Дипломатска делегација

Дипломатската делегација е група луѓе од една држава или меѓународна, меѓувладина организација (како што е Обединетите Нации) кои се наоѓаат во друга држава да ја претставуваат земјата/организацијата домаќин во земјата што ѓи прима. Во пракса дипломатската делегација обично ја означува постојаната мисија, имено функцијата на дипломатските претставници на државата во глaвниот град на друга држава.

Индиска Амбасада во Берлин, Германија
Фока на зградата на Германската Амбасада.

Именување

уреди

Постојаната дипломатска делегација е позната како канцеларија а личноста која е одговорна за мисијата е позната како амбасадор. Живеалиштето на амбасадорот најчесто се вика амбасада. Некои амбасадори живеат надвор од канцеларијата. На пр. Американскиот амбасадор во Русија живее во куќа позната како куќата Спасо (Spaso House) надвор од канцеларијата. Мисиите помеѓу Комонвелт државите се познати како Висок Комесаријат а нивните шефови се Високи Комесари. Ова е поради фактот што амбасадорот е претставник кој шефот на државата го испраќа кај друг шеф на држава со акредитивно писмо и бидејќи Комонвелт кралствата го делат истиот шеф на државата (Британскиот Монарх), ќе биде чудно за Британскиот Монарх да именува луѓе во неа.

Сите мисии во Обиденетите Нации се познати како Постојани Мисии, додека мисиите во Европската Унија се познати како „Постојани претставувања“ и шефот на таква мисија е и постојан претставник и амбасадор. Мисиите на ЕУ во странство се познати како „делегации“. Некои држави имаат поспецифично именување за нивните мисии и персонал: делегацијата во Ватикан е водена од Нунције (Nuncio) и според тоа познат како Папска Нунцијатура, додека делегациите во Либија долго време биле познати како Биро за луѓето а шеф на делегацијата бил Секретарот.

Во минатото дипломатска делегација водена од функционер од понизок ранг (дипломатски претставник или министер гостин) била позната како дипломатско претставништво. Бидејќи, ранговите на дипломатски претсавник и министер гостин се надвор од употреба,ќозначувањето за дипломатско претставништво денес повеќе не се употребува.

Во случаи на расправа, вообичаено е за една држава да го отповика својот амбасадор како знак на незадоволство. Ова е помалку драстично отколку целосно прекинување на дипломатските односи и делегацијата ќе продолжи понатаму повеќе или помалку нормално да работи, но тогаш ќе биде водена од вршител на должност кој може да има ограничени власти. Треба да се забележи дека во периодот на предавање на функцијата помеѓу двајца амбасадори, привремениот вршител на должноста може да биде назначен за чувар; ова не значи никакво непријателство за земјата –домаќин.

Конзулатот е сличен на (но не ист со) дипломатската функција, но со фокус во работењето на поединечни личности и бизниси, дефинирани со Виенската конвенција за конзуларни односи. Конзулатот или Генералниот конзулат најчесто е претставник на амбасадата на места надвор од главниот град. На пр. Британската Амбасада во САД е во Вашингтон Д.С. а има и Британски Конзулати во Лос Анџелес, Њујорк Сити, Хјустон итн. Личноста одговорна за конзулатот или генералниот конзулат е позната како конзул или генерален конзул, по наведениот редослед. Слични услуги може исто така што бидат обезбедени во амбасадата (да му служат на регионот на главниот град) во она што се вика конзуларна служба.

Терминот „амбасада“ често се употребува кога се мисли на зградата или заградениот простор во кој се сместени канцелариите и персоналот на амбасадорот. Технички „амбасада“ се однесува на самата дипломатска делегација, додека канцеларијата во која тие работат е позната како канцеларија, но во пракса доста ретко се прави оваа разлика. Амбасадорите престојуваат во амбасадорските резиденции, кои ѓи уживаат истите права како и делегациите.

Екстратериторијалност

уреди
 
Нордиска Амбасада Берлин
 
Индонезиската Амбасада во Канбера
 
Амбасадата наСеверна Кореја во Стокхолм

Според меѓународното право, дипломатските делегации уживаат екстратериторијален статус и според тоа, иако остануваат дел од територијата на земјата – домаќин, тие се ослободени од локалниот закон и во речиси сите погледи се третирани како дел од територијата на земјата на потекло.[1] Ним им е наложено само да плаќаат даноци еднакви со нивните сопствени инструкции на државата.

Бидејќи земјата – домаќин не може да влезе во амбасадата на државата која ја претставува без дозвола, амбасадите понекогаш се користени од бегалци кои бегаат или од земјата – домаќин или од трета земја. На пр. жители на Северна Кореја, кои се затворени и протерани од Кина по откривањето, барале засолниште во различни амбасади на трети земји во Кина. Штом се наоѓаат во амбасадата, дипломатските канали може да се употребуваат за да се реши проблемот и да се пратат бегалците во друга држава. Значајните прекршувања на екстратериторијалноста на амбасадата ја вклучуваат Кризата на заложниците во Иран (1978 -1981) и Кризата на заложниците на Јапонската амбасада која се случи во амбасадорската резиденција во Лима, Перу во текот на 1986 г.

Функција

уреди

Функцијата на таква мисија е да ги штити интересите на државата што ги испраќа (земја - гостин) и нејзините граѓани во државата што ги прима (земја - домаќин), во рамките на границите дозволени со меѓународното право; да преговара со владата на државата што ги прима како што им е наредено од земјата што ги испраќа; да ги утврди на законски начин околностите и развивањата во земјата што ги прима и да ја известува за тоа владата на земјата што ги испраќа; да промовира пријателски односи помеѓу земјата што ги испраќа и земјата што ги прима и да ги развива нивните економски, културни и научни односи.

Помеѓу членовите на Комонвелтот на нации нема амбасадори, туку Високи Комесаријати, бидејќи Комонвелт нациите имаат специјален дипломатски однос. Најчесто се претпоставува дека некоја амбасада на Комонвелт држава во не – комонвелтска држава ќе направи сè што е потребно да обезбеди дипломатски услуги на граѓаните од другите Комонвелт држави ако државата на тие граѓани нема амбасада во таа земја. Канадските и Австралиските граѓани уживаат дури поголема соработка помеѓу нивните односни конзуларни услуги, како што е опишано во Канадско/Австралискиот договор за поделба на конзуларните служби. Истиот начин на попстапка е исто така мултилатерално следен од земјите – членки на Европската Унија (ЕУ). Европските граѓани во потреба од конзуларна помош во земја без дипломатска или конзуларна претставеност од нивната сопствена земја може да се обратат до која било конзуларна или дипломатска делегација на друга земја – членка на ЕУ.

Правата и имунитетите (како што е дипломатскиот имунитет) на дипломатските делегации се кодифицирани со Виенската Конвенција за дипломатски односи.

Нациите кои не се признати имаат дипломатски претставништва во странство, но тие не се признати како да имаат официјален дипломатски статус според Виенската Конвенција. Овие de facto амбасади обично се опишани како претставнички канцеларии. Еве неколку примери од овие видови делегации: Претставничката канцеларија на Турската Република на Северен Кипар во Вашингтон Д.С.; Сомалиските претставници во Лондон, Адис Абеба, Рим и Вашингтон Д.С.; Тајпејската економска и културна канцеларија во Вашингтон Д.С. (ја претставува Република Кина) и Американскиот институт во Тајван (ја претставува САД во Тајван). Според законот на САД, таквите канцеларии од страна на Стејт Департментот (Министерство за надворешни работи на САД) се сметаат како „информативни центри“ и личностите кои работат немаат дипломатски визи, ниту пак се прифатени акредитивни писма од нивните амбасадори.

Државите кои не се независни земји може да постават канцеларии во странство, како што е случајот со Хонгконг, чијашто влада има поставено Економски и трговски канцеларии на Хонгконг на различни места. Таквите канцеларии ги преземаат некои од најдипломатските функции на дипломатските работни места, како што се промовирање трговски интереси и обезбедување помош на нивните граѓани и живеалишта. Сепак тие се недипломатски делегации, нивниот персонал не се дипломати и немаат дипломатски визи, иако може да има закон кој обезбедува лични имунитети и привилегии за даноците, како што е на пр. случајот со НКЕТОs во Лондон и Торонто.

Некои градови може да бидат домаќини на повеќе од една делегација од иста држава. Пример за ова е Рим, каде многу земји одржуваат должности за Италија, друга за Светата Столица и друга за Независниот воен ред на Малта. Не е вообичаено за овие делегации да делат работни простории ниту пак дипломатски персонал. Во моментов Ирачките делегации во Италија и Светата Столица делат работни простории; односно двајца амбасадори се поставени по еден за секоја држава. Швајцарскиот град Женева е домаќин на многу меѓународни организации, исто така има и многу делегации.

Надворешни врски

уреди

Литература

уреди
  • Игор Јанев, Дипломатија, Институт за политички студии, Белград, 2013, ISBN 978-86-7419-261-0
  • Игор Јанев, Мегународно право и мегународни односи, Институт за политички студии, Белград, 2012, ISBN 978-86-7419-244-3
  • Игор Јанев, Културна дипломатија, Институт за политички студии, Белград, 2004, ISBN 86-7419-069-3.
  • Black, Jeremy. A History of Diplomacy (U. of Chicago Press, 2010) ISBN 978-1-86189-696-4
  • Berridge, G. R. Diplomacy: Theory & Practice, 3rd edition, Palgrave, Basingstoke, 2005, ISBN 1-4039-9311-4
  • Cunningham, George. Journey to Become a Diplomat: With a Guide to Careers in World Affairs FPA Global Vision Books 2005, ISBN 0-87124-212-5
  • Dorman, Shawn, ed. Inside a U.S. Embassy: How the Foreign Service Works for America by American Foreign Service Association, Second edition February 2003, ISBN 0-9649488-2-6
  • Callieres, Francois De. The Practice of Diplomacy (1919)
  • Fischer, Roger and Ury, William L. Getting to Yes: Negotiating Agreement Without Giving In (1991)
  • Hill, Henry Bertram. The Political Testament of Cardinal Richeleiu: The Significant Chapters and Supporting Selections (1964)
  • Kennan, George F. American Diplomacy (Walgreen Foundation Lectures) (1985)
  • Kissinger, Henry. A World Restored: Metternich, Castlereagh, and the Problem of Peace: 1812-1822 (1999)
  • Henry Kissinger. Diplomacy (1999)
  • Kurbalija J. and Slavik H. eds. Language and Diplomacy DiploProjects, Mediterranean Academy of Diplomatic Studies, Malta, 2001, ISBN 99909-55-15-8. The volume contains collection of paper presented at the international conference.
  • Garrett Mattingly, Renaissance Diplomacy Dover Publications, ISBN 978-0-486-25570-5
  • Metternich, Clemens von. Mettetnich: The Autobiography, 1773-1815 (2005)
  • Nicolson, Sir Harold George. Diplomacy (1988)
  • Nicolson, Sir Harold George. The Congress of Vienna: A Study in Allied Unity: 1812-1822 (2001)
  • Nicolson, Sir Harold George. The Evolution of Diplomatic Method (1977)