Грб на Ватикан
Грбот на Ватикан е блазониран црвено (геле), два вкрстени клуча (златен и сребрен), преплетени со гајтани, под папската тијара. Така, ова е едноставно амблем на папството поставен на црвено поле.
Грб на Светата Столица и Градот Ватикан | |
---|---|
Подробно | |
Штит | црвен |
Симболика
уреди- вкрстените клучеви од злато и сребро ги претставуваат клучевите од Небесното царство ветени од Господ на Свети Петар, со овластување да заклучува и отклучува (врзува и одврзува) (Матеј 16:18-19 Архивирано на 8 мај 2008 г.).
- Тројната круна (тијара) ги претставува „трите моќи на врховниот понтиф: ракоположување, јурисдикција и магистериум“,[1] со други зборови: неговите функции како „врховен свештеник“, „врховен пастор“ и „врховен учител“.
- Златниот крст над тројната круна го симболизира распетието на Исус.
Надворешни врски
уреди- Ватиканска канцеларија за печат (англиски)
Наводи
уреди- ↑ Грб на Неговата Светост Бенедикт XVI (англиски)
Оваа статија од областа на хералдиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |