Отвори го главното мени

Латвиската абука[1] (лет. latviešu alfabēts) или наречена летонска азбука е писмото што се користи за летонскиот јазик, и заснована е на латиницата и има 33 букви. 22 букви од азбуката се латинични а додека останатите букви се посебно означени букви (со надредни и подредни знаци) приспособени на гласовниот систем на латвискиот јазик, кој е мошне сличен на македонскиот. Буквите се следниве:

A Ā B C Č D E Ē F G Ģ H I Ī J K Ķ L Ļ M N Ņ O P R S Š T U Ū V Z Ž
a ā b c č d e ē f g ģ h i ī j k ķ l ļ m n ņ o p r s š t u ū v z ž

Денес, буквата о во латвискиот јазик се изговара на три начина и тоа како /uo/, /o/ или /oː/. Односно како дифтонгот uo, потоа може да се сретне и изговор на буквата како обична o или како долга o.

АзбукатаУреди

Напомена: При предавањето на латвиските поими на македонски, должината на самогласките не се бележи. Таа е претставена со удвоени македонски примери во табелата само за да се добие претстава за нивната звучност.
Буква Име МФА Македонски - Буква Име МФА Македонски
A, a a [ɑ] а Ķ, ķ ķē [c] ќ
Ā, ā garais ā [ɑː] маало L, l el [l] л
B, b [b] б Ļ, ļ [ʎ] љ
C, c [t͡s] ц M, m em [m] м
Č, č čē [t͡ʃ] ч N, n en [n], [ŋ] н
D, d [d] д Ņ, ņ [ɲ] њ
E, e e [e], [æ] е O o o [ua̯], [o], [oː] о
Ē, ē garais ē [eː], [æː] пее P, p [p] п
F, f ef [f] ф R, r er [r] р
G, g [ɡ] г S, s es [s] с
Ģ, ģ ģē [ɟ] ѓ Š, š [ʃ] ш
H, h [x], [h] х T, t [t] т
I, i i [i] и U, u u [u] у
Ī, ī garais ī [iː] ракииичка Ū, ū garais ū [uː] вакуум
J, j [j] ј V, v [v] в
K, k [k] к Z, z [z] з
Ž, ž žē [ʒ] ж

НаводиУреди

  1. Според правописот на македонскиот јазик, двата назива „летонски“ и „латвиски“ се користат подеднакво во македонскиот јазик, па така и низ оваа статија.

ПоврзаноУреди