Отвори го главното мени

Преднојазична согласка

Преднојазични согласки (коронални) се согласки што се создаваат со свитливиот преден дел на јазикот. Само преднојазичните согласки можат да се поделат на врвнојазични (апикални), рамнојазични (ламинални), засводени (јазикот е збран) и подјазични (субапикална), како и неколку поретки ориентации,[1] бидејќи само предниот дел на јазикот има способност за такви спретни движења. Преднонепчените согласки имаат и друга димензија - „зажлебеност“, со која се создаваат шушкави согласки заедно со горенаведените ориентации. Во арапската и малтешката филологија, т.н. „сончеви букви“ означуваат преднојазични согласки.

Места на
творба

Уснени
Двоуснени
Уснено–заднонепчени
Уснено–преднојазични
Усненозабни
Забноуснена

Двозабни

Преднојазични
Јазичноуснени
Меѓузабни
Забни
Забно-венечни
Венечни
Задновенечни
Заднонепчено-венечни
Свиени

Среднојазични
Задновенечни
Венечно-преднонепчени
Преднонепчени
Уснено-преднонепчени
Заднонепчени
Ресични
Ресично-надгласилни

Заднојазични
Голтнички
Надгласилно-голтнички
Надгласилни

Гласилни
Облик на јазикот

Врвнојазични
Рамнојазични
Подјазични

Странични

Преднонепчени
Голтнички

Поврзано: Начин на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]

Во македонскиот јазик преднојазични се гласовите з, с, ж, ш, н, д, т, л и р (погл. примерите подолу).

Во австралиските јазици, педнојазичните се спротивни на крајните (периферни) согласки.

Австралиски преднојазични согласки
Рамнојазични Врвнојазични
Венечно-
преднонепчени
Забни Венечни Свиени
Избувни c ~ t̠ʲ t ʈ
Носни ɲ ~ n̠ʲ n ɳ
Странични ʎ ~ l̠ʲ l ɭ

Места на творбаУреди

Местата на творба на преднојазичните согласки се: горните заби кај забните согласки, горното непце (забниот венец) кај венечните согласки, веднаш зад тоа се образуваат разните задновенечени согласки (засводена преднонепчено-венечна, рамнојазична задновенечна согласка и врвнојазична свиена согласка), вистинските свиени согласки (каде јазикот е збран до тврдото непце) и јазичноуснените согласки, каде јазикот ја допира горната усна.

Позастапени преднојазични согласки
(ненаведени: јазичноуснени, венечно-преднонепчени, свиени)
МФА
(симбол)
Согласка Пример МФА
(изговор)
z звучна венечна струјна согласка зима /zima/
s безвучна венечна струјна согласка соба /sɔba/
ð звучна забна струјна согласка that (англ.) /ðæt/
θ безвучна забна струјна согласка thud (англ.) /θʌd/
ʒ звучна задновенечна струјна согласка жена /ʒɛna/
ʃ безвучна задновенечна струјна согласка штит /ʃtit/
n венечна носна согласка налог /nalɔg/
d звучна венечна избувна согласка дом /dɔm/
t безвучна венечна избувна согласка табла /tabla/
ɹ венечна приближна согласка reef (англ.) /ɹiːf/
l странична венечна приближна согласка лице /lit͡sɛ/
r венечна трепетна согласка рамен /ramɛn/
ɾ венечна едноударна согласка pero (шпан.) /peɾo/

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-19814-8.