Безвучна преднонепчена избувна согласка

Безвучната преднонепчена избувна согласка (безвучен палатален плозив) — вид на согласен глас кој се јавува во некои јазици. Симболот за овој глас по МФА е c, а неговиот еквивалентен симбол по X-SAMPA е c.

Безвучна преднонепчена избувна согласка
c
МФА-бр.107
Шифрирање
Единица (дек.)c
Уникод (хекс.)U+0063
X-SAMPAc
Киршенбаумc
Звук

 

Македонскиот и унгарскиот се едни од многу ретките јазици со вистински палатални плозиви. На македонски овој глас се бележи со буквата „ќ“. На унгарски се бележи со групата ty, а на албански со q.

Особености

уреди

Безвучната преднонепчена избувна согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е препречен, што значи дека се добива со попречување на воздушниот тек во говорниот апарат. Бидејќи согласката е воедно и усна, без носен испуст, воздушниот тек е сосема попречен, па затоа согласката е избувна.
  • Местото на творба е преднонепчено, што значи дека се создава со средниот или задниот дел на јазикот кога е повишен до предното (тврдо) непце.
  • Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.

Јазици

уреди
Јазик Збор МФА Значење Белешки
албански kuq [kuc] 'црвен'
асу [cúma] 'шие'
баскиски ttantta [canca] 'капка'
виетнамски cho [cɔ] 'дава' Варијанта: [t͡ɕɔ].
гвено [ca] 'доаѓа'
Грчки κέδρος [ˈce̞ðro̞s̠] 'кедар'
динкански car [car] 'црн'
западнопустински pi [kucu] 'еден'
исландски gjóla [couːla] 'развигор'
каталонски Мајорскански[1] ? [ˈtronʲc] 'трупец' Соодветствува на /k/ во други наречја.
латвиски ķirbis [ˈcirbis] 'тиква'
македонски вреќа [ˈvrɛːca] 'вреќа'
менонитски долносаксонски Kjoakj [coac] 'црква'
норвешки северни дијалекти fett [fɛcː] 'маст'
окситански лимузенски tireta [ciˈʀetɒ] 'цртач'
оверњански tirador [ciʀaˈdu] 'цртач'
португалски Кариока garotinha [garociːŋ] 'little girl' Соодветствува на /tʃ/ во други наречја.
словачки deväť [ˈɟɛvæc] 'девет'
тадаксахак [cɛːˈnɐ] 'мал'
турски köyün [cœˈjyn] 'село' (ген.)
унгарски tyúk [cuːk] 'кокошка'
холандски[2] tjeef [ceːf] 'католик' (погрден фландриски збор) Видете Фонологија на холандскиот јазик
чешки čeština [ˈʧɛʃ.cɪ.na] 'чешки јазик'
шкотски гелски ceann [cʰɛunˠ] 'глава'

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Recasens & Espinosa (2005:1)
  2. Gussenhoven (1992:46)

Библиографија

уреди
  • Recasens, Daniel & Aina Espinosa (2005), "Articulatory, positional and coarticulatory characteristics for clear /l/ and dark /l/: evidence from two Catalan dialects", Journal of the International Phonetic Association 35 (1): 1-25


Табела на белодробни согласки по МФА  аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʎ˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ ɟʎ˔ kʟ̝̊ ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.