Шушкава согласка
Шушкава согласка (сибилант)[1] е струјна или слеана согласка чиј начин на творба е насочување на воздушниот тек по јазикот кој води до остриот раб на забите, кои се држат доближени. Примери за шушкави согласки во македонскиот јазик се с, з, ч, џ и ж. Меѓународната фонетска азбука (МФА) истите ги бележи со [s] [z] [ʃ] [tʃ] [dʒ] [ʒ]. Од нив, ч и џ се слеани, а останатите се струјни гласови. Шушкавите согласки имаат својствен силен звук, поради што се користат вонјазично за добивање на нечие внимание („пст!“) или замолчување („шшш!“).
Начини на творба |
---|
Препречни |
Избувни |
Слеани |
Струјни |
Шушкави |
Гласници |
Носни |
Едноударни |
Приближни |
Течни |
Самогласка |
Полусамогласка |
Странични |
Трепетни |
Механизам |
Белодробни |
Исфрлени |
Уфрлени |
Чрапави |
Алитерација |
Асонанца |
Поврзано: Место на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош] |
уреди |
Кај венечните с’скави шушкави согласки с и з, задниот дел од јазикот образува тесен премин (се „зажлебува“) за да го сосредоточи воздушниот тек, со што се добива висок тон. Кај ш’шкавите струјни согласки како ш ч ж и џ, јазикот е порамен, па затоа тонот е понизок.
Поради нивната карактеристичната сила, дури и малите измени во обликот и положбата на јазикот се забележливи, што дава голем број на шушкави согласки што се разликуваат во рамките на поединечните јазици.
Видови на шушкави согласки
уредиСите шушкави согласки се преднојазични, но нивната разновидност се должи на обликот на јазикот, местото на допир на јазикот и местото на допир на горниот дел од устата.
На звучна савојственост на шушкавите согласки влијаат следниве параметри:
- Облик на јазикот: зажлебени, венечно-преднонепчени, преднонепчено-венечни, свиени
- Место на творба (место на допир на горниот дел на устата): забни или забно-венечни, венечни, задновенечни, преднонепчени
- Место на допир на јазикот: рамнојазични затворени, рамнојазични незатворени, врвнојазични, подјазични
Можни парници
уредиОва се забележаните можности на парници наведени со некои јазици како пример. Дијакритичните знаци се упростени за читливост - на некои од паровите им требаат по два знака за точно да се опише нивната твроба.
МФА | Облик на јазикот | Место на творба (уста) | Место на творба (јазик) | Примери во јазици |
---|---|---|---|---|
[s̺̪ z̺̪] | вдлабнат | забно | врвнојазично | шпански s/z, кумејајски |
[s̪ z̪] | вдлабнат | забно-венечно | рамнојазично | полски s, z; баскиски z, tz |
[s̺ z̺] | вдлабнат | венечно | врвнојазично | шпански s; баскиски s, ts; мандарински s, z, c (врвнојазично, забно и венечно) |
[s z] | вдлабнат | венечно | врвнојазично или рамнојазично | англиски s, z (венечно, рамнојазично или врвнојазично); шпански s/z |
[s̻ z̻] | вдлабнат | венечно | рамнојазично | тода, убишки, апхаски |
[ʃ ʒ] | засводен | задновенечно | врвнојазично или рамнојазично | англиски sh, ch, j, zh и француски ch, j ([ʃʷ ʒʷ]) |
[ʃ̻ ʒ̻] | засводен | задновенечно | рамнојазично | тода; баскиски x, tx |
[ɕ ʑ] | палатализиран | задновенечно | рамнојазично | мандарински x, j, q; полски ć, ś, ź, dź; убишки; апхаски |
[ŝ ẑ] (ад хок симболи) | вдлабнат (без празнина) |
задновенечно | рамнојазична | убишки; апхаски |
[s̱ ẕ], [ʂ̻ ʐ̻] | вдлабнат или рамен (празнина под јазикот) |
задновенечно | рамнојазично | полски sz, rz, cz, dż ([ʂ̻ʷ ʐ̻ʷ]); мандарински sh, zh, ch |
[ʂ ʐ], [ṣ ẓ] итн.1 | вдлабнат | задновенечно | врвнојазично | убишки; апхаски; кумејајски; тода |
[ʂ ʐ] | свиен | преднонепчено (или задновенечно?) | подјазично | тода |
^1 Овие гласови обично се претставуваат чисто како [ʂ ʐ]. Врвнојазичните задновенечни и подјазичните преднонепчени шушкави согласки не се разликуваат во ниеден јазик, но доколку се јави потреба, врвнојазичните заднонепчени гласови можат да се претстават со дијакритички знак за врвнојазичност како [s̠̺ z̠̺] или [ʂ̺ ʐ̺].
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „сибилант“ — Лексикон на македонскиот јазик
- Bright, William (1978), „Sibilants and naturalness in aboriginal California“, Journal of California Anthropology, Papers in Linguistics, 1: 39–63
- Dalbor, John B. (1980), „Observations on Present-Day Seseo and Ceceo in Southern Spain“, Hispania, American Association of Teachers of Spanish and Portuguese, 63 (1): 5–19, doi:10.2307/340806, JSTOR 340806
- Hualde, José Ignacio (1991), Basque phonology, London: Routledge, JSTOR 340806
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
- Obaid, Antonio H. (1973), „The Vagaries of the Spanish 'S'“, Hispania, American Association of Teachers of Spanish and Portuguese, 56 (1): 60–67, doi:10.2307/339038, JSTOR 339038
- Shosted, Ryan K. (2006) Just put your lips together and blow? The whistled fricatives of Southern Bantu Архивирано на 16 февруари 2012 г..