Македонската лига - Пирин Планина е националноослободителна организација на македонската емиграција во Бугарија создадена по неуспешното Кресненско востание. Целта на организацијата е ослободување на Македонија од Отоманското Царство.[1]

Создавање уреди

 
Васил Дијамандиев

По иницијатива на македонската интелигенција предводена од Васил Дијамандиев и Георги А. Георгов, бил свикан еден собир во Софија на кој присуствувале 1800 активни учесници во војната против Турција. На овој собир било решено борбата да продолжи до ослободувањето на Македонија и да биде формирана Бугарско - македонска лига [1], подоцна преименувана во Македонско - бугарска лига[1], а на крајот како Македонска лига.[1] Лигата формирала управно и законодавно тело, Привремена влада на Македонија - Пирин [2] со единствено политичко и воено раководство. На чело на владата стоел главен војвода, тројца постари војводи и началник на главниот штаб. Војската била разделена на воени единици со по 180 борци, на чело со војвода.[1]

Органскиот устав на Лигата уреди

 
Георги Георгов

Привремената влада на Македонија - Пирин како највисоко законодавно тело, изработила Органски устав за државно устројство на идната самостојна македонска држава [1][3]. Органскиот устав бил изработен врз основа на Критскиот статус од 1868 година и предвидувал политичка и културна автономија за Македонија, на чело со главен губернатор.[1] Според уставот Македонија и понатаму требало да остане во рамките на империјата но како автономна единица, а македонските поданици да учествуваат во рамките на турскиот државен совет [1]. Во Органскот устав биле определени формата на управата и границите на идната македонска држава. Границите се поклопувале со трите македонски вилаети - Солунскиот, Битолскиот и Косовскиот (без Косово и Метохија) [1]. На чело на Македонија требало да стои генерален губернатор со 12 ресорни министерства, а седиштето на губернаторот и владата требало да се наоѓа во Солун [1].

Барања до големите сили уреди

  • Лигата преку рускиот дипломатски претставник Михаил А. Хитрово побарала да се оневозможат сплетките и интригите на балканските држави, околу членот 23 од Берлинскиот конгрес, и било истакнато дека лигата како единствен претставник на народот подготвила Органски устав за државо устројство на Македонија.
  • Македонската лига до лордот Фицморис, претседател на меѓународната комисија која го разгледувала таканаречениот Закон за вилаети, испратила меморандум во кој се бара самоуправа за Македонија и тоа врз основа на органскиот статус на Источна Румелија. Притоа било истакнато дека главаторите на лигата и тројца војводи формирале привремена влада и дека располагаат со оружени сили, началници на штабовите и инструктори и дека изработиле органски устав за државно устројство на Македонија. Бидејќи ставовите биле слични Привремена влада на Македонија - Единство, бугарската влада зазела непријателски став кон неа.
  • На 23 јуни 1880 година, со потпис на војводите од Пирин Планина, лигата побарала од потписниците на Берлинскиот конгрес да се заложат кај Високата порта да се спроведе членот 23, во спротивно се заканиле дека ќе кренат востание во Македонија, под паролата Македонија на Македонците.[3]

Значење на лигата уреди

Лигата се изјаснила за ослободување на Македонија и за создавање на македонска самостојна држава по пат на револуционерна борба и востание [1]. Актите на лигата ја претставуваат идејната матрица за натамошната ослободителна борба на Македонија.

Извори и белешки уреди

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  2. Името на управното тело е Привремена влада на Македонија, историчарите ја именуваат како Привремена влада на Македонија - Пирин, за да се прави јасна дистинкција помеѓу сличната Привремена влада на Македонија - Единство која во тој период егзистирала.
  3. 3,0 3,1 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-1903 година, 12, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје, 2003.

Литература уреди

  • „Македонската лига и Уставот за државно уредување од 1880 година“, Скопје, 1985.
  • Блаже Ристовски, „Историја на македонската нација“, Скопје, 1995.
  • Славко Димевски, „За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО“, Култура - Скопје, 1980.