Апостолски дворец

Апостолски дворец (на италијански: Palazzo Apostolico, на латински: Palatium Apostolicum) е службената резиденција на папата која се наоѓа во Ватикан. Зградата често се нарекува и Папска или Ватикански дворец, а самата ватиканска држава ја нарекува Дворец на Сикст V во чест на римскиот папа кој е заслужен за почетокот на изградбата во 1589 година на најголем дел од денешниот облик на дворецот.

Поглед кон дворецот од плоштадот „Свети Петар“