Метонимија

(Пренасочено од Метоним)

Метонимијастилска фигура во која има замена на зборови, односно преносна употреба на зборовите врз основа на зависна врска меѓу два поима од стварноста. Таа ја опфаќа употребата на еден збор наместо друг за лица, предмети или појави што се во меѓусебна, надворешна или внатрешна врска. Притоа значењето на едниот збор се пренесува врз другиот збор. Во функција на метонимија се јавува само именката, како и составите од придавка и именка.

Пентагон (на сликата), зграда на седиштето на Министерството за одбрана на САД, е вообичаен метоним кој се користи за упатување кон американската војска и нејзиното раководство.

пр.

Градот беше разбеснет. Со значење: Граѓаните беа разбеснети.
Сето село беше излезено пред порти. =селаните
Не заборавај ја лулката своја. =родното место