Патрик Бевин

велосипедист

Патрик Бевин (англиски: Patrick Bevin; р. 2 мај 1991) — новозеландски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Интермарше-Сиркус-Ванти.[1][2]

Патрик Бевин
Лични податоци
Цело имеПатрик Бевин
ПрекарПеди
Роден2 мај 1991(1991-05-02)(33 г.)
Хамилтон, Нов Зеланд Нов Зеланд
Висина1,80 м
Маса75 кг
Податоци за клубот
Мом. клубИнтермарше-Сиркус-Ванти
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2009
2010
Биси Вида
Рубикон Орбеа
Професионални клубови
2010–2013
2014
2015
2016-2017
2018-
Бисел
Search2retain-Health.com.au
Аванти Рејсинг Тим
Канондејл-Драпак
Ванти-Груп Гобер
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 ТТТ етапа (2018)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2016, 2019)
Последна промена
23 јануари 2019

Кариера

уреди

Во 2009 година, Бевин возел за новозеландската екипа Биси Вида. Во овој период освоил две етапи на Трката околу Саутленд 2009 и ја освоил друмската трка на Океанското друмско првенство. Бил прогласен за новозеландски јуниорски друмски велосипедист на годината.[3] Потоа, Бевин се преселил во САД и кратко настапувал за развојната екипа Рубикон Орбеа, со значаен успех и бил забележан од екипата Бисел, американска континентална екипа.[3] Бевин возел за Бисел до распуштањето на екипата на крајот на сезоната 2013.[4] Во овој период освоил неколку критериуми и класикот Бакс Каунти 2012.[5] Во текот на сезоната 2014 возел за австралиската екипа Search2retain-Health.com.au, освојувајќи ја трката во главниот град, со што заработил договор со Аванти Рејсинг Тим за 2015.[6] Во 2014 година возел за новозеландската екипа на Ан Пост Рас 2014, каде освоил две етапи и бодовниот пласман и кратко го предводел генералниот пласман.[5]

Во 2015 година, возејќи за Аванти, Бевин завршил на третото место на националното хронометарско првенство и на шестото место на националното друмско првенство. Откако завршил на 13. место на друмската трка „Кедел Еванс“, возел на Хералд Сан Тур 2015. На оваа трка завршил помеѓу првите 10 на три етапи, вклучувајќи победа на завршната етапа (негова прва професионална победа).[7] Завршил втор на крајот на трката, 11 секунди зад Камерон Мајер (Орика-ГринЕЏ).[8] Негова следна трка била класикот РЕВ во Нов Зеланд, каде победил во спринт на тројца велосипедисти.[9]

Потоа, Бевин учествувал на Трката околу Тајван 2015. Ја освоил втората етапа пред Хосеин Аскари и го преземал водството на трката.[10][11] Откако го изгубил водството од Самад Пурсеједи (Тебриз Петрокемикал Тим) следниот ден, Бевин завршил четврти во генералниот пласман и го освоил бодовниот пласман, завршувајќи во првите десет на четири од петте етапи.[12] Негова следна професионална трка била Трката околу Кореја. Бевин завршил прв на четвртата етапа (победувајќи го Кејлеб Јуан во спринтот) и втор на другите пет. Исто така, завршил втор во генералниот и бодовниот пласман.[7]

Во август 2015 година било објавено дека Бевин потпишал двегодишен договор да вози за екипата Канондејл-Гармин, опишан како „возач кој има изгледа има сè“.[13]

Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[14] Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[15]

Достигнувања

уреди
2008
3. Краен пласман Трка Кентербери
1. Етапа 4
2009
1. Океанско друмско првенство
Трка околу Саутленд
1. Етапа 4
1. Етапа 7
2010
1. Класик РЕВ
1. Гранд Сајклинг Класик
3. Критериум Шарлот Презбитеријан Хоспитал
4. Тур де Вајнјардс
1. Етапа 1
1. Етапа 2
5. Велосипедски предизвик Езеро Таупо
2011
2. Планински класик
2. Краен пласман Трка околу Саутленд
3. Краен пласман Залив Хоукс
1. Етапа 1
3. Етапа 3 Класик Меклејн Пацифик
4. Сани Кинг
5. Критериум Росвел
1. Етапа 8
1. Краен пласман Тур де Вајнјардс
1. Етапа 1
2012
1. Класик Бакс Каунти
2014
Ан Пост Рас
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1.   Бодовен пласман
2015
1. Класик РЕВ
2. Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Етапа 4
2. Краен пласман Трка околу Кореја
1. Етапа 4
3. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман Трка околу Тајван
1. Етапа 2
1.   Бодовен пласман
2016
1.   Национално хронометарско првенство
5. Велосипедска трка Чешка
1. Етапа 1 (ТТТ)
10. Краен пласман Тур Даун Андер
10. Тур ди От Вар
2017
6. Краен пласман Трка околу Норвешка
9. Пиплс Чојс Класик
2018
1. Етапа 3 (ТТТ) Тур де Франс
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
Светско друмско првенство
3.   Екипен хронометар
8. Хронометар
4. Краен пласман Трка околу Британија
1.   Бодовен пласман
9. Краен пласман Тур де Јоркшир
2019
Национални првенства
1.   Хронометар
5. Друмска трка
Тур Даун Андер
1.   Спринтерски пласман
1. Етапа 2

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2016 2017 2018
  Џиро
  Тур 114 СО
  Вуелта СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. Лонг, Дејвид (27 јуни 2017). „Kiwis Paddy Bevin, Dion Smith to race at Tour de France“. Stuff.co.nz. Посетено на 3 јули 2017.
  2. Фери, Марко (24 декември 2018). „CCC Team, Riccardo Zoidl prende il posto di Denifl e completa il roster“ [CCC Team, Riccardo Zoidl takes the place of Denifl and completes the roster]. SpazioCiclismo – Cyclingpro.net (италијански). Gravatar. Посетено на 2 јануари 2019.
  3. 3,0 3,1 Холкомб, Брајан (12 јули 2010). „Кој е Патрик Бевин, победникот на овонеделниот Гранд Сајклинг Класик?“. Velonews. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 23 март 2015.
  4. „Патрик Бевин“. ProCyclingStats. Посетено на 23 март 2015.
  5. 5,0 5,1 „Патрик Бевин“. ProCyclingStats. Посетено на 23 март 2015.
  6. Вудпауер, Зеб (31 октомври 2014). „Bevin looking ahead to a big 2015 with Avanti“. Cyclingnews.com. Посетено на 23 март 2015.
  7. 7,0 7,1 „Патрик Бевин“. ProCyclingStats. Посетено на 23 март 2015.
  8. Вудпауер, Зеб (8 февруари 2015). „Етапната победа за Бевин го обезбеди второто место на Хералд Сан Тур“. Cyclingnews.com. Посетено на 23 март 2015.
  9. Прајс, Стив. „Бевин повторно го освоил класикот РЕВ!“. Аванти Рејсинг Тим. Архивирано од изворникот на 2015-03-26. Посетено на 23 март 2015.
  10. „Трка околу Тајван 2015 - Етапа 2“. ProCyclingStats. Посетено на 23 март 2015.
  11. „Nieuw-Zeelander grijpt de macht in Ronde van Taiwan“. Het Nieuwsblad (холандски). 23 март 2015. Посетено на 23 March 2015.
  12. „Pourseyedigolakhour wins Tour de Taiwan overall“. Cyclingnews.com. 26 март 2015. Посетено на 27 март 2015.
  13. „Cannondale-Garmin sign Bevin, Mullen“. Cyclingnews.com. 19 август 2015. Посетено на 19 август 2015.
  14. „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. Посетено на 20 август 2016.
  15. „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јуни 2017.

Надворешни врски

уреди