Хелебарда

копје со секира

Хелебарда е едно од првите оружја направени од стап, и таа била многу повеќе од обично оружје. Основата на хелебарда е секира која се наоѓала на врвот на копјето со должина од околу 2 метра. Острицата на секирата е избалансирана со помош на кука која била поврзана со спротивната страна, што на хелебардата ѝ давало три различни видови на напад (употреба).

Главна употреба на хелебардата била борба против коњица. Против првобитниот налет на коњицата користено било копје кое било долго околу два метра, по ударот на коњицата се користела кука која служела јавачот да се исфрли од коњот и конечно со помош на острата секира, која со леснотија ги пробивала сите видови на оклопи, со моќно замавнување можело да го доврши исфрлениот противник.

Хелебардата се користела исклучиво во формациски борби, војникот кој би замавнал со хелебарда би бил многу ранлив, па зависел од соборците околу него.

Види yште уреди

Наводи уреди