Трката околу Полска 2013 било 70. издание на велосипедската етапна трка Трка околу Полска. Започнала на 27 јули во Роверето, Италија, притоа одржувајќи се две етапи во земјата[2] и завршувајќи на 3 август во Краков, по седум одржани етапи. Била дваесетта трка во сезоната на Светска турнеја.
Трката била освоена од возачот на Орика-ГринЕЏПитер Венинг од Холандија,[3] откако освоил доволно време на завршниот хронометар за да се помести пред претходниот предводник на трката Кристоф Риблон од Аг2р-Ла Мондијал. Венинг, второпласиран зад Ким Кирхен во 2005[4], доцнејќи 27 секунди (на петтото место) влегол на етапата,[5] но ја претворил оваа слабост во крајна победа на трката со 13 секунди пред возачот на Еускалтел-ЕускадиЈон Изагире, кој исто така се поместил пред Риблон на последната етапа.[6] Риблон, победник на кралската етапа на трката, втората етапа,[7] на крајот го заокружил подиумот, три секунди зад Изагире и шеснаесет зад Венинг.[8]
Другите пласмани на трката биле освоен од полски возачи; бодовниот пласман го освоил возачот на Тим Саксо-ТинкофРафал Мајка,[9] кој завршил како најдобро пласиран полски возач на четвртото место и водел на трката три дена поради постојаните резултати во првата половина на трката. Втора година по ред, Томаш Марчињски го освоил планинскиот пласман за Вакансолел-ДКМ,[10] додека Бартош Хузарски бил победникот на пласманот на средни спринтови за Тим НетАп-Ендура.[11] Екипниот пласман бил освоен од РадиоШек-Леопард,[9] завршувајќи скоро дваесет минути пред следната најдобра екипа Канондејл.[1]
На Трката околу Полска 2013 биле доделени четири маички. Генералниот пласман бил пресметуван со додавање на сите завршни времиња на секој велосипедист по секоја етапа, а предводникот добивал жолта маичка.[19] Овој пласман бил сметан за најважен на Трката околу Полска 2013 и победникот на овој пласман бил победник на трката. Временските бонуси за генералниот пласман биле доделувани преку два метода; на етапните завршници, за првите тројца возачи, временските бонуси биле доделувани од десет секунди за победникот, шест за вториот и четири за третиот.[19] Другиот начин бил преку ново воведениот „привлечен“ пласман, кој ги рангирал возачите секој ден по нивните резултати на секое категоризирано искачување или среден спринт во текот на етапата,[20] кој им нудел на возачите бодови во износ од 3-2-1. Возачот со најмногу бодови во пласманот на крајот на секоја етапа добивал 30 секунди бонус, второпласираниот 20 секунди, а третопласираниот 10 секунди.[19] На секој изедначен пласман помеѓу возачите им се доделувал временскиот бонус за повисокото место.[19]
Постои и планински пласман, на кој била доделувана виолетовата маичка, претставувајќи ја Tauron Group, спонзори на пласманот.[19] На планинскиот пласман, бодови се добивале на врвовите на искачувањата доколку возачот се искачил пред другите велосипедисти, а повеќе бодови се добивале на повисоко категоризираните искачувања, кои биле поделени во три различни категории.[19] Двојни бодови се добивале на последното искачување на трката, на претпоследната етапа.[19] Третата маичка го претставувала бодовниот пласман, означена како белоцрвена.[19] На бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле во првите 20 на некоја етапа. На сите етапи, победата носела 20 бода, второто место 19 бода, третото 18 и по еден бод помалку сè до еден бод за 20. место.[19] Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, обележана со црвена маичка.[19] На спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле на првите три места на средните спринтови во текот на секоја етапа, со исклучок на поединечниот хронометар.[19] Исто така, постоел екипен пласман, во кој времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа биле додавани по секоја етапа; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најмало вкупно време.[19]