Орохидрографија на Македонија

„Орохидрографиja на Македонија“ е книга на познатиот бугарски географ и политичар Васил К’нчов. Отпечатана е и издадена на бугарски јазик во пловдивската печатница „Христо Г. Данов“ во 1911 година. Издадена е посмртно од Бугарската академија на науките во Софија, под редакција на професор Анастас Иширков.

Орохидрографиja на Македонија
mini
корица на книгата
АвторВасил К’нчов
Изворен насловОрохидрография на Македония
ЗемјаБугарија
Јазикбугарски
ИздавачПечатница „Христо Г. Данов“ - Пловдив
Издадена
1911

Основна тема на книгата е орохидрографијата на Македонија, која според авторот тешко се одредува географски или административно, и се дефинира преку етнографската самоидентификација на населението. Според К’нчов, месните Бугари и Куцовласи се нарекуваат самите Македонци и околните народи ги нарекуваат така, а пак Турците, Арнаутите и Грците од Македонија - не се нарекуваат Македонци, но го користат името „Македонија“ за означување на родната земја.[а]

Почетна Страница

Белешки

  • а „Точни граници на областа Македонија не можат да се дадат, зошто таа не е затворена во некои строго определени географски предели, ниту пак административно е одделена од другите области. Само во етнографска смисла, Македонија има поопределени граници, зошто бугарското племе е населено по целата област и ретко излегува од нејзините граници. Областите на север, на запад и на југ од Македонија имаат пред сè друго население. При определувањето на границите ние ќе се раководиме главно од општото мислење на месното население и од мислењата кои ги изнесуваат највештите нови патешественици. Месните Бугари и Куцовласи, кои живеат во пределите на Македонија се нарекуваат самите Македонци и околните народи ги нарекуваат така. Турците и Арнаутите не се кажуваат Македонци, но запрашани од каде се, одговараат: од Македонија, а исто така и Грците, кои живеат во јужните области, не се нарекуваат Македонци.” Цитат од книгата „Орохидрографија на Македонија” - Васил К’нчов, Пловдив, Печатница Хр. Г. Данов, 1911 г.

Надворешни врски