Џиро д’Италија 2012 - етапа 12 до етапа 21

список на статии на Викимедија

Етапата 12 на Џиро д’Италија 2012 се случила на 17 мај, а трката завршила на 27 мај. Втората половина на трката целосно се наоѓа во рамките на Италија; започнувајќи со умерено планинска етапа од Серавеца до Сестри Леванте, пред да се случи вообичаениот завршен хронометар во Милано.

Преглед на етапите; темните линии го претставуваат растојанието на поединечните етапи, додека црните испрекините линии го претставуваат растојанието поминато во трансфери помеѓу етапите.
Легенда[N 1]
  A pink jersey   Го означува предводникот во генералникот пласман   A blue jersey   Го означува предводникот во планинскиот пласман
  A red jersey   Го означува предводникот во бодовниот пласман   A white jersey   Го означува предводникот во пласманот за млад возач
   и.в. означува дека возачот, кој поминал низ целта во иста група како оној, кој го добил времето над него и затоа му било доделени истото крајно време.

Етапа 12Уреди

17 мај 2012 — Серавеца до Сестри Леванте, 155 км[1]

Етапа требала да се одржи на растојание од 157 километри,[2] но во април 2012, пред почетокот на Џиро, маршрутата била малку изменета на 155 км. Поради поројните дождови, кои предизвикале поплави и лизгања на земјиштата во октомври 2011, патиштата низ Синке Тере биле сметани за неупотреблици за трката.[3] Како таква, втората половина на трката започнала со влажна етапа долж лигурскиот брег, со четири категоризирани врвови на патеката, последниот од нив на само 11 километри пред целта во Сестри Леванте.[1] Мали напади се случувале на патеката во првиот час од етапата; додека не се создало првичното бегство по околу 40 километри.[4] Првичниот потег од седум возачи, сите од различни екипи, се одвоил од групата, додека подоцна им се приклучиле уште двајца возачи, Џексон Родригес (Андрони Џокатоли-Венецуела) и возачот на Вакансолел-ДКМ Мартајн Кајзер,[5] кој повторно влегол во бегство.

Возачот на ФДЖ-БигМет Санди Казар бил најдобро пласиран од деветте возачи во групата, заостанувајќи зад водачот во генералниот пласман Хоаким Родригес (Катјуша) четири минути и како се задржувал што подолго во бегството, станувал сè поголема закана за водството на Родригес. Предноста на бегството ја надминала таа разлика, достигнувајќи високи седум минути,[6] со уште 40 километри до целта. Кога Ликвигас-Канондејл излегле на чело на групата, воспоставиле темпо, возачот на Омега Парма-Квик Степ Михал Голаш нападнал сам во водечката група, но тој бил достигнат пред врвот на последното искачување на етапата, Вила Тасани.[4] Повеќе напади се случиле помеѓу водачите пред крајот, но Ларс Бак го презел одлучувачкиот напад на 2 километри пред крајот,[4] и на крајот победил со 11 секунди предност пред другите на целта,[5] освојувајќи ја првата поединечна етапна победа на Џиро. Касар ја предводел групата од шест возачи позади, но неговата разлика со групата била само 3' 23".[7] И покрај добиените 12 секунди бонус на целта како втор возач, Касар сè уште доцнел 26 секунди зад водачот на трката,[5] но се сместил на третата позиција во генералниот пласман, зад Родригес и возачот на Гармин-Баракуда Рајдер Хесједал.[8]

Резултат од етапа 12
Возач Екипа Време
1   Ларс Бак (ДАН) Лото-Белисол 3ч 58' 55"
2   Санди Казар (ФРА) ФДЖ-БигМет + 11"
3   Андреј Амадор (КРИ) Мовистар Тим + 11"
4   Јан Бакелантс (БЕЛ) РадиоШек-Нисан + 11"
5   Иван Сантаромита (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 11"
6   Џексон Родригес (ВЕН) Андрони Џокатоли-Венецуела + 11"
7   Аметс Чурука (ШПА) Еускалтел-Еускади + 11"
8   Мартајн Кајзер (ХОЛ) Вакансолел-ДКМ + 43"
9   Михал Голаш (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 48"
10   Хуан Антонио Флеча (ШПА) Тим Скај + 3' 34"
Генерален пласман по етапа 12
Возач Екипа Време
1   Хоаким Родригес (ШПА)   Катјуша 51ч 19' 08"
2   Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Баракуда + 17"
3   Санди Казар (ФРА) ФДЖ-БигМет + 26"
4   Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 32"
5   Иван Сантаромита (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 49"
6   Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 52"
7   Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 52"
8   Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 57"
9   Дамијано Карузо (ИТА)   Ликвигас-Канондејл + 1' 02"
10   Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 1' 03"

Етапа 13Уреди

18 мај 2012 — Савона до Червере, 121 км[9]
 
На најкратката етапа на Џиро 2012 (без хронометрите), возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Франческо Фаили (лево) и возачот на Вакансолел-ДКМ Мартајн Кајзер отишле во бегство уште на почеток на етапата, но биле достигнати на околу 20 километри од крајот во Червере.

Со 121 километар, етапата 13 била најкратка[10] етапа, без хронометрите на целиот Џиро; повторно, етапата била влажна, со само едно категоризирано искачување кај Монтеѕемоло, 31,7 километри пред крајот.[9] Етапата била идеална за спринтерите,[11] можен нивен последен обид за победа на некоја етапа, бидејќи последната на Џиро ќе биде посветена за специјалистите по искачување и кандидатите во генерален пласман. Првичното бегство на етапата била создадено рано на етапата, кога возачот на Вакансолел-ДКМ Мартајн Кајзер и возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Франческо Фаили се одвоиле во првите километри од етапата.[12] До 30. километар од етапата, водството на двајцата бегалци напред го постигнало својот максимум, кога ти биле пет и пол минути, додека потоа групата - предводена од Тим Скај и ФДЖ-БигМет – го забрзала своето темпо.[13]

Групата постојано ја намалувала предноста на двоецот напред по искачувањето и на околу 20 километри пред крајот на етапата,[13] Кајзер и Фаили биле достигнати од главната група. Кога биле сите во една група, темпото повторно се намалило, а многу екипи се обиделе да ги донесат нивните добри возачи во доволно добра позиција за завршницата во Червере. Пред да се намали темпото, ФДЖ-БигМет биле повторно на чело,[13] надевајќи се да го постават добро нивниот спринтер, Арно Демар; подоцна тие биле придружени на врвот од екипите Рабобанк и Орика-ГринЕЏ, обете екипи да ги донесат нивните соодветни австралиски спринтер Марк Реншо и Метју Гос. Во рамките на последните 10 километри, три возачи – Жилиен Берар од Аг2р-Ла Мондијал, возачот на Омега Парма-Квик Степ Жилиен Вермот и возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Фабио Фелине се обиделе да се одвојат од групата пред очекуваниот масовен спринт,[12] но спринтерските возови на {{{име на тимот-2012}}} и Тим Скај успеале да ги соберат нив. Брет Ланкастер го довел Гос до неговиот спринт, со Марк Кевендиш (Тим Скај) на неговото тркало. Кевендиш се обидел да дојде од левата страна на Гос во последните метри, но Гос ја затворил таа страна и Кевендиш попушил на неговото темпо, но се вратил успешно и го поминал Гос, освојувајќи ја третата негова етапа на Џиро.[14] Со неговата 33. етапна победа на Гранд Тур,[15] Кевендиш исто така го зголемил неговото водство во бодовниот пласман,[16] бидејќи Гос завршил само шести зад возачот на Катјуша Александер Кристоф, Реншо, возачот на Колнаго-ЦСФ Бардијани Сака Модоло и Елија Фавили од Фарнезе Вини-Селе Италија.[12] Гос ја напуштил трката по етапата,[17] со што Кевендиш, дополнително го зголемил водството.

Резултат од етапа 13
Возач Екипа Време
1   Марк Кевендиш (ВБР)   Тим Скај 3ч 02' 07"
2   Александер Кристоф (НОР) Катјуша и.в.
3   Марк Реншо (АВС) Рабобанк и.в.
4   Сака Модоло (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани и.в.
5   Елија Фавили (ИТА) Фарнезе Вини-Селе Италија и.в.
6   Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
7   Арно Демар (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в.
8   Лукас Себастијан Аедо (АРГ) {{{име на тимот-2012}}} и.в.
9   Сони Колбрели (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани и.в.
10   Мануел Белети (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
Генерален пласман по етапа 13
Возач Екипа Време
1   Хоаким Родригес (ШПА)   Катјуша 54ч 21' 15"
2   Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Баракуда + 17"
3   Санди Казар (ФРА) ФДЖ-БигМет + 26"
4   Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 32"
5   Иван Сантаромита (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 49"
6   Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 52"
7   Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 52"
8   Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 57"
9   Дамијано Карузо (ИТА)   Ликвигас-Канондејл + 1' 02"
10   Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 1' 03"

Етапа 14Уреди

19 мај 2012 — Чераско до Червинија, 206 км[18]

Првата категоризирана планинска етапа на трката вклучувала рамни делници во воведните 137 километри од етапата, пред да дојдат 50 километри искачувања на остатокот од етапата, со две искачувања од прва категорија, Кол де Жу – искачување на височина од 1.640 метри – и последното искачување во Червинија, достигнувајќи висина од 2.001 метар со просечен наклон од 5,5% на 27 километри.[18] Искачувањето Червинија било користено на трката по првпат од 1997, кога победникот на трката Иван Готи го презел водството во трката од Павел Тонков,[19] и не го повратил водството до крајот. Пред етапата била одржана една минута молк како знак на почит кон жртвите во бомбашкиот напад пред училиште во Бриндизи, кој се случил претходно во текот на денот.[20]

 
Возачот на Мовистар Тим Андреј Амадор го предводи бегството на етапата. Амадор на крајот ја освоил етапата во червинија пред возачот на Тим НетАп Јан Барта и Алесандро де Марки од Андрони Џокатоли-Венецуела; победата на Амадор бил прва победа на Костариканец освоена на некоја голема трка.

Поради теренот на етапата во првиот дел немало никакви движење од групата во првиот час тркање, пред да се променат временските услови; дождот одиграл голема улога во остатокот од денот. Осум возачи се одвоиле на околу 60 километри од етапата,[21] успевајќи да направат разлика од над 13 минути пред главната група.[22] Тројца од осумте возачи отпаднале во пониските делови на Кол де Жу, додека Ликвигас-Канондејл поставиле темпо на чело на групата, намалувајќи ја нивната предност на околу 10 и пол минути. Возачот на Тим НетАп Јан Барта се одвоил од другите членови на бегството, додека Хосе Рухано (Андрони Џокатоли-Венецуела) се поврзал со возачот на Лампре-ИСД Дамијано Кунего да се обидат да го ловат. Тие не успеале во тоа и наместо тоа било оставено Андреј Амадор од Мовистар Тим да продолжи да го достигне Барта.[22] Тој го достигнат и на крајот и го поминал, одржувајќи предност од половина минута до последното искачување кај Червинија. Тој го зголемил водството до пониските делови на искачувањето и набрзо имал предност од над една минута пред колегата на Рухано Алесандро де Марки, возачот на Аг2р-Ла Мондијал Матео Монтагути, Барта и возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Пјер Пабло де Негри.[21]

Подоцна, Де Марки и Барта со посебни напади се издвоиле од групата и на крајот стигнале до Амадор, како што групата сè повеќе се доближувала.[21] Групата била околу пет минути позади на 10 километри пред крајот, но разликата била преполовена на околу 5 минути до крајот. Де Марки се обидел да се ослободи од другите возачи, но не успеал во тоа; додека во групата имало неколку неуспешни движење, но Рајдер Хесједал од {{{име на тимот-2012}}} успеал да се одвои од групата, со што внел голема напнатост во самата група.[22] Хоаким Родригес се обидел да го следи неговиот соперник, но не бил успешен во тоа. Меѓутоа, напред во бегството, членовите се спремале за спринт; најпрвин Барта се обидел со неговиот спринт, но бил краток на линијата на целта пред Амадор, кој ја постигнал првата етапна победа за Костарика на некоја голема трка.[23][24] Де Марки завршил неколку секунди зад нив како трет, додека Хесједал успеал да дојде пред групата на Родригес за 26 секунди, со што ја презел maglia rosa.[25] Подоцна, Хесједал изјавил дека неговиот напад на планината бил „непланиран“ и дека е убеден за добивање на трката во Милано.[26]

Резултат од етапа 14
Возач Екипа Време
1   Андреј Амадор (КРИ) Мовистар Тим 5ч 33' 36"
2   Јан Барта (ЧЕШ) Тим НетАп и.в.
3   Алесандро де Марки (ИТА) Андрони Џокатоли-Венецуела + 2"
4   Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 20"
5   Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 46"
6   Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 46"
7   Хоаким Родригес (ШПА)   Катјуша + 46"
8   Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 46"
9   Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 46"
10   Џон Гадре (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 46"
Генерален пласман по етапа 14
Возач Екипа Време
1   Рајдер Хесједал (КАН)   {{{име на тимот-2012}}} 59ч 55' 28"
2   Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша + 9"
3   Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 41"
4   Санди Казар (ФРА) ФДЖ-БигМет + 1' 05"
5   Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 06"
6   Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 1' 07"
7   Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 1' 07"
8   Ригоберто Уран (КОЛ)   Тим Скај + 1' 19"
9   Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 20"
10   Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 1' 21"

Етапа 15Уреди

20 мај 2012 — Бусто Арсицио до Леко-Пјан деи Ресинели, 169 км[27]

Како и на претходната етапа, првиот дел од етапата бил главно рамен, пред да настапи првото од четирите категоризирани искачувања, Валико ди Валкава.[28] По спустот на искачувањето и другото некатеризирано искачување веднаш потоа, возачите се упатиле кон врвот од трета категорија Форчела ди Бура пред двете искачувања од втора категорија; Кулмине ди Сан Пјетро со неговиот врв на 25 километри пред крајот, како и последното искачување на Пјан деи Резинели.[28] Обилните врнежи повторно биле присутни на трката, со магла на одредени места, правејќи ги условите опасни за некои поголеми напади. Бегството било поттикнато од неколку возачи на ознаката за 18 километри, кога возачот на Аг2р-Ла Мондијал Гијом Бонафон и возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Матео Работини се одвоиле од групата. Бонафон и Работини набрзо направиле разлика од околу девет минути по некои 30 километри подоцна,[29] но двоецот го достигнал подножјето на Валико ди Валкава со осумминутно водство.[30]

 
Откако Гијом Бонафон отпаднал во текот на етапата, понатаму возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Матео Работини се натпреварувал сам до крајот на етапата. И покрај падот и притисокот од возачот на Катјуша Хоаким Родригес, Работини успеал да победи на својата прва етапа на Џиро.

Во исто време, седум возачи побегнале напред од групата на {{{име на тимот-2012}}},[29] Работини набрзо го напуштил Бонафон на искачувањето, започнувајќи самостоен напад на патеката. Пет возачи исто така се придружиле на групата пред главната група, која го ловела Работини до крајот. Работини го поминал врвот со скоро пет минути разлика пред првата група,[30] додека главната група доцнела уште неколку минути зад нив. {{{име на тимот-2012}}} и Ликвигас-Канондејл продолжиле да поставуваат темпо на чело на главната група, гледајќи да ги донесат Рајдер Хесједал и Иван Басо во предност во генералниот пласман. Работини доживеал пад[31] во последните 30 километри на етапата, но сè уште ја држел предноста од над две минути пред првата група. Астана го презеле нивниот ред на чело на главната група, со што многу возачи отпаднале од групата.[30]

Работини имал предност од две и пол минути во последните 10 километри на етапата, но Стефано Пираци тргнал во напад од првата група за Колнаго-ЦСФ Бардијани; негов втор таков напад на етапата, претходно нападнал на Кулмине ди Сан Пјетро, пред да биде достигнат од другите возачи. Дамијано Кунего (Лампре-ИСД) и Аметс Чурука (Еускалтел-Еускади) се издвоиле од малата група, додека противнападот на возачот на Катјуша Алберто Лосада, Кунего не можел да го испрати, додека Чурука му се придружил на Лосада. Лосада се одвоил од Чурука и Пираци и тргнал кон Работини, додека во главната група, колегата на Кунего Микеле Скарпони[29] нападнал и само Басо, возачот на Тим Скај Серхио Енао и Хоаким Родригес (Катјуша) го прателе. Потоа, Родригес забрзал, достигнувајќи и поминувајќи ги Пираци и Чурука, додека колегата Лосада го чекал да му помогне во искачувањето; продолжил без Лосада, достигнувајќи го Работини во последните 300 метри.[32] Работини го затворил Родригес и му пришол од позади на последната кривина во лево и го победил на целта за негова прва победа од Трката околу Турција 2011.[33] Родригес ја повратил maglia rosa од Хесједал,[34] додека четврто пласираниот Енао го презел водството во пласманот за млад возач од колегата Ригоберто Уран.[35]

Резултати од етапа 15
Возач Екипа Време
1   Матео Работини (ИТА) Фарнезе Вини-Селе Италија 5ч 15' 30"
2   Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша и.в.
3   Алберто Лосада (ШПА) Катјуша + 23"
4   Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 25"
5   Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 25"
6   Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 25"
7   Стефано Пираци (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 29"
8   Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 29"
9   Џон Гадре (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 29"
10   Аметс Чурука (ШПА) Еускалтел-Еускади + 29"
Генерален пласман по етапа 15
Возач Екипа Време
1   Хоаким Родригес (ШПА)   Катјуша 65ч 11' 07"
2   Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 30"
3   Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 22"
4   Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 1' 26"
5   Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 1' 27"
6   Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 36"
7   Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 1' 42"
8   Серхио Енао (КОЛ)   Тим Скај + 1' 55"
9   Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 2' 12"
10   Санди Казар (ФРА) ФДЖ-БигМет + 2' 13"

Етапа 16Уреди

22 мај 2012 — Лимоне сул Гарда до Фалцес-Пфалцен, 173 км[36]
 
Бегството било предводено од возачот на Еускалтел-Еускади Јон Изагире. Изагире нападнал на 4 километри пред крајот и сам стигнал до неговата прва етапна победа на Гранд Тур и втор победа во неговата професионална кариера.

По вториот и последен ден за одмор на трката претходниот ден, трката се вратила на етапа одредена како „умерено планинска“ без ниедно категоризирано искачување на 173 километри.[37] И покрај ова, етапата постојано имала наклон на патеката, пред да ја достигне највисоката точка на крајот - преку завршното искачување со наклон од 12% на одредени места, сè уште некатеризирано[38][39] – во Пфалцен, 998 метри надморска височина.[37] Откако потегот за бегство на тринаесет возачи се покажал неуспешен, вториот бран на десет возачи го направиле нивниот напад на групата на околу 60 километри, но ниеден од тие возачи не претставувал закана за водачот во генералниот пласман Хоаким Родригес (Катјуша); најдобро пласиран возач во групата бил возачот на Мовистар Тим Хосе Ерада, кој бил 32 минути зад Родригес на почетокот на етапата.[40]

Со таква предност пред нивните соперници во водечката група, групата одбрала да не ги прати и со тоа, разликата постојано се зголемувала, достигнувајќи скоро 13 минути во последните 30 километри од етапата.[40] Додека главната група успеала маргинално да го намали водството, кое членовите напред успешно го одржувале, во последните 10 километри, со Тим Скај на чело, кој поставил темпо, кое им дозволувало на нивните носители на маички Марк Кевендиш (бодовен пласман) и Серхио Енао (млад возач) да останат напред со цел избегнување на опасности во последните етапи.[39][41] На чело, возачот на БМЦ Рејсинг Тим Матијас Франк го следел потекот на Ерада, возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Алесандро де Марки и Јон Изагире од Еускалтел-Еускади, но Изагире успеал да се одвои од оваа група на околу 4 километри пред крајот.[39] Изагире не бил достигнат, на крајот доаѓајќи сам до победа, прва на некоја Гранд Тур трка и втора годинава по претходната победа на хронометарот во април на Вуелта а Астурија.[42] Де Марки го победил Стеф Клемент (Рабобанк) за второто место,[43] додека групата успеала да ја намали разликата на крајот на под девет минути, по поставеното темпо од Ликвигас-Канондејл и {{{име на тимот-2012}}}.[40]

Резултат од етапа 16
Возач Екипа Време
1   Јон Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади 4ч 02' 00"
2   Алесандро де Марки (ИТА) Андрони Џокатоли-Венецуела + 16"
3   Стеф Клемент (ХОЛ) Рабобанк + 16"
4   Матијас Франк (ШВА) БМЦ Рејсинг Тим + 19"
5   Хосе Ерада (ШПА) Мовистар Тим + 21"
6   Мануеле Боаро (ИТА) {{{име на тимот-2012}}} + 37"
7   Матијас Брендле (АВТ) Тим НетАп + 43"
8   Николас Мес (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 45"
9   Ларс Бак (ДАН) Лото-Белисол + 45"
10   Лука Мацанти (ИТА) Фарнезе Вини-Селе Италија + 48"
Генерален пласман по етапа 16
Возач Екипа Време
1   Хоаким Родригес (ШПА)   Катјуша 69ч 22' 04"
2   Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 30"
3   Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 22"
4   Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 1' 26"
5   Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 1' 27"
6   Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 36"
7   Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 1' 42"
8   Серхио Енао (КОЛ)   Тим Скај + 1' 55"
9   Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 2' 12"
10   Санди Казар (ФРА) ФДЖ-БигМет + 2' 13"

Етапа 17Уреди

23 мај 2012 — Фалцес-Пфалцен до Кортина Дампецо, 186 км[44]
Резултат од етапа 17
Возач Екипа Време
1   Хоаким Родригес (ШПА)   Катјуша 5ч 24' 42"
2   Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл и.в.
3   Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} и.в.
4   Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај и.в.
5   Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД и.в.
6   Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 2"
7   Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 1' 22"
8   Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 1' 22"
9   Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 1' 22"
10   Јохан Чоп (ШВА) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 22"
Генерален пласман по етапа 17
Возач Екипа Време
1   Хоаким Родригес (ШПА)   Катјуша 74ч 46' 46"
2   Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 30"
3   Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 22"
4   Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 36"
5   Ригоберто Уран (КОЛ)   Тим Скај + 2' 56"
6   Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 3' 04"
7   Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 3' 19"
8   Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 4' 13"
9   Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 4' 38"
10   Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 4' 42"

Етапа 18Уреди

24 мај 2012 — Сан Вито ди Кадоре до Веделаго, 149 км[45]
Резултат од етапа 18
Возач Екипа Време
1   Андреја Гвардини (ИТА) Фарнезе Вини-Селе Италија 3ч 00' 52"
2   Марк Кевендиш (ВБР)   Тим Скај и.в.
3   Роберто Ферари (ИТА) Андрони Џокатоли-Венецуела и.в.
4   Роберт Хантер (ЈАР) {{{име на тимот-2012}}} и.в.
5   Лукас Себастијан Аедо (АРГ) {{{име на тимот-2012}}} и.в.
6   Џакомо Ницоло (ИТА) РадиоШек-Нисан и.в.
7   Александер Кристоф (НОР) Катјуша и.в.
8   Франческо Кики (ИТА) Омега Парма-Квик Степ и.в.
9   Жофре Суп (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в.
10   Денис Ванендерт (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
Генерален пласман по етапа 18
Rider Team Time
1   Хоаким Родригес (ШПА)   Катјуша 77ч 47' 38"
2   Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 30"
3   Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 22"
4   Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 36"
5   Ригоберто Уран (КОЛ)   Тим Скај + 2' 56"
6   Бењат Инчаусти (ШПА) Мовистар Тим + 3' 04"
7   Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 3' 19"
8   Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 4' 13"
9   Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 4' 38"
10   Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 4' 42"

Етапа 19Уреди

25 мај 2012 — Тревизо до Алпе ди Пампеаго, 198 км[46]
Резултати од етапа 19
Возач Екипа Време
1   Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана 6ч 18' 03"
2   Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 19"
3   Хоаким Родригес (ШПА)   Катјуша + 32"
4   Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 35"
5   Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 43"
6   Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 55"
7   Ригоберто Уран (КОЛ)   Тим Скај + 57"
8   Микел Ниеве (ШПА) Еускалтел-Еускади + 1' 18"
9   Стефано Пираци (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 1' 22"
10   Џон Гадре (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 22"
Генерален пласман по етапа 19
Возач Екипа Време
1   Хоаким Родригес (ШПА)   Катјуша 84ч 06' 13"
2   Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 17"
3   Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 39"
4   Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 45"
5   Ригоберто Уран (КОЛ)   Тим Скај + 3' 21"
6   Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 3' 30"
7   Џон Гадре (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 5' 36"
8   Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 5' 40"
9   Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 5' 47"
10   Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-ИСД + 6' 09"

Етапа 20Уреди

26 мај 2012 — Калдес-Вал ди Соле до Пасо дело Стелвио, 219 км[47]
Резултати од етапа 20
Возач Екипа Време
1   Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ 6ч 54' 41"
2   Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-ИСД + 56"
3   Микел Ниеве (ШПА) Еускалтел-Еускади + 2' 50"
4   Хоаким Родригес (ШПА)   Катјуша + 3' 22"
5   Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 3' 34"
6   Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 3' 36"
7   Џон Гадре (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 4' 29"
8   Ригоберто Уран (КОЛ)   Тим Скај + 4' 53"
9   Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 4' 55"
10   Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 4' 55"
Генерален пласман по етапа 20
Возач Екипа Време
1   Хоаким Родригес (ШПА)     Катјуша 91ч 04' 16"
2   Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 31"
3   Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 51"
4   Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 2' 18"
5   Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 3' 18"
6   Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-ИСД + 3' 43"
7   Ригоберто Уран (КОЛ)   Тим Скај + 4' 52"
8   Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 5' 47"
9   Микел Ниеве (ШПА) Еускалтел-Еускади + 5' 56"
10   Џон Гадре (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 6' 43"

Етапа 21Уреди

27 мај 2012 — Милано, 30,1 км, поединечен хронометар (ITT)[48]

БелешкиУреди

  1. Маичките, кои се појавуваат во табелата на левата страна и покажуваат од кој велосипедист се носени на соодветната етапа, додека оние кои се појавуваат во табелата на десната страна ги покажуваат оние наградени на велосипедистот по етапата.

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Профил на Етапа 12: Серавеца-Сестри Леванте“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  2. Рајан, Бери (16 октомври 2011). „Рутата на Џиро д'Италија 2012 сменета“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 17 мај 2012.
  3. „Патиштата околу Синке Тере неупотребливи за Џиро“. Cycling News. Future Publishing Limited. 18 април 2012. Посетено на 17 мај 2012.
  4. 4,0 4,1 4,2 Аткинс, Бен (17 мај 2012). „Ларс Бак избега од бегството за да дојде до победа на етапата 12“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 17 мај 2012.
  5. 5,0 5,1 5,2 Вестемајер, Сузан (17 мај 2012). „Бак победи во Сестри Леванте“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 17 мај 2012.
  6. Абрахам, Ричард (17 мај 2012). „Бак нападнал и победил на Џиро“. Cycling Weekly. Future Publishing Limited. Посетено на 17 мај 2012.
  7. „Ларс Бак до победа на дванаесеттата етапа на Џиро“. The Globe and Mail. Phillip Crawley; The Globe and Mail Inc. Associated Press. 17 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-23. Посетено на 17 мај 2012.
  8. „Хоаким Родригес остана во розово на Џиро“. BBC Sport. BBC. 17 мај 2012. Посетено на 17 мај 2012.
  9. 9,0 9,1 „Профил на етапа 13: Савона-Червере“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  10. „Марк Кевендиш со спринт до победа на етапата 13, а Родригес остана во розово“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. 18 мај 2012. Посетено на 18 мај 2012.
  11. „Џиро д'Италиа 2012: Преглед на етапа 13“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. 2 мај 2012. Посетено на 18 мај 2012.
  12. 12,0 12,1 12,2 Косинс, Питер (18 мај 2012). „Кевендиш со победа на етапата 13 во Червере“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 18 мај 2012.
  13. 13,0 13,1 13,2 Аткинс, Бен (18 мај 2012). „Марк Кевендиш повторно до победа на Џиро“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 18 мај 2012.
  14. Мекграт, Енди (18 мај 2012). „Кевендиш до трета етапа на Џиро“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 18 мај 2012.
  15. Фотерингем, Аласдер (18 мај 2012). „Кевендиш со планови за планините по етапната победа“. Reuters. Thomson Reuters. Посетено на 18 мај 2012.
  16. „Етапата 13 среќна за Кевендиш, со што дојде до трета победа на Џиро д'Италиа 2012“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 18 мај 2012. Посетено на 18 мај 2012.
  17. Ryan, Barry (19 мај 2012). „Гос го напушта Џиро“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 19 мај 2012.
  18. 18,0 18,1 „Профил на етапа 14: Чераско-Червинија“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  19. „Gotti pink jersey“. RAI (италијански). Radiotelevisione italiana S.p.A. Посетено на 20 мај 2012.
  20. „Амадор ја донесе првата костариканска етапна победа на Џиро“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Reuters. 19 мај 2012. Посетено на 20 мај 2012.
  21. 21,0 21,1 21,2 Вестемајер, Сузан (19 мај 2012). „Амадор до победа на етапата 14 на Џиро д'Италиа“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 20 мај 2012.
  22. 22,0 22,1 22,2 Аткинс, Бен (19 мај 2012). „Рајдер Хесједал нападнал за розово на врвот Червинија“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 20 мај 2012.
  23. „Андреј Амадор до целта за победа на првата планинска етапа на Џиро 2012; Хесједал назад во розово“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 19 мај 2012. Посетено на 20 мај 2012.
  24. Quénet, Jean-François (19 May 2012). „Amador puts nightmare behind him with Giro d'Italia stage win“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 20 May 2012.
  25. Браун, Грегор (19 мај 2012). „Амадор победи на првата планинска етапа на Џиро, додека Хесједал го презеде водството“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 20 мај 2012.
  26. Кене, Жан-Франсоа (19 мај 2012). „Враќањето на Хесједал во розова на Џиро д'Италиа било непланирано“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 20 мај 2012.
  27. „Профил на етапа 15: Бусто Арсицио-Леко-Пјан деи Ресинели“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  28. 28,0 28,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Parc15.
  29. 29,0 29,1 29,2 Косинс, Питер (20 мај 2012). „Работини победил на етапата 15 на Џиро д'Италиа“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 20 мај 2012.
  30. 30,0 30,1 30,2 Аткинс, Бен (20 мај 2012). „Херојот Матео Работини победи на Пјна деи Резинели по целодневното бегство“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 20 мај 2012.
  31. „Хоаким Родригес го поврати водството“. BBC Sport. BBC. 20 мај 2012. Посетено на 20 мај 2012.
  32. „Матео Работини го отспринта Родригес на линијата на целта на етапата 15; Пурито останува во розово“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 20 мај 2012. Посетено на 20 мај 2012.
  33. Мекмајкл, Сајмон (20 мај 2012). „Само бегство на Работини му донесе победа од Родригес, кој премина во розово“. Road.cc. Farrelly Atkinson Ltd. Посетено на 20 мај 2012.
  34. Вин, Најџел (20 мај 2012). „Работини дојде до тесна победа на етапата 15 на Џиро“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 20 мај 2012.
  35. „Енао води во пласманот за млад возач“. Тим Скај. BSkyB. 20 мај 2012. Посетено на 20 мај 2012.
  36. „Профил на етапа 16: Лимоне сул Гарда-Фалцес-Пфалцен“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  37. 37,0 37,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Parc16.
  38. Кене, Жан-Франсоа (22 мај 2012). „Изагире до етапна победа на дебито на некоја голема трка“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 22 мај 2012.
  39. 39,0 39,1 39,2 Аткинс, Бен (22 мај 2012). „Јон Изагире со бегство до победа на етапата 16“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 22 мај 2012.
  40. 40,0 40,1 40,2 Вестемајер, Сузан (22 мај 2012). „Изагире триумфирал на етапата 16 на Џиро“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 22 мај 2012.
  41. „Мирен ден на Џиро“. Тим Скај. BSkyB. 22 мај 2012. Посетено на 22 мај 2012.
  42. „Изагире победник на етапата 16 на Џиро“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 22 мај 2012. Посетено на 22 мај 2012.
  43. Мекграт, Енди (22 мај 2012). „Изагире до победа за Баскија на Џиро“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 22 мај 2012.
  44. „Профил на етапа 17: Фалцес-Пфалцен-Кортина Дампецо“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  45. „Профил на етапа 18: Сан Вито ди Кадоре-Веделаго“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  46. „Профил на етапа 19: Тревизо-Алпе ди Пампеаго“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  47. „Профил на етапа 20: Калдес-Вал ди Соле-Пасо дело Стелвио“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.
  48. „Профил на етапа 21: Милано-Милано“ (PDF). La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 4 мај 2012.