Судска власт

Судската власт е една од трите власти, заедно со законодавната и извршната. Неа jа вршат судовите.

Федерален суд на Австралија

Судската власт во Република МакедонијаУреди

Во Република Македонија според Законот за судови од 1995, постојат 27 судови на прва инстанца, четири апелациони судови и Врховен Суд на Република Македонија. Покрај тоа, има и Уставен суд чии судии се избираат од страна на Собранието.

Судовите се автономни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

Типовите на судови, нивните сфери на надлежност, нивното уредување, укинување, организација и состав, како и процедурата која ја следат се регулирани со закон, кој се усвојува со дво-третинско мнозинство од вкупниот број пратеници во Собранието на Република Македонија.

Судиите имаат имунитет. Собранието одлучува за имунитетот на судиите. Извршувањето на судската функција не е компатибилно со извршување на други јавни функции, професии и членство во политичка партија. Политичко организирање и активност на судството е забрането.

Врховниот Суд на Република Македонија е највисокиот суд во републиката и обезбедува униформност во имплементацијата на законите од страна на судовите.

Судскиот совет на Република Македонија[1] (претходно, Републичкиот судски совет) е органот кој ја контролира судската власт.