Средна согласка
Средна согласка[1] е согласен глас што се добива кога воздухот тече по средината на устата преку јазикот. Во фонетиката, оваа класа на согласки е во противположба на страничните согласки, каде воздухот тече по страните на јазикот.
Примери за средни согласки се звучната венечна струјна согласка (мак. з) и преднонепчената приближна согласка (мак. ј). Други примери се средните струјни согласки [θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ɕ ʑ ç ʝ x ɣ χ ʁ], средните приближни согласки [ɹ ɻ j ɥ ɰ w ʍ], трепетните согласки [r ʀ] и средните едноударни согласки [ɾ ɽ].
Во македонскиот јазик, средни се согласките: ж, з, ј, с, х и ш.
Поимот не важи за носните согласки како [m n ŋ], бидејќи во носот не е можен страничен воздушен тек. Не постои јазик што ги реализира усните избувни согласки [p b t d k ɡ] странично, иако неусните избувни согласки како [t d k ɡ] може да имаат спореден страничен испуст. Избувните согалски по дефиниција се средни. Усните слеани согласки [f v] најчесто имаат страничен тек, бидејќи усните го попречуваат воздухот по средината, но сепак не се сметаат за странични бидејќи ниеден јазик не разликува средни и странични усни слеани согласки.
Во некои јазици, согласките може да бидат помеѓу средни и странични . На пример, јапонскиот има едноударна согласка што може да биде или средна или странична - средна кога стои пред предна самогласка, како во ри [ɾi], а странична пред задна самогласка, како во ро [ɺo]. Претставувањето на фонемата r самко како /ɾ/ или како /ɺ/ дава погрешен впечаток, бидејќи изговорот се менува од едно на друго.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Наречена и централна согласка.
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.