил огромен спектар на уметност, но само дел од царската колекција, затоа што Зимксата дворец така и другите царски палати останале затворени за пошироката јавност.

Последните цареви (1855-1905)

уреди
 
Александар II фотографиран во неговата канцеларија(24) во Зимскиот дворец

Зимскиот дворец претставувала официјална резиденција на руското советство од 1732 година па сè до 1914 година, како и да е тоа бил нивен дом за малку повеќе од 140 од времето на тие години. Последниот цар кој всушност претстојувал во дворецот бил Александар II, кој владеел од 1855 до 1881 година, кога бил и убиен. Во текот на неговото владеење се додаваат и други работи, достигнувања кои ја вклучуваат старата и археолошка колекција на несреќникот Маркиз ди Кавели во 1861 година и делото на Леонардо да Винчи Мадона и нејзиното дете во 1865 година. Второто дело на Леонардо е од истото име и исто така се нарекува Benois Madonna кој подоцна бил откриен во 1914 година.

Александар II бил постојана мета за обиди за убиство, едно од кое се случило навистина внатре во Зимскиот дворец. Овој обид за убиство бил организиран од страна на една група позната како Народна волја (Волјата на народот) и била предводена од страна на Андреј Зелјабол, и неговата љубовница Софија Петровскаја, која подоцна станала негова жена. Петровскаја, ќерката на поранешниот гувернер на Сенкт Петербург, била добро поставена да научи информации кои се однесувале на случувањата во дворецот и преку нејзините врски сите залихи биле изнесени од подрумот на дворецот. Еден од групите, талентиран столар, бил вмешан како еден од вработените во дворецот. Секој ден носел динамити кои ги вметнувал мегу своите алатки, и ги местел во приватната соба за вечерање. Големи биле количините кои се внесувале и фактот дека таму постоело многу цврст под помеѓу трпезаријата и подрумот што тоа не било од големо значење. Плановите биле да се детонира бомба на вечерта на 17 февруари 1880 година, да се убијат царот и имериската фамилија додека тие вечераат. За нивна среќа, гостин кој пристигнал од Берлин ја одложило вечерата. Во моментот кога фамилијата ја напуштила собата тогаш бомбата експлодирала. Таа била толку голема експлозија што можела да се слушне низ цел Санкт Петербург. Собата за вечери била толку многу уништена што 11 членови од Финската Гардата биле мртви и имало и 30 ранети.

 
Николај II и царицата

Во 1881 година, револуционерите конечно биле успешни и Александар II бил убиен во неговата кочија возејќи се по улиците на Санкт Петербург. Во Зимскиот дворец никогаш никој повеќе не престојувал. Новиот цар Александар III бил информиран во врска со неговата сигурност и му било кажано дека веќе не е безбедно да се престојува таму. Империската фамилија подоцна се преселила на подалечно мсто во Дворецот на Гатчина, околу 40 милји (64км) оддалечена од Санкт Петербург. За разлика од Зимскиот дворец, со 600 соби, оваа дворец сместена меѓу шуми, била прекрасен дом за живеење. Додека во Сенкт Петербург, Империската фамилија живеела во дворецот Анишков, Зимскиот дворец била користена за официјални функции. Големи економии биле створени за храна и вино. Царот бил многу заинтересиран за тогашните трговии и трошоци на дворецот, инсистирајќи масите да не се менуваат дневно и свеќите и лажиците да не се заменуваат сè додека не се потрошат целосно. Дури и бројот на јајцата кои биле користени во омлети бил намален. Додека царот се занимавал во врска со економијата поврзана со куќните трошоци, и исто така ги додал на Империската уметничка колекција од двете палати и Испосништвото. Официјално, Испоснишкиот музеј има годишно купување од 5000 рубии, но ова се покажа како недоволно и самиот цар самиот донесувал предмети во музејот.

Царицата Марија Фјодоровна, жената на Александар III увидела дека имало градина надвор во центарот на главниот дворец во 1885 година, простор кој претходно бил калдрмисуван и богат со бујна вегетација. Архитектот во дворецот Николај Горностајев дизајнирал градина која била заобиколена со гранитно подножје и фонтана, и засеани дрвја во дворецот, лежечки варовни тротоари долж ѕидовите на дворецот. Во 1894 година, Александар III бил наследен од страна на неговиот син Николај II. Последниот цар суспендирал тужба за дворецот за неговиот татко за да се ожени со неговата жена Аликс од Хесен со богата церемонија во Зимскиот дворец. Како и да е, по церемонијата, младоженците живееле во дворецот Аничков, заедно со царицата од Довагер. Таму го започнаа својот брачен живот во шест мали соби.

Во 1895 година, Николај и Александра се сместиле во дворецот Александар во селото Царкосе. Ова бил нивниот омилен дом во спомен на нивното владеење. Како и да е, од декември 1895 година, престојувале некој период во текот на зимата во Зимскиот дворец. Архитектот Александар Красовски бил назначен да го обнови изгледот на собите во северозападниот дел на дворецот, вклучувајќи ја и Готската библиотека.

Во 1896 година на царицата ѝ било довзолено да направи друга градина (35) на поранешниот параден терен, помеѓу прозорците на приватните апартмани на царското семејство. Таа сметала дека не е упатно јавноста да зјапа во нејзините прозорци. Градината била дизајнирана од страна на архитектот Џорџ Купхарт, творецот на градските градини и паркови во Рига. Ова е единствената од двете градини кои денес се останати во дворецот.

Во времето на владеењето на Николај II, животот во дворецот станал потивок од било кога и тоа се должело на повлекувањето (пензионирањето) на царицата и нејзината недоверба во високото општество на Санкт. Петербург. Нејзиното мислење било следното: Санкт Петербург е изгниен град, со ниту еден атом од Русија.

59°56′25″N 30°18′50″E / 59.9404° СГШ; 30.3139° ИГД / 59.9404; 30.3139