Бер (општина)
Општина Бер Δήμος Βέροιας | |
---|---|
Општинската управа во Бер
| |
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Иматија |
Гео. област: | Сланица, Урумлак |
Население: | 62 240 (2001) |
Седиште: | Бер |
Нас. места: | 44 |
Пошт. бр.: | 691 00 |
Пов. бр.: | 25310 |
Портал: | veria.gr |
Бер (грчки: Δήμος Βέροιας, Димос Вериjaс) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Бер. Општината е дел од округот Иматија.
Населени местаУреди
Општината Бер е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“.[1] со спојување на пет стари општини: Апостол Павле, Бер, Кутлеш, Добра и Македонида.
Напомена: Називите на општините „Апостол Павле“ и „Македонида“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место.
Општинска единица Апостол ПавлеУреди
Според пописот од 2001 г., општината Апостол Павле (Δήμος Αποστόλου Παύλου) со седиште во Микрогуш (Макрохори) има 8 579 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Сланица и областа Урумлак:
- Општински оддел Брањате
- село Брањате (или Брајнат; Νέα Νικομήδεια, Неја Никомидиja) (866 жители)
- Општински оддел Ѓавато
- село Ѓавато (Διαβατός, Дјаватос) (1 300 жители)
- Општински оддел Колура
- село Колура (Κουλούρα, Кулура) (1089 жители)
- Општински оддел Луковица (536 жители)
- село Нова Луковица (Νέα Λυκόγιαννη, Неја Ликојани) (414 жители) новосоздадено
- село Луковица (или Луковишта, Παλαιά Λυκόγιαννη, Палеја Ликојани) (122 жители)
- Општински оддел Микрогуш
- село Микрогуш (Μακροχώρι, Макрохори) (4 788 жители)
Општинска единица БерУреди
Според пописот од 2001 г., општината Бер има 43 683 жители и ги опфаќа градот Бер и следните општински оддели и населени места:
- Општински оддел Бер (20 176 жители)
- Општински оддел Асомата (532 жители)
- село Асамати (Ασώματα) (532 жители)
- Општински оддел Долјани (209 жители)
- село Долјани (Κουμαριά, Кумарија) (170 жители)
- село Ксироливадо (Ξηρολίβαδο) (39 жители)
- Општински оддел Долно Шел
- село Долно Шел (Κάτω Βέρμιο, Като Вермио) (260 жители)
- Општински оддел Кастанија (180 жители)
- Општински оддел Кумштица
- село Кумштица (Άμμος, Амос) (160 жители)
- Општински оддел Лужица (620 жители)
- село Лужица (Τριπόταμος, Трипотамос) (542 жители)
- село Долно Куманич (Κάτω Κομνήνειο, Като Комнинио) (33 жители) новосоздадено
- село Куманич (Κομνήνειο, Комнинио) (45 жители)
- Општински оддел Пророк Илија
- село Свети Илија (Προφήτης Ηλίας, Профитис Илијас) (61 жител) новосоздадено
- Општински оддел Рахи
- село Рахово (Ράχη, Рахи) (570 жители)
- Општински оддел Света Варвара
- село Света Варвара (Αγία Βαρβάρα, Агија Варвара) (797 жители) новосоздадено
- Општински оддел Топљани (339 жители)
Општинска единица ДобраУреди
Според пописот од 2001 г., општината Добра (Δήμος Δοβρά) со седиште во Јанчишта (Агиос Георгиос) има 5 154 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Сланица и планината Каракамен (Вермио):
- Општински оддел Јаворница
- село Јаворница (Τρίλοφο, Трилофо) (661 жител)
- Општински оддел Јанчишта
- село Јанчишта (Άγιος Γεώργιος, Агиос Георгиос) (1 682 жители)
- Општински оддел Света Марина
- село Света Марина (Αγία Μαρίνα, Агија Марина) (788 жители)
- Општински оддел Туркохор (1 314 жители)
- село Туркохор (Πατρίδα, Патрида) (1 287 жители)
- Добренски манастир (Καλή Παναγία, Кали Панагија) (27 жители)
- Општински оддел Чорново (709 жители)
Општинска единица КутлешУреди
Според пописот од 2001 г., општината Кутлеш (гр. Вергина; Δήμος Βεργίνας) со седиште во Кутлеш има 2 478 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места и 1 манастир во областа Урумлак:
- Општински оддел Кутлеш
- село Кутлеш со Барбеш (Βεργίνα, Вергина) (1 246 жители)
- Општински оддел Метохи
- метох Метохи (Μετόχι) (73 жители) новосоздадено
- Општински оддел Палатица
- село Палатица (или Палатич; Παλατίτσια, Палатиција) (876 жители)
- Општински оддел Сикија
- село Сиќа (Συκιά) (283 жители)
Општинска единица МакедонидаУреди
Според пописот од 2001 г., општината Македонида (Δήμος Μακεδονίδος) со седиште во Боштани има 2 346 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места и 1 манастир:
- Општински оддел Боштани
- село Боштани (Ριζώματα, Ризомата) (1 150 жители)
- Општински оддел Восово
- село Восово (Σφηκιά, Сфикија) (473 жители)
- Општински оддел Драчко
- село Драчко (или Драчкуп, Дирачко; Δάσκιο, Даскио) (346 жители)
- Општински оддел Куково (377 жители)
- село Куково (Πολύδενδρο, Полидендро) (225 жители)
- село Братиништа (Χαράδρα, Харадра) (78 жители)
- село Спорлита (Ελαφίνα, Елафина) (54 жители)
- манастир „Св. Јован Претеча“ (Μονή Τιμίου Προδρόμου) (7 жители)
- село Порос (Πόρος) (13 жители) новосоздадено
Поранешни селаУреди
На територијата на општината се наоѓаат и поранешните села Кара Чали (Мавродендрион) и Садина (Карави), кои денес се составен дел од градот Бер.