Сложени согласки (коартикулирани согласки) се согласки што се создаваат на истовремени места на творба. Може да се поделат на две класи: двојнотворбени со две главни места на творба со ист начин (двете избувни, двете носни и сл.), и согласки со споредна творба, каде втората творба не се создава на ист начин.

Сложени согласки
Струјни
ɕ
ʑ
ɧ
noicon
Приближни
ʍ
w
ɥ
ɫ
Избувни
k͡p
ɡ͡b
ŋ͡m
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка

Помош за МФА • легенда •  помош со снимки • табела • погл.

Пример за двојнотворбена согласка е безвучната усненозаднонепчена избувна согласка [k͡p], што се изговара едновремено кај мекото непце (a [k]) и кај усните (a [p]). Од друга страна, безвучната лабијализирана задновенечна избувна согласка {{МФА|[kʷ]} има само едечна творба - заднонепченото [k], со истовремено приближновидно заоблување на усните.

Со исклучок на чкрапавите согласки, сите двојнотворбени согласки се усненозаднонепчени. Меѓутоа, постои голем број на чести споредни творби. Најзастапена е лабијализацијата (како [kʷ]), палатализацијата (како руската мека согласка [pʲ]), веларизација (како македонското „темно“ л [lˠ]) и фарингализација (како арапската емфатична согласка [tˤ]).

Како што се очекува од приближновидниот карактер на споредната творба, не е секогаш лесно да се одреди дали една сложена приближна согласка како што е /w/ има двојна или единечна творба. На пример, во некои англиски дијалекти /w/ е лабијализиран заднонепчен глас што може да се претстави со [ɰʷ], но јапонскот глас /w/ е поблизок до вистинско усненозаднонепчено [ɰ͡β̞]. Вообичаено е буквата ⟨w⟩ да се ограничи само на првиот случај.

гласилката ја контролира фонацијата и дејствува истовремено со многу согласки. Обично таа не се смета за творбеник - исфрленото [kʼ] со едновремено затворање на мекото непце и гласилката не се смета за сложена согласка.

Поврзано

уреди


Табела на белодробни согласки по МФА  аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʎ˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ ɟʎ˔ kʟ̝̊ ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.