Егнатија

автопат во Грција
За римскиот пат со вакво име, погл. Вија Егнација.

Егнатија (грчки: Εγνατία Οδός, Егнатија Одос; ознака: А2) — автопат во Грција, дел од Европскиот пат Е90. Се протега во должина од 670 км, од Игуменица на запад до грчко-турската граница кај Бахчеќој (Кипи) на исток. Овој голем изградбен зафат започнал во 1994 и конечно завршил во 2009 г. со вкупна цена на чинење од 5,93 милијарди евра.[1] Со проектот раководело претпријатието „Егнатија одос“ А.Д.

Автопат A2 shield

Автопат A2
Егнатија Одос
Εγνατία Οδός
Карта
Протегање на автопатот „Егнатија“
Информации за правецот
Дел од Е90
Должина:670 км
Поважни клучки
Од:Игуменица
До:Бахчеќој (Кипи)
Местоположба
Области:Епир, Егејска Македонија, Тракија
Патна мрежа
Автопатишта во Грција

Автопатот, инаку познат како А2, е наречен по познатиот римски пат Вија Егнација (на грч. Егнатија Одос) поради приближнот освоаѓање на нивното движње во делницата од Марица до Солун во должина од 360 км. Сепак, стариот римски пат е многу подолг (1 120 км), протегајќи се од Драч во денешна Албанија преку Солун, па сè до Цариград во денешна Турција.

Географија

уреди

Правецот минува преку планинските предели на Епир и Егејска Македонија како што се венците Пинд и Каракамен (Вермио), што претставувало голем предизвик за градителите. Автопатот има вкупно 76 тунели и 1 650 мостови, напреден систем за надзор, осветлување, сударни ублажувачи и тунелско проветрување.[2]

Автопатот ги има следниве одлики:

Покрај главниот правец, постојат и напречни патишта кои го поврзуваат со другите градови и аеродроми во Егејска Македонија. Иако е завршен во 2009 г., последниот зафат на правецот е направен во 2014 г. со изградбата на последниот мост.[3]

Населени места

уреди

Ова се сите населени места со свои излези на автопатот, наведени по возен редослед од исток кон запад:[4]

Денешните изменети (погрчени) имиња стојат во загради.[5]
Округ Излез Населено место Одредишта Се совпаѓа со
Марица
(Еврос)
ГП Бахчеќој (Кипи) - Ипсала   D110   E90 за   Турција   источен крај на А2
43 Саранли (Ардани)   ЕО51   E85 за   Бугарија,   Турција
  E90
42 Дедеагач (Александруполи) — Индустриско подрачје
  E90
41 Дедеагач (Александруполи)
  E90
40 Макри
  E90
39 Мести   ЕО2 за Шапчи (Сапес) и Мароња (Маронија)
  E90
Родопи 38 Ѓумурџина (Комотини) — Исток   ЕО2
Коридор IX за   Бугарија
  E90
37 Ѓумурџина (Комотини) — Запад   ЕО2
  E90
36 Јасиќој (Јасмос)
  E90
Скеча
(Ксанти)
35 Скеча (Ксанти) — Исток   ЕО2
  E90
34 Скеча (Ксанти) — Запад
  E90
Кавала 33 Саришабан (Хрисуполи)
  E90
32A Караџаќој (Перни)
  E90
32 Чинар (Левки)   ЕО2
  E90
31 Кавала — Исток   ЕО12 за Драма
  E90
30 Стар Чифлик (Палио)
  E90
29 Кавала — Запад
  E90
28C Правишта (Елевтеруполи)
  E90
28B Моштијан (Мустени)
  E90
28A ДедебалОрфан (Галипсос - Орфани)
  E90
Сер
(Серес)
28 Струма (Стримонас)   ЕО2   ЕО59 за Сер (Серес), Драма
  E90
Солун
(Тесалоники)
27 Аспровалта
  E90
26 Рендина
  E90
25A Чали (Нимфопетра)
  E90
25 Клисели (Профитис)   ЕО2
  E90
24 Лагадина (Лагадас)   A25   E79 за Сер (Серес),   Бугарија
  E90
23B Дервент
  E90
23A Старечки Дом (Гирокомио) кај Кучкар (Галини)
  E90
23/K4 Лембет (Евкарпија)   A24 за Солун (Тесалоники), Нова Мудања (Неја Мудања)
  E90
22/K2 Додулари (Дијавата)   ЕО2   E86 за Пазар/Ениџе Вардар (Јаница), Воден (Едеса)
  E90
21/K1 Гаскарка (Калохори)   ЕО1β
  E90
20 Текелиево (Синдос) — Југ
  E90
20A Кулакија (Халастра)
  E90
19 Вардар (Аксиос)   A1   E75 за   Македонија
  E90
18 Нов Малград (Неја Малгара)
  E90   E75
Иматија 17 Клиди   A1   E75 за Атина
  E90
16 Гида (Александрија)
  E90
15 Колура (Кулура)
  E90
Меч (Меси) за Негуш (Науса), Вртикоп (Скидра)
предвидено
14 Бер (Верија)
  E90
Кожани
(Козани)
13 Хадова (Полимилос)
  E90
12 Кожани (Козани)   A27   E65 за   Македонија
  ЕО3   E65 за Лариса
  E90
11 Коба Оваси (Каламија)   ЕО20
  E90
10 Сачишта (Сјатиста) — Исток
  E90
9A Сачишта (Сјатиста) — Запад   A29 за   Албанија
  E90
Гребен
(Гревена)
9 Гребен (Гревена) — Исток   ЕО15
  E90
8B Гребен (Гревена) — Запад   ЕО15
  E90
8A Венетик (Венетикос) кај Мавран (Мавранеи)
  E90
Кипурѓо (Кипурио)   A3
предвидено
8 Черешово (Аја Параскеви)
  E90
Јанина
(Јоанина)
7 Мечово (Мецово)   ЕО6   E92
  E90
6A Менгули (Перистери)Хрисовица
  E90   E92
6 АрахтосЗагори
  E90   E92
5A Јанинско Езеро (Памвотида)
  E90   E92
5 Јанина (Јоанина)   ЕО5   E951
  E90   E92
4A Рапчишта (Педини)   A5 за Арта, Агринио
  E90   E92
4 Црковишта (Додони)   ЕО17
  E90   E92
Теспротија 3 Сели – Тирија
  E90   E92
2 Неохори – Парамитија   ЕО18
  E90   E92
1A Клобучар (Василикос)
  E90   E92
1 ИгуменицаЛедежда (Ладохори)
  E90   E92
Игуменица — Пристаниште   E90   E92   E55
траект за Крф (Керкира),   Италија  
западен крај на A2

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Egnatia Odos. „The Construction of the Egnatia Motorway“. www.egnatia.eu. Архивирано од изворникот на 2018-08-19. Посетено на 18 August 2018.
  2. Main Road Furniture Архивирано на 20 јули 2011 г., Главна тунелска опрема Архивирано на 20 јули 2011 г. (англиски)
  3. „Ολοκληρώθηκε και τυπικά η Εγνατία Οδός“. ypodomes.com. Архивирано од изворникот на 2015-01-24. Посетено на 2021-08-12.
  4. „Aυτοκινητόδρομος (Aftokinitodromos) A2 – Eγνατια Oδóς (Egnatia Odos)“. motorways-exits.com.
  5. Напомена: Местата се наведени според нивните традиционални историски имиња во македонскиот јазик, а до нив во загради се дадени и денешните изменети (погрчени) имиња од практични причини, бидејќи како такви стојат на патните ознаки и карти. Исклучок од ова се поретките места кои не се разликуваат по име, новосоздадени доселенички населби, или пак управните единици кои не се наречени по постоечко традиционално населено место. Изворните имиња да ги пребарувате тука.

Надворешни врски

уреди