Страшниот суд
Страшниот суд во есхатолошките религии претставува верување во последниот и конечен суд кој на крајот на историјата ќе биде изведен над луѓето, тако да ги раздвои праведните од грешните, после што праведните ќе добијат вечен живот а грешните конечна смрт како казна.
Во христијанството учењето за сеопшто воскресение е едно од основните догми.
Православните христијани веруваат дека Исус Христос ќе им суди на сите народи, кога ќе дојде во својата слава и сите свети ангели со него (Матеј 25,31).