Реторомански јазик

Реторомански јазик — дел од подгрупата на реторомански јазици, дел од групата на романски јазици од индоевропското јазично семејство. Јазикот е потомок на народниот латински јазик кој се зборувал во Швајцарија за време на Римското Царство. Јазикот е сроден со францускиот, окситанскиот и ломбардскиот јазик, но и со сите останати романски јазици. Јазикот е еден од четирите национални јазици во Швајцарија, покрај германскиот, францускиот и италијанскиот.

Реторомански јазик
Rumantsch, Romontsch, Rumauntsch, Rumàntsch
Натпис во Трун, Швајцарија.
Изговор[rʊˈmantʃ], [ʁoˈmɔntʃ], [rʊˈmɛntʃ], [rʊˈmaʊ̯ntʃ], [rʊˈmœntʃ]
Застапен воШвајцарија
ПодрачјеГраубинден
НародРетороманци
Говорници35.000 (јазик за најдобра употреба)  (2000)[1]
60.000 (обични говорници)
Јазично семејство
Писмолатиница
Статус
Службен во Швајцарија
Јазични кодови
ISO 639-1rm
ISO 639-2roh
ISO 639-3roh
Linguasphere51-AAA-k
{{{mapalt}}}
Традиционални реторомански подрачја во Швајцарија (темнозелено)

Според пописот од 2000 година, во Швајцарија околу 35.095 луѓе го користеле јазикот како претпочитано средство за општење, од кои 27.038 жители во Граубиден. Околу 61.815 жители го користеле јазикот како разговорен.[2] Околу 0.9% од населението на Швајцарија зборуваат реторомански.

Правопис

уреди

Ретороманскиот се пишува на латиница и има претежно фонетски правопис.

Големи букви
A B C D E F G H I J L M N O P Q R S T U V X Z
Мали букви
a b c d e f g h i j l m n o p q r s t u v x z
Имиња
a be tse de e ef ghe ha i jot/i lung el em en o pe ku er es te u ve iks tset

Наводи

уреди
  1. Die aktuelle Lage des Romanischen, Kommentar zu den Volkszählungsresultaten. (PDF) . Посетено на 2012-02-28.
  2. „Linguistic geography“. Lia Rumantscha. Архивирано од изворникот на 2007-12-03. Посетено на 2012-10-02.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди