Симеон Јанков
Симеон Јанков – македонски писател и преведувач
Симеон Јанков |
---|
Животопис
уредиСимеон Јанков е роден на 21 август 1981 г. во Скопје. Завршил средно во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ - Скопје. Дипломирал Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Во средношколските и студентските денови, се занимавал со бокс, а многу години подоцна, веќе не толку редовно и пред сѐ, од чисто задоволство, и со уште два други боречки спорта. Во минатото, аматерски се занимавал со проучување на словенската митологија, а во последните неколку години, страсно ги проучува врските меѓу македонскиот јазик и словенските, воопшто, од една страна, и останатите индоевропски јазици, од друга, фасциниран од нивната блискост, која најчесто не е воочлива на прв поглед, притоа служејќи се со литературата на некои од најголемите и најреномираните научници на тоа поле, како Макс Фасмер, Рик Дрексен, Олег Трубачов и други, и се надева дека, некогаш во иднина, користејќи ги живите и најфасцинантни примери, ќе напише една небелетристичка книга од таа област, читлива и достапна за пошироката публика.
Живее во Скопје. Романот е засега единствениот литературен жанр во кој се пронаоѓа. Покрај тоа што пишува преведува од англиски, руски, српски и хрватски јазик.
Творештво
уреди- „Црна шума“, роман („Ми-Ан“, Скопје, 2019)[1]
- „Најосаменото место“, роман (Или-Или, Скопје, 2021)[2]
Претставувања и промоции
уредиНаводи
уреди- ↑ „Книгоиздателство Ми-Ан - НАЈНОВО ОД МИАН! „Црна шума" од Симеон Јанков - роман кој е вистинско дебитантско откритие! Скроена со вештина на зрел раскажувач, ова е книга што силно ќе ве прегрне сѐ до последниот здив од последната станица од која што, иако ќе се симнете, патувањето ќе продолжи уште долго време. Наскоро: информации за продажните места | Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2023-11-15.
- ↑ msp-admin. „Најосаменото место“. ИЛИ-ИЛИ. Посетено на 2023-11-15.