Бер
Бер (грчки: Βέροια, турски: Karaferye) — град во централниот дел на Егејска Македонија, денешна Грција. Градот се наоѓа 511 километри северо-северозападно од главниот град Атина и 73 километри југозападно од Солун, во југоисточното подножје на Каракамен. Бер е главен град на округот Иматија и истоимената Општина Бер.
Бер Βέροια | ||
---|---|---|
Панорама од градот | ||
| ||
Земја | Грција | |
Област | Централна Македонија | |
Округ | Иматија | |
Управа | ||
• Градоначалник | Константинос Воргијазидис | |
Површина | ||
• Општина | 796,5 км2 (3,075 ми2) | |
• Општ. един. | 359,1 км2 (1,386 ми2) | |
Надм. вис. | 128 м | |
Население (2011)[1] | ||
• Општ. | 66.547 | |
• Општ. густина | 8,4/км2 (22/ми2) | |
• Општ. един. | 48.306 | |
• Општ. един. густина | 13/км2 (35/ми2) | |
Час. појас | EET (UTC+2) | |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
Пошт. бр. | 591 31, 591 32 | |
Повик. бр. | 2331 | |
Рег. таб. | ΗΜ | |
Мреж. место | www.veria.gr |
Според археолошките истражувања, како и според грчките археолошки стандарди, градот е стар, кој првпат се споменува во делата на Тукидид во 432 п.н.е. Постојат докази дека бил населен уште во 1.000 година п.н.е.[2] Градот имал стекнато значење во времето на Античка Македонија, каде што бил вториот по големина град по важност, веднаш после главниот град Пела. Неговата важност продолжила и во времето на Римското Царство. Во градот проповедал Апостол Павле, а неговите жители биле меѓу првите христијани во царството. Подоцна, во времето на Византија и Отоманското Царство, градот станал центар на грчката култура и учење. Денес градот претставува комерцијален центар на Централна Македонија и седиште на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.
Археолошкото наоѓалиште Кутлеш (главен град на Македонија) е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО и се наоѓа на 12 километри југоисточно од центарот на градот Бер.
Историја
уредиКласичен период
уредиГрадот е именуван според неговиот митски творец Верон или неговата ќерка Верита. Верија уживала голем просперитет под царевите на Аргеадите (чиј најпознат член бил Александар Велики), станувајќи втор најважен град по Пела. Градот го достигнал врвот на својата слава и влијание во хеленистичкиот период, за време на владеењето на династијата Антигониди. Во тоа време, Бер станал седиште на воено-политичкиот сојуз на Македонската лига (Κοινόν Μακεδόνων). Освен тоа, во градот биле изработувани и издавани сопствени монети и се одржувале спортските игри Александреија, во чест на Александар Велики, каде учество земале спортисти од цела Македонија и Грција.
Бер бил вклучен во составот на Римското Царство во 168 п.н.е. За време на Римското Царство Бер станал место на обожување на Римјаните. Диоклецијан градот го направил како еден од двата главни града на римската провинција Македонија. Во градот имало еврејска населба каде што Апостол Павле по напуштањето на Солун, и неговиот придружник Апостол Сила го проповедале пред еврејската и грчката заедница христијанството во 50/51 или 54/55 година. Библиски цитат:
... А браќата веднаш преку ноќта ги упатија кон Берија, Павла и Сила, кои кога пристигнаа, отидоа во јудејската синагога. Овие беа поблагородни од солуњаните: тие го примија словото со голема усрдност и секој ден го испитуваа Писмото, дали е тоа така. И мнозина од нив поверуваа – и почитувани жени Елинки, а и од мажите не малку. Но солунските Јудејци, штом узнаа дека Павле и таму го проповеда словото Божјо, дојдоа и таму за да го возбудуваат и возмутуваат народот. Тогаш браќата го испратија Павла да оди кон морето, а Сила и Тимотеј останаа таму. Оние, што го придружуваа Павла, го одведоа во Атина и, откако добија од него заповед за Сила и Тимотеја, за да дојдат и тие поскоро при него, си отидоа...[3]
Византиски период
уредиВо времето на Византија, градот бил познат како Бероеја. Градот продолжил да расте и бргу да напредува. Во градот бил развиен и образовниот систем, станувајќи центар на средновековното византиско образование. Во текот на византискиот период во градот биле изградени неколку христијански цркви, додека градот бил седиште на епархија.
Пет епископи се појавуваат во документите како учесници на христијанските собори, и тоа:
- Геронтија, кој учествувал на соборот во Сердика
- Лука, кој учествувал на соборот во Ефес
- Севастијан, кој учествувал на Четвртиот вселенски собор
- Тимотеј, кој учествувал на Четвртиот цариградски собор
- Јосиф, кој учествувал на Четвртиот цариградски собор[4][5]
Византискиот цар Михаил VIII Палеолог ја подигнал локалната архиепископија по 1261 година на ранг на ранг на митрополија.[6]. Бер денес е наведен од страна на Католичката црква како викарна епископија[7].
Во 7 век словенското племе Драговити упаднале во низините под градот, а кон крајот на 8 век царицата Ирина го обновил и го проширил градот, нарекувајќи го Иренополис (грчки: Ειρηνούπολις) според самата царица, иако некои извори градот Бер-Иренополис сметаат дека овој град бил источно од денешниот, кон Тракија.[6].
Градот бил вклучен во составот на Првото Бугарско Царство кон крајот на 9 век. Во 11 век, грчкиот епископ Теофилакт Охридски напишал за кратката доманација на Бугарите во градот и дека царот Борис I изградил една од своите девет катедрални цркви во тој град и определил како една од најубавите бугарски цркви[8]. Во Escorial Taktikon градот се споменува како седипште на стратег во 975 година, кое означува дека бил главен град на една тема во 11 век.[6]. Градот Бер бил освоен од страна на цар Самоил и вклучен во рамките на неговото царство кон крајот на 10 век, но византискиот цар Василиј II успеал да го врати градот во 1001 година откако управителот на градот, Добромир, го предал без борба и поминал на страната на Византија[9].
Градот не се споменува повторно до крајот на 12 век, кога бил накратко освоен од страна на Норманите (1185) за време на нивната инвазија на Византија[6]. После Четврта крстоносна војна (1204), накратко градот станал дел од Солунско Кралство, до 1224 година, кога бил освоен од страна на Епирското Деспотство. Во 1246 година бил освоен од страна на никејскиот цар Јован III Дука Ватац, а по 1261 година градот бил вклучен повторно во територијата на обновена Византија[6].
Во текот на 14 век, градот повторно бил освојуван на неколкупати. Така, во 1343-1344 година бил освоен од страна на српскиот цар Стефан Душан. Во 1350 година Византија го вратила градот во времето на Јован VI Кантакузин, па Радослав Хлапен повторно го освоил по 1358 година. Со распаѓањето на Српското Царство градот повторно станал дел од Византија во околу 1375 година, но потоа започнала нова закана од страна на Отоманците. Така на неколкупати бил освојуван во следните децении за да по 1430 година биде вклучен во составот на Отоманското Царство.[6]
Отомански период
уредиОсманлиите градот го нарекувале Караферје („Црн Бер“) поради неговата карактеристична утринска магла во текот на влажните зимски сезони[10]. Постои предание според кое децата на селџучкиот султан Кајкавус II претходно се населиле во Бер и дека еден од неговите потомци го примил христијанството, објаснувајќи го присуството на Гагаузите во градот. Под османлиска власт, градот бил седиште на каза во рамките на Солунскиот санџак. Од 1885 година, казата вклучувала 46 села и чифлици. Евлија Челебија (XVII век) напишал дека градот е мирен, без градски ѕидини или гарнизон, со 4.000 куќи, 16 муслимански квартали, 15 христијански квартали и 2 еврејски заедници. Градот бил просперитетен центар на производство на ориз[11].
Присуството на голем број богати и образовани луѓе придонело градот да стане еден од центрите на грчкиот национализам во регионот на Македонија, а жителите на градот имале активна улога во Грчката војна за независност. Поважни воени водачи за време на востанието биле Атанасиос Сиропулос, Јоргос Сиропулос, Димитриос Колемис и Јоргос Колемис.
По крајот на војната, градот останал под османлиска власт до 1912 година и крајот на Балканските војни, кога бил вклучен во составот на Грција. Така, на 16 октомври 1912 година градот официјално бил анектиран во составот на Грција и оваа дата денеска се слави како официјален празник на градот[11].
Грчки период
уредиВо текот на Втората светска војна, градот бил под нацистичка окупација меѓу 1941 и 1944 година. Во градот делувал Национално ослободителниот фронт како движење на отпорот. Населението масовно се приклучило кон движењето и заеднички извеле неколку акции како убивање на членови на СС и запленување на нацисктички воен материјал. Градот побарал Прокопис Камбитоглу да стане градоначалник за време на окупацијата. Неговата улога во обидот за намалување на угнетувањето на Германците била наградена по војната кога добил орден за заслуги.
По крајот на војната, бројот на населението на Бер се зголемило и во голема мера се подобрил животниот стандард. 1980-тите и 1990-тите претставувале период на просперитет, со отворање на земјоделски претпријатија и задруги во плодните рамнини околу градот и нивно успешно извезување во Европа, САД и Азија. Откривањето на гробницата на Филип II Македонски во близина на археолошкото наоѓалиште Кутлеш исто така, придонело градот да стане туристичко одредиште.
Клима
уредиБер се наоѓа во југоисточното подножје на планината Каракамен (Вермио), северно од реката Бистрица.
Бер има влажна суптропска клима (според Кепенова класификација на климата), која се граничи со ладна полусува клима. Бидејќи градот е во преодна климатска зона, неговата клима покажува одлики на континентална, полусува и суптропска или средоземна клима. Летата траат од април до октомври и се топли (често исклучително топли) и суви (или благо влажни, со врнежи од дожд кои се јавуваат за време на грмотевици), и зимите кои траат од средината на октомври до март, кои се влажни и студени, но температурите остануваат позитивни. Снег обично паѓа еднаш или двапати во сезоната. Големи промени во температурата помеѓу денот и ноќта се ретки.
Климатски податоци за Бер | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 21.0 (69.8) |
24.0 (75.2) |
25.4 (77.7) |
31.0 (87.8) |
35.0 (95) |
39.0 (102.2) |
41.0 (105.8) |
42.1 (107.8) |
35.9 (96.6) |
33.5 (92.3) |
27.0 (80.6) |
25.6 (78.1) |
42.1 (107.8) |
Прос. висока °C (°F) | 9.1 (48.4) |
10.8 (51.4) |
14.5 (58.1) |
19.4 (66.9) |
25.1 (77.2) |
29.5 (85.1) |
31.3 (88.3) |
30.9 (87.6) |
27.8 (82) |
21.6 (70.9) |
14.3 (57.7) |
10.1 (50.2) |
20.4 (68.7) |
Сред. дневна °C (°F) | 4.6 (40.3) |
5.9 (42.6) |
9.4 (48.9) |
14.1 (57.4) |
19.6 (67.3) |
24.1 (75.4) |
25.7 (78.3) |
24.7 (76.5) |
21.1 (70) |
15.6 (60.1) |
9.5 (49.1) |
5.7 (42.3) |
15 (59.02) |
Прос. ниска °C (°F) | 0.6 (33.1) |
1.4 (34.5) |
4.4 (39.9) |
8.2 (46.8) |
12.8 (55) |
16.3 (61.3) |
18.0 (64.4) |
17.3 (63.1) |
14.1 (57.4) |
9.9 (49.8) |
5.3 (41.5) |
1.8 (35.2) |
9.2 (48.6) |
Најниска забележана °C (°F) | −12.0 (10.4) |
−11.0 (12.2) |
−4.0 (24.8) |
4.0 (39.2) |
7.7 (45.9) |
14.6 (58.3) |
14.3 (57.7) |
13.5 (56.3) |
7.1 (44.8) |
1.1 (34) |
−3 (27) |
−5 (23) |
−12 (10.4) |
Прос. врнежи мм (ин) | 44.5 (1.752) |
49.0 (1.929) |
56.4 (2.22) |
45.0 (1.772) |
42.0 (1.654) |
29.7 (1.169) |
14.1 (0.555) |
16.2 (0.638) |
16.1 (0.634) |
55.7 (2.193) |
68.1 (2.681) |
69.1 (2.72) |
505.9 (19.917) |
Прос. бр. врнежливи денови | 8.2 | 9.1 | 9.5 | 8.6 | 8.6 | 5.1 | 3.9 | 3.5 | 3.6 | 7.5 | 9.9 | 9.2 | 86.7 |
Прос. релативна влажност (%) | 76.4 | 73.0 | 73.2 | 68.3 | 64.2 | 57.9 | 57.5 | 62.8 | 66.8 | 73.1 | 77.1 | 78.2 | 69.04 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 117.1 | 120.4 | 143.8 | 190.4 | 234.9 | 295.3 | 309.6 | 290.6 | 224.9 | 162.1 | 118.3 | 109.1 | 2.316,5 |
Извор: Hellenic National Meteorological Service, National Observatory of Athens |
Демографија
уредиСпоред Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 80-тите години на XIX век градот имал 1200 семејства, од кои 50 еврејски, 30 цигански, а останатите биле половина патријаршиски и половина муслимански[12].
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 350 жители Македонци, 6.500 Турци, 2.000 Грци, 300 Власи, 500 Евреи и 850 Цигани[13][14].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија и на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бер живееле 350 македонски патријаршисти, 2000 Грци, 300 Власи и 850 Цигани[15]. Во 1906 година според патријаршиската статистика во градот имало освен другите и 320 патријаршиски Власи и 180 романски семејства Власи.[16].
Во 1910 година во Бер имало 6.200 жители патријаршисти, 5.280 муслимани и 600 евреи.[17] На пописот во 1912 година градот бил одбележан со неколку јазици и религии: јазик македонски и религија христијанска, јазик турски и религија муслиманска, влашки јазик и христијанска религија, шпански јазик и религија јудаизам, грчки јазик и христијанска религија и ромски и христијанска религија[18].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година во Бер живееле 12.812 жители. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека голем дел од муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови. Според Тодор Симовски, во Бер биле населени околу 5.000 Грци, од кои 4.686 биле бегалци по Грчко-турската војна, а голем дел биле Власи од соседните влашки села Маруша, Горно и Долно Шел, Кастања итн.
Во 1940 година во Бер живееле 16.413 жители. Градот во пописот од 1951 година броело 21.844 жители, на пописот од 1961 година, во градот живееле 25.765 жители, во 1971 година имало 29.528 жители, во 1981 година имало 37.087 жители, додека во 1991 година имало 37.858 жители[19]. Денеска, населението на Бер е 48.306 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 16.413 | 21.844 | 25.765 | 29.528 | 37.087 | 37.858 | 42.794 | 48.306 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиМодерниот град има памучни и волнени мелници а е познат и по трговија со пченица, овошје и зеленчук. На планината Каракамен е планирана изградба на една од најголемите ветерни турбини во Грција, кои ќе бидат 174 на број и ќе генерираат 614 мегавати. Инфраструктура - транспорт
Градот е поврзан со Солун од страна на железничката пруга Солун-Воден, како и до Атина и Дедеагач. Исто така градот е поврзан и преку автопатот „Егнатија“, грчкиот дел од европскиот пат Е90, со повеќе од 500 локални и национални одредишта преку КТЕЛ. Солунскиот аеродром „Македонија“ е најблискиот меѓународен аеродром, кој се наоѓа 88 км источно.
Образование
уредиВо Бер се наоѓа една од најголемите библиотеки во Грција. Првично мала еднособна библиотека со ограничени финансиски средства и материјали, со текот на времето била проширена четрикатна зграда каде денес можат да се најдат мултимедии и специјални или ретки изданија. Библиотеката соработува со повеќе меѓународни организации и е домаќин на неколку културни настани.
Култура
уредисветско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Tumulus over the tomb of Philip II of Macedon | |
Критериум | Cultural: i, iii |
Навод | 780 |
Запис | 1996 (20-ти заседание) |
Градот може да се пофали со големиот број на византиски споменици, како и пост-византиски цркви изградени од византиските фондации[6]. Најзначајните византиски споменици се црквата Св. Анастасиј (Црква на Воскресението), со свите спектакуларни фрески од 1315 година, имајќи споредба со некои од најдобрите дела на Палеолозите во Солун и Цариград[6]. Во градот некогаш имало 13 џамии, додека 8 преживеале, вклучувајќи ги џамија Хункар, Орта џамија, Мендресе џамија, и Челеби џамија. Четири други џамии, Субаши, Бајир, Јола Гелди и џамија Барбута денеска се користат како приватни резиденции. Во градот постои и амамот кој датира од османлиско време. Познатиот безистен во градот, бил изгорен во големиот пожар во 1864 година[20].
Во градот се наоѓаат и неколку музеи, како Археолошкиот музеј на Бер, Музејот на византиски Бер, Фолклорен музеј, музеј на модерната грчка историја. Исто така постои и еврејска синагога од XIX век.
Археолошкото наоѓалиште Кутлеш од страна на УНЕСКО е вклучен во списокот на светско културно наследство и се наоѓа на 12 километри југоисточно од центарот на градот.
Администрација
уредиОпштината Верија била формирана по реформата на локалната власт во 2011 година со спојување на следните 5 поранешните општини, која станале општински единици[21]:
- Апостол Павле
- Доврас
- Македонида
- Вергина
- Верија
Општината располага со површина од 796,494 км2, општинската единица со 359,146 км2.[22]
Спорт
уредиКлуб | Основање | Спорт |
---|---|---|
ФК Верија | 1960 | фудбал |
Филипос Верија | 1962 | ракомет, кошарка |
ГЕ Веријас | ракомет | |
ФК Понтиои Верија | 1984 | фудбал |
АОК Верија | 1998 | кошарка |
Збратимени градови
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ veria.gr Veria:Its history (greek) Архивирано на 6 март 2008 г. accessed June 1, 2008.
- ↑ Дела, 17:10-15
- ↑ Michel Lequien, Oriens christianus in quatuor Patriarchatus digestus, Paris 1740, Vol. II, coll. 69-74
- ↑ Raymond Janin, v. 1. Berrhée in Dictionnaire d'Histoire et de Géographie ecclésiastiques, vol. VIII, 1935, coll. 885-887
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 6,7 Gregory, Timothy E.; Ševčenko, Nancy Patterson (1991). „Berroia in Macedonia“. Во Kazhdan, Alexander (уред.). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York City: Oxford University Press. стр. 283–284. ISBN 978-0-19-504652-6.
- ↑ Папски годишник 2013 (Libreria Editrice Vaticana 2013 ISBN 978-88-209-9070-1), p. 838
- ↑ Migne, Jacques Paul. Patrologia Graeca, t. 126, col. 529.
- ↑ John Skylitzes: A Synopsis of Byzantine History, 811-1057: Translation and Notes John Wortley, Cambridge 2010, p. 326
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2017-03-07.
- ↑ 11,0 11,1 V.L. Ménage, "Karaferye", Encyclopaedia of Islam, 2nd edition, s.v.
- ↑ Σχινάς, Νικόλαος. Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886-87. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 144.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
- ↑ Επίσημα έγγραφα περί της εν Μακεδονία οδυνηρής καταστάσεως, Πατριαρχείο Τυπογραφείο, Κωνσταντινούπολις 1906. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 – 1927
- ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 – 1927
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 – 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ Marge, Anastasia I.; Matskani, Anna S. (2007). „The Ottoman architecture in the city of Veroia“ Η οθωμανική αρχιτεκτονική στην πόλη της Βέροιας. Αρχαιολογία και Τέχνες (грчки) (105): 72–78. ISSN 1108-2402.
- ↑ Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
- ↑ „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21. Посетено на 2017-03-07.
- ↑ 23,0 23,1 „Twinnings“ (PDF). Central Union of Municipalities & Communities of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-06-30. Посетено на 2013-08-25.
Надворешни врски
уредиВикипатување има туристички водич за Veria. |