Анета Тасова

македонска писателка, поетеса и новинарка

Анета Тасовамакедонска писателка, поетеса и новинарка

Анета Тасова
Роден/а28 јануари, 1982
Кочани, Македонија

Животопис

уреди

Анета (Василева) Тасова е родена на 28.1.1982 г. во Кочани. Како дете се истакнувала во своите награди од областа на физиката, математиката и литературата. Сите мислеле дека живее во Жиганци, а таа постојано талкала по планетите на разумот и неразумот. Исклучена од секаква реалност, верува во Љубов, а за неа тоа е помалку судбина, повеќе Поезија, а најмногу Господ. Затоа целиот нејзин живот била активен безработник и чекала подобри времиња.

Дипломирала на Филолошкиот факултет (Македонска книжевност и јужнословенски книжевности). Членувала во поетските клубови „Копнеж” – Кочани и „Мугри” – Скопје и во драмскиот аматерски театар „Чекори”. Дел од нејзиното творештво видел бел ден во алманасите на претходно споменатите клубови; прозните списанија „Лоза” и „Маргина”; дневните весници „Вечер”, „Време” и „Дневник” и во електронското издание на конкурсот на „Електролит“[1].

Творештво

уреди
  • „Умри женски“[2], поетска збирка („Силсонс“, 2015)
  • „Сите авиони летаат над моето село”[3], збирка раскази (Фондација "Рамковски", 2007)

Награди

уреди
  • Награда „Живко Чинго“ (фондација „Рамковски“) во 2007 година, за збирката раскази „Сите авиони летаат над моето село”
  • Награда „Караманов” во 2004 година, за најдобра необјавена поетска збирка
  • Награда на весникот „Студентски збор”, за најдобар краток расказ на конкурсот објавен во 2003 година

Наводи

уреди
  1. „Elektrolit“. www.kapka.arno.mk. Посетено на 2023-11-12.
  2. „УМРИ ЖЕНСКИ - Клуб Матица“. matica.com.mk. 2021-08-17. Посетено на 2023-11-12.
  3. „СИТЕ АВИОНИ ЛЕТААТ НАД МОЕТО СЕЛО - Фондација Рамковски“. matica.com.mk. 2021-08-17. Посетено на 2023-11-12.