Лопушник
планина која е јужен огранок на планината Бистра, Македонија
Лопушник — планина која е јужен огранок на планината Бистра.[1] Географски, огранокот се дели на Горни и Долни. Целата месност е пониска од околните врвови на Бистра и е со густа букова шума. Највисока точка е врвот Стог со надморска височина од 1.754 метри.
Лопушник | |
планина | |
Регион | Македонија |
---|---|
Се граничи со | Бистра |
Највисока точка | Стог |
- височина | 1.754 м |
Во македонската историја планината е позната по тоа што на овие падини во НОБ одредено време престојувал Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во редовите на партизаните на Лопушник бил и Кочо Рацин, кој тука и загинал. Тука се наоѓа и неговото прво почивалиште, каде секоја година традиционално се одбележува годишнината од неговата смрт.[2]
Галерија
уреди-
Споменик на Кочо Рацин на врвот Стог
-
Спомен плоча на Кочо Рацин на локацијата каде што бил застрелан
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Годишен зборник: Географски институт (15 и 16. изд.). УКИМ Географски институт. 1966.
- ↑ „Пред гробот на Рацин на Лопушник се поклонија стотици почитувачи на неговиот лик и дело“. Лисица. Посетено на 2010-10-05.[мртва врска]
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |