Ликовен музеј

здание или простор во кој се изложуваат уметнички дела
(Пренасочено од Уметничка галерија)

Ликовен музеј (понекогаш: ликовна галерија или уметничка галерија) — музејски простор во кој се изложуваат уметнички дела, главно слики, илустрации и скулптури. Овој простор исто така може да се користи и како продажно место за уметнички дела.

Националната уметничка галерија во Вашигтон, САД
Музејот Лувр во Париз
Музејот Ермитаж во Санкт Петербург

Ваквиот музеј се смета за релативно нова институција; првиот ваков музеј е Лувр во Париз, основан во 1793 г., накратко по Француската револуција кога кралската ризница била прогласена за народна. Тука се гледаат почетоците на преселбата на уметничките збирки од приватниот домен на аристократијата и богатите во јавната сфера, каде што служеле за културна наобразба на масите.

Генерално, изразот уметничка галерија значи згради или места посветени на изложување и/или продажба на уметнички дела, иако големите простории во музеите каде што делата се изложуваат јавно можат исто така што се наречат галерии. На пример просторијата посветена на староегипетска уметност често се нарекува Египетска галерија.

Најголемиот дел од градовите во светот имаат вакви музеи, а поголемите градови пак, два или повеќе. Тие исто можат да се најдат и во помали гратчиња и села во прилично оддалечени краишта каде што уметниците се собирале. Примери за такви галерии се уметничката колонија во Таос, Ново Мексико и Сент Ајвс, Корнвол.

Иако нивната основна задача е да обезебдат простор за изложба на уметнички дела, уметничките галерии можат да организираат и други културни настани како концерти или поетски читања. Наспроти тоа, некои уметнички дела не се изложуваат во галерии и никогаш не би можеле да бидат заради нивниот облик. Иконостаси, на пример, ретко се изложуваат во галерии, а фреските остануваат каде што се, со ретки исклучоци. Разни облици на уметност од XX век како земјана уметност и изведбена уметност, исто така постојат вон галерии и затоа само Фотографски записи од ваквите дела се изложуваат во уметнички галерии, а не самите дела.

Нешто слично на уметничка галерија е скулптурната градина (или скулптурен парк), каде се изложуваат вајарски дела на отворено. Ваквото изложување е доста популарно денес, не само на постојани туку и на привремени скулптури направени по повод на некој настан.

Архитектура

уреди
 
Музејот „Гугенхајм“ во Билбао

Архитектонскиот облик на уметничката галерија е основан за првпат од страна на Сер Џон Соун со неговиот дизајн за Далвичката ликовна галерија во 1817 год. Притоа галеријата се состоела од неколку соби кои се надоврзуваат една на друга со прилично непрекинати ѕидови за закачување на слики и индиректно осветлување со светларници или лустери.

Европа и Америка доживеала бум во градењето на уметнички галерии во доцниот XIX век, како основен културен елемент на еден поголем град. Уметничките галерии се граделе покрај музеи и јазни библиотеки како дел од големата акција за описменување и образување на народот. Во доцниот XX век пак, сувопарното и старомодно гледиште на ликовните музеи било заменето со архитектонски смели галерии, кои често се меѓународни одредишта за туристи самите за себе. Првиот пример за такво архитектонско одбележје е музејот Гугенхајм во Њујорк од архитектот Френк Лојд Рајт. Некои поскорешни добри примери се: музејот Гугенхајм Билбао од архитектот Френк Гери редизајнот на музејот на современа уметност Сан Франциско од страна на Марио Бота. Некои критичари велат дека овие галерии се себепоразителни заради тоа што нивните екстравагантни ентериери им го одвраќаат вниманието на набљудувачите на уметничките дела во нив.

Истакнати уметнички галерии

уреди
 
Државниот музеј во Амстердам
 
Слики во музејот „Ермитаж“ во Санкт Петербург

Поврзано

уреди