Зелден
Зелден е општина во Тирол, Австрија.
Зелден Sölden | ||
---|---|---|
Зелден во февруари 2005 | ||
Местоположба во округот | ||
Земја | Австрија | |
Покраина | Тирол | |
Округ | Имст | |
Управа | ||
• Градоначалник | Ернст Шепф | |
Површина[1] | ||
• Вкупна | 466,89 км2 (18,027 ми2) | |
Надм. вис. | 1.368 м | |
Население (2018-01-01)[2] | ||
• Вкупно | 3.145 | |
• Густина | 0,067/км2 (0,17/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски број | 6450 | |
Повикувачки број | 05254 | |
Рег. таб. | IM | |
Мреж. место | soelden.tirol.gv.at |
Географија
уредиСо површина од 467 km2 Зелден е најголемата општина во Австрија. Зелден има 3.449 (2003 година) постојани жители, но има капацитети во кои може да се сместат 15.000 туристи. Годишно во Зелден се реализираат преку 2 милиони ноќевања, и според тоа, таа е трета најпопуларна австриска туристичка дестинација (по Виена и Салцбург).
Селото Зелден се наоѓа на надморска височина од 1368 метри, а селото Хоксолден на 2090 метри, каде што има 5 хотели со четири ѕвезди. Највисок врв е Вилдшпице со 3768 метри, втор највисок врв во Австрија, по Гросглокнер.
Оцталскиот леднички пат е вториот највисок поплочен пат во Европа. По тој пат од Зелден се оди до ледникот Ретенбах и ледниците Тиефенбахфернер во Ецталските Алпи.
Скијачки центар
уредиЗелден е исто така популарен скијачки центар и тука редовно се одржуваат првите трки од Светскиот куп во сезоната; трката во велеслалом во двете конкуренции (мажи и жени) најчесто се закажува кон крајот на октомври на ледникот Ретенбах. Трките во октомври 2016 година започнале на 3040 метри (н.в) и завршиле на 2670 метри, вертикален пад од 370 метри.[3][4]
Наводи
уреди- ↑ „Dauersiedlungsraum der Gemeinden Politischen Bezirke und Bundesländer - Gebietsstand 1.1.2018“. Статистика Австрија. Посетено на 10 март 2019.
- ↑ „Einwohnerzahl 1.1.2018 nach Gemeinden mit Status, Gebietsstand 1.1.2018“. Статистика Австрија. Посетено на 9 март 2019.
- ↑ FIS-ski.com - World Cup - Sölden - women's GS - 2nd run results - 2016-10-22
- ↑ FIS-ski.com - World Cup - Sölden - men's GS - 2nd run results - 2016-10-23
Надворешни врски
уреди- Зелден на Ризницата ?
- Soelden.com - официјално мрежно место за туристите
- Ски-Австрија - Скијање во Зелден