Безвучна преднонепчено-венечна шушкава согласка

Безвучната преднонепчено-венечна шушкава согласка или безвучна засводена задновенечна струјна согласка е вид на согласен глас присутен во многу јазици во светот. Меѓународната фонетска азбука (МФА) го бележи со симболот [ ʃ ]. Во македонскиот јазик, гласот е претставен со буквата ш.

Безвучна преднонепчено-венечна шушкава согласка
ʃ
МФА-бр.134
Шифрирање
Единица (дек.)ʃ
Уникод (хекс.)U+0283
X-SAMPAS
КиршенбаумS

 

Особености

уреди

Безвучната преднонепчено-венечна шушкава согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е шушкав струен, што значи дека се добива со насочување на воздухот по жлеб во задниот дел на јазикот до местото на творба, каде се сосредоточува и судира со острите рабови на речиси затворените заби, предизвикувајќи високочестотно бурно струење.
  • Местото на творба е преднонепчено-венечно, т.е. засводен (делумно омекнат) задновенечен глас, што значи дека се создава со рамниот дел на јазикот зад забниот венец, а предниот дел од јазикот е набран („засводен“) кај тврдото непце.
  • Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.

Во разни јазици како англискиот и францускиот, согласката во извесни случаи се изговара со истовремено заоблување на уснените ([ʃʷ]), но ова обично не се бележи во техничките транскрипции.

Јазици

уреди
Јазик Збор МФА Значење
адигејски шыд [ ʃəd] магаре
албански shtëpi [ ʃtəpi] куќа
англиски sheep [ˈʃiːp] овца
арапски литературен[1] شمس [ ʃams] сонце
баскиски kaixo [kaiʃo] здраво
берберски кабилски ciwer [ ʃiwər] се советува
бретонски chadenn [ˈʃa.dɛ̃n] ланец
бугарски юнашки [jonaʃki] јуначки
велшки литературен siarad [ˈʃɑrad] зборува
јужно наречје mis [miːʃ ] месец
галисиски viaxe [ˈbjaʃe] пат
германски schön [ˈʃøːn] убав
грузиски[2] არი [ˈʃɑɾi] ситничавење
ерменски շուն [ ʃun] куче
есперанто ŝelko [ˈʃelko] трегери
западноломбардски канциски fescia [feʃa] непријатност
западнофризиски sjippe [ˈʃɪpǝ] сапун
запотечки тликвијапански[3] xana [ ʃana] како?
илокански siák [ ʃak] јас
ирски sí [ ʃiː] таа
италијански[4] fasce [ˈfaʃʃe] врзопи
јидиш וויסנשאַפֿטלעכע [vɪsn̩ʃaftləx] научен
јоруба i [ ʃi] отворен
кабардински шыд [ ʃɛd] магаре[5]
латвиски šalle [ˈʃalle] шал
лингала shakú [ ʃakú] сив папагал
литвански šarvas [ˈʃarvas] оклоп
македонски што [ ʃtɔ] што
малајски syarikat [ʃarikat] претпријатие
малтешки x'ismek [ ʃismek] како се викаш?
норвешки книжевен sky [ ʃyː] облак
новонорвешки sjukehus [ˈʃʉːkeˈhʉːs] болница
окситански оверњски maissant [meˈʃɔ̃] лош
гасконски maishant [maˈʃan] лош
лимузенски son [ ʃũ] негов
романски شاه [ˈʃɒh] крал
португалски[6] cheirar [ ʃeiˈɾaɾ] мириса
романски șefi [ ʃefʲ] шефови
ромски влашкоромски deš [deʃ ] десет
сахаптински šíš [ ʃiʃ ] каша
свахили kushoto [kuʃoto] дрвја
словенечки šóla [ ʃola] училиште
сомалиски shan [ ʃan] пет
српскохрватски двориште / dvorište [ˈdʋɔriʃtɛ] двор
тагалски siya [ ʃa] тој, таа
тода[7] [pɔʃ ] јазик
туника šíhkali [ˈʃihkali] камен
турски güneş [ɟyˈne̞ʃ ] сонце
ујгурски شەھەر [ ʃæhær] град
украински шахи [ˈʃɑxɪ] шах
урду شکریہ [ ʃʊkriːaː] благодарам
унгарски segítség [ˈʃɛɡiːt͡ʃːeːɡ] помош
фарски sjúkrahús [ ʃʉukrahʉus] болница
француски[8] cher [ ʃɛʁ] скап
хебрејски שלום [ ʃaˈlom] мир
хинди [ˈʃak] сомнеж
холандски[9] sjabloon [ ʃäˈbloːn] шаблон[10]
чешки kaše [ˈkaʃɛ] каша
џуаншки cib [ ʃǐp] десет
шкотски гелски seinn [ ʃeiɲ] пее
шпански чилеански chileno [ ʃiˈle̞no̞] чилеански
риоплатски mayo [ˈmäʃo̞] мај

Рускиот глас <ш> не е ваков, туку рамнојазична свиена струјна согласка.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Thelwall (1990:37)
  2. Shosted & Chikovani (2006:255)
  3. Merrill (2008:108)
  4. Rogers & d'Arcangeli (2004:117)
  5. Гласот е во противположба на лабијализираниот облик.
  6. Cruz-Ferreira (1995:91)
  7. Ladefoged (2005:168)
  8. Fougeron & Smith (1993:73)
  9. Gussenhoven (1992:46)
  10. Може да биде [sʲ]. Погл. Фонологија на холандскиот јазик.

Библиографија

уреди
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • Ladefoged, Peter (2005), Vowels and Consonants (Second. изд.), Blackwell
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
Табела на белодробни согласки по МФА  аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʎ˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ ɟʎ˔ kʟ̝̊ ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.