Пипинова даровница

Пипиновиот дар е документ на кралот Пипин III на црката на Рим.

Во 751, Аистулф ја зазел Равена, и најавил напад и на Рим. За да одговори на овие закани, Папа Стефан II отпатувал сдеверно од Алпите за да се сретне со кралот на Фрнаките, Пипин III. Во времето кога Пипин бил избран за цар, тој посакал својот избор да биде потврден од страна на папата, преку кое неговата династија, династија на Каролинзите, би биле признаени како кралска наследна династија во Франција. Од него папата побарал помош околу навлагувањето на Лангобардите кон териториите на денешна Италија, зазимајќи ја најпрвин Равена, со кое настанала и слична закана за градот Рим.

По состанокот, царот на Франките му дал обеќање дека заземаните територии од страна на Лангобардите ќе бидат вратени на наследниците на Свети Петар. Во документот од 754 година, Пипин гарантирал дека Дукат Рим, Равенски егзархат, Пентаполис, Тусција, Венето, Истра, Сполето и Беневенто ќе бидат вратени како црковни територии на папството. Оваа обеќање станало познато како Папински дар, и како такво се смета за темел на Папската Држава кои територии биле дадени во 756 година. Така, во следните единаесет векови, историјата на Рим ќе биде еден вид синоним на историјата на папството.