Романска азбука
Романската азбука (романски: Alfabetul limbii române) е романска варијанта на латиницата и содржи 31 буква:[1]
Оваа статија содржи фонетски симболи по МФА. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо уникодни знаци. |
|
|
|
Буквите Q, W, и Y официјално влегле во азбуката во 1982 г., но се користеле и порано. Тие се јавуваат само во заемки од туѓи јазици, како во quasar, watt и yacht. Буквите K и X се ретки. Буквата K е релативно постара, и се користи главно за мерни единици (kilo), но не во романски зборови, и сѐ уште се смета за странска буква бидејќи се јавува само во заемки, кои сѐ уште се неологизми.
Во случаите каде заемката е директно преземена од друг јазик и има дијакритички надзнаци од оригиналот, правописот вели дека истите се задржуваат и треба да се применуваат (на пр. München, Angoulême).
Букви и изговор
уредиРоманскиот правопис е главно фонетски. Оваа табела ги прикажува буквите и нивните гласови, како и нивна транскрипција на македонски јазик. Некои букви можат да се прочитаат на неколку можни начина, дури и кога не се земаат предвид алофоните. Кога самогласките /i/, /u/, /e/ и /o/ се менуваат во нивните соодветни полусамогласки, ова не се бележи во пишувањето. Буквите K, Q, W и Y се јавуваат само во заемки; изговорот W и Y зависи од потеклото на зборот во кој се јавуваат.
буква | фонема | македонска транскрипција |
приближен македонски еквивалент |
---|---|---|---|
A a | /a/ | а | а во авион |
Ă ă | /ə/ | а | ’ во к’смет |
 â | /ɨ/ | и | нема, централно незаоблено 'и' |
B b | /b/ | б | б во бран |
C c | /k/ | к | к во кој |
/ʧ/ | ч | ч во чека | |
D d | /d/ | д | д во дрво |
E e | /e/ | е | е во елен |
/e̯/ | (полусамогласно /e/) | нема, полугласно 'е' | |
/je/ | је [2] | је, во Јемен | |
F f | /f/ | ф | ф во фрла |
G g | /ɡ/ | г | г во гром |
/ʤ/ | џ | џ во џем | |
H h | /h/ | х | нема, мека 'х' |
I i | /i/ | и | и во игла |
/j/ | ј | ј во јама | |
/ʲ/ | (омекнување) | ||
Î î | /ɨ/ | и | нема, централно незаоблено 'и' |
J j | /ʒ/ | ж | ж во жаба |
K k | /k/ | к | к во крој |
L l | /l/ | л | л во луле |
M m | /m/ | м | м во мое |
N n | /n/ | н | н во нос |
O o | /o/ | о | о во отворено |
/o̯/ | (полусамогласно /o/) | нема, полугласно 'о' | |
P p | /p/ | п | п во пат |
Q q | /k/ | к | к во кој |
R r | /r/ | р | р во река |
S s | /s/ | с | с во сила |
Ş ş | /ʃ/ | ш | ш во шума |
T t | /t/ | т | т во тврдо |
Ţ ţ | /ʦ/ | ц | ц во црв |
U u | /u/ | у | у во убав |
/w/ | у | нема, англиско ’w’ | |
V v | /v/ | в | в во вели |
W w | /v/ | в | в во вели |
/w/ | у | нема, англиско ’w’ | |
X x | /ks/ | кс | кс во пиксел |
/ɡz/ | гз | гз во белегзија | |
Y y | /j/ | ј | ј во јама |
/i/ | и | и во игла | |
Z z | /z/ | з | з во збори |
Наводи
уредиБелешки
уреди- ↑ Dicţionarul explicativ al limbii române, 1998, Z е триесет и првата буква на романската азбука (романски)
- ↑ во неколку стари зборови со почетно e: este, el итн.Неколку романски речници го назначуваат изговорот на [je] за почетно e кај некои лични заменки: el, ei итн. и во некои форми на глаголот a fi („да се биде“): este, eram итн. (романски)
Библиографија
уреди- Mioara Avram, Ortografie pentru toţi, Editura Litera Internaţional, 2002
- The Unicode Consortium (2000). The Unicode Standard, Version 3.0. Boston: Addison-Wesley. ISBN 0201616335.