Меѓународен кривичен суд
Меѓународниот Кривичен Суд (МКС) е меѓувладина организација и меѓународен суд со седиште во Хаг, Холандија. Основан е како постојан трибунал за гонење на лица за геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и за кривичното дело агресија, иако во врска со последното сè уште не ја врши својата надлежност. Судот може да гони само за дела сторени на или по 1 јули 2002 година, датум кога неговиот основачки договор, Римскиот статут за Меѓународниот Кривичен Суд, стапи во сила.[1][2]
Меѓународен кривичен суд |
||||
---|---|---|---|---|
|
||||
Страни и потписници на Римскиот статут
Членки
Потписнички без ратификација
Поранешни членки кои го повлекле своето членство
Потписнички кои го повлекле својот потпис
Држави кои не се членки ниту потписнички |
||||
Седиште | Хаг, Холандија | |||
Работни јазици | ||||
Земји-членки | 124 | |||
Лидери | ||||
• | Претседател | Томоко Акане | ||
• | Прв вице-претседател | Розарио Салваторе Ајтала | ||
• | Втор вице-претседател | Реин Алапини-Гансоу | ||
• | Обвинител | Карим Ахмад Кан | ||
• | Секретар | Освалдо Завала Гилер | ||
Основана | ||||
• | Усвојување на Римскиот статут | 17 јули 1998 | ||
• | Стапил на сила | 1 јули 2002 | ||
Страница www.icc-cpi.int |
Во моментов 104 држави се членки на Судот, а уште 41 го имаат потпишано, но не и ратификувано Римскиот статут. Сепак, некои важни држави, како САД, Кина и Индија, се спротивставуваат на МКС и не се негови членки. Република Македонија го има потпишано и ратификувано Римскиот статут, односно е земја-членка на Судот.[3]
МКС има надлежност да делува само во случаи кога обвинетиот е државјанин на држава членка на Судот, кога наводното кривично дело се случило на територијата на некоја држава членка, или кога Советот за Безбедност на Обединетите Нации ќе пријави одредена ситуација пред Судот. МКС ги надополнува националните судски системи, односно тој единствено може да ја врши својата надлежност кога националните судови не сакаат или не можат да ги истражуваат или гонат кривичните дела што се во надлежност на Судот.[4][5]
Официјално седиште на Судот е во Хаг, Холандија, но неговите рочишта можат да се одвиваат каде било. Меѓународниот Кривичен Суд не е поврзан и не смее да се меша со Меѓународниот Суд на Правдата, кој е орган на Обединетите Нации кој ги решава споровите помеѓу државите.[6]
Наводи
уреди- ↑ „The International Criminal Court: An Introduction“. web.archive.org. 2013-03-03. Архивирано од изворникот на 2013-03-03. Посетено на 2024-01-25.
- ↑ Allo, Awol. „The ICC's problem is not overt racism, it is Eurocentricism“. Al Jazeera (англиски). Посетено на 2024-01-25.
- ↑ „International Criminal Court (ICC) | Definition, History, Purpose, & Facts | Britannica“. www.britannica.com (англиски). 2024-01-24. Посетено на 2024-01-25.
- ↑ Archibugi, Daniele; Pease, Alice (2018). Crime and global justice: the dynamics of international punishment. Cambridge Medford (Mass.): Polity press. ISBN 978-1-5095-1261-4.
- ↑ Schabas, William A. (2011-02-17). An Introduction to the International Criminal Court (англиски). Cambridge University Press. ISBN 978-1-139-49660-5.
- ↑ „The Case against the Proposed International Criminal Court“. web.archive.org. 2006-12-28. Архивирано од изворникот на 2006-12-28. Посетено на 2024-01-25.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)