Гордана Јовиќ-Стојковска
Гордана Јовиќ - Стојковска — романописец, раскажувач, поетеса, преведувач и книжевен критичар, создава на српски и македонски јазик.
Гордана Јовиќ - Стојковска | |
---|---|
Занимање | писател |
Националност | Србинка |
Државјанство | македонско и српско |
Образование | Филозофски факултет |
Апсолвент на | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
Период | 1988-денес |
Предмет | проза и поезија |
Книжевно движење | современа македонска книжевност |
Биографија и почетоци
уредиГордана Јовиќ - Стојковска е родена 1961 во Грделица[1], Србија, каде што го има завршено основно и средно образование. Во Скопје доаѓа да живее по запишување на студии на Биолошки факултет, но својата родна Грделица ја носи во себе како огромна инспирација која што е присутна во речиси сите нејзини романи и како дескриптивен мотив, но и како плодна почва за создавање на чудесни ликови со судбини на луѓе кои едноставно не можат и не посакуваат да се разделат од своите корења.
Гордана Јовиќ - Стојковска живее и работи во Скопје. Книжевната кариера ја започнала уште од рани младешки денови објавувајќи во списанијата за култура и млади во тогашната Југославија. По одлуката да живее во Скопје го изучува македонскиот јазик, на којшто ја објавува својата прва книга Noctambulissmus (Северно талкање) која што е објавена како награден ракопис на тогаш југословенскиот конкурс за дебитантска книга при Книжевниот клуб Куманово. Со оваа поетска книга Гордана Јовиќ - Стојковска добива награда Млада Струга 1989. Од крајот на истата година раководи со Книжевна младина на Македонија како Претседател. Во неа во периодот до 2002 година промовира и објавува голем број дебитантски книги на сега афирмирани млади писатели, воспоставува контакт и соработка со врвни автори од Бугарија, Кипар, Турција, Русија и одржува континуирана соработка со писателите од просторот на дотогашната Југославија. Во периодот од 1990 до 1994 Јовиќ - Стојковска работи во МРТВ како сценарист, каде што реализира детски ТВ драми и серии, меѓу кои се издвојуваат првиот детски игран филм во Македонија на турски јазик „Споменар“ и серијалот „Децата на Македонија“. Активно се занимава со книжевна критика и афирмација на српската книжевност во Македонија и обратно, а во тоа време ја промовира и современата македонска книжевност во Бугарија на Книжевните колонии во Несебар и на Филолошкиот Факултет во Софија, каде во организација на др Константин Оруш учествува во Курсот по македонска книжевност. Преку програмата Исток - Исток при Отворено општество Македонија, организира конференции од областа на културна идентификација на кои учествуваат претставници на речи си сите земји од Југоисточна Европа. Учествува во организација на речиси сите важни книжевни манифестации и соработува со голем број списанија, меѓународни редакции и др. По престанок на буџетско финансирање на Книжевна младина на Македонија, Јовиќ - Стојковска работи извесен период како самостоен писател, потоа како уредник на списанието МАГ, а во 2009 година го формира Центарот за издаваштво и промоција на автори и дела Слово љубве - букви букс во Скопје.
Дела
уреди- Noctambulissmus – поезија, Куманово1988;
- Помеѓу – поезија, Студентски збор, Скопје 1990;
- Сонкобија –раскази, Студентски збор, Скопје 1991;
- … - фрагментарни роман, Култура, Скопје 1994;
- Боја на безвремето – роман, Штрк, Скопје1996;
- Мостување – поема, Нушиќ, Скопје1999, превод на англиски [2];
- Последниот таласон – роман, Три, Скопје2003;
- Тајна на тринаесеттиот знак – роман, Три, Скопје 2006;
- Очи пуне чипке – роман, УСЗМ, Скопје 2008;
- Ѕидање на сонцето - роман, 2011.
- Речник на јужнословенска митологија, Три, Скопје 2004;
- Српско -македонскиот речник, Слово љубве, Скопје, 2014;
- Дан када смо појели бога, роман, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2021;
Сите нејзини романи се објавени на српски и македонски јазик, нејзините дела се преведени на повеќе светски јазици, застапени се во повеќе антологии. За својот книжевен опус Јовиќ - Стојковска има добиено повеќе значајни награди меѓу кои: Млада Струга, Златната значка на Културно просветна заедница на Србија и Сесловенското признание – Белорусија.
Преведувачка дејност
уредиВо нејзината библиографија се истакнуваат и преводи на најистакнатите современи книжевни автори од српски јазик, меѓу кои:
- Псевдо –Гојко Челебиќ, роман, Штрк, Скопје, 1997;
- Чаршиски муабети –Раде Јовиќ, поезија, КММ , Скопје, 2000;
- Куќа на мртвите мириси –Вида Огњеновиќ, роман, Три, Скопје,2004;
- Ситничарница “Кај среќната рака” –Горан Петровиќ, роман, УСЗМ, Скопје, 2007;
- Прсти на лудите очи - Рајко Васиќ, роман Слово љубве, Скопје, 2011 и др.
И од македонски на српски:
- Макета – антологија на македонски расказ, од Катица Ќулавкова
- Вештица (роман) - Венко Андоновски
- Бајазит и Оливера (роман) - Драги Михајловски
- С друге стране (раскази)- Фросина Стојковска и др.
Други активности
уредиЧлен е на Друштво на писателите на Македонија, член е на Удружење књижевника Србије, член е на Матица Српска, на Средоземната академија на писателите (Орден на средоземните трубадури) и др. Член е и на повеќе меѓународни книжевни и културолошки асоцијации и редакции. Гордана Јовиќ - Стојковска е претседател на Српска заедница во Македонија од 2010 година. Иницијатор е и еден од раководителите на културно образовниот проект „Даница“ преку кој го иницира покренување на списанието за деца и млади со исто име, како и други проекти за зачувување на културниот и јазичниот идентитет на српскиот народ во Македонија.[3]
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр.246.
- ↑ http://mujweb.cz/apejcinova/Translation/abridging.htm
- ↑ http://www.rts.rs/page/radio/ci/story/27/%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BE+%D0%91%D0%B5%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4+1/1815848/%D0%92%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%81+%D0%B7%D0%B0%D1%98%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE.html гостување во радио-телевизија Србија
Надворешни врски
уреди„Гордана Јовиќ-Стојковска“ на Ризницата ? |
- Интервју Архивирано на 4 март 2016 г.
- Официјална страница на Фејсбук