Рифат Емин
Рифат Емин е роден 1974 во Скопје година поет, прозаист, музичар, историчар на уметноста, билингвистичар е и пишува и објавува на турски и македонски јазил.
Рифат Емин | |
---|---|
Занимање | поет, музичар, истоеичар на уметноста |
Државјанство | турско |
Образование | Филозофски факултет Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. |
Биографија
уредиРифат Емин дипломирал на Историја на уметноста на Филозофски факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Како автор билингвист, пишува и објавува како на турски, така и на македонски јазик.
Неговата прва стихозбирка под името „Ентипуфтен“ ја објави на турски јазик во 1996 година во Скопје. Заедно со татко му Илхами Емин, познатиот писател и културен работник, ја подготвија книгата „Балканот и Турците“ која што се објави во Турција на турски јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
Неговата втора книга на поезија под името „Дингилдек“ се објави како онлајн издание на интернет. Во 2015 година објави музички албум под името „С’р“ (Скриено). Неговата трета стихозбирка, напишана на турски јазик се објави во ноември 2018 година под името "bî-nihâyet" (без-конечно) во Скопје.
Добитник е на наградата Книжевен мост за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија за 2019 година, доделена од страна на Друштвото на Писателите на Македонија.
Дела
уреди„Балканот и Турците“, соавторство со Илхами Емин, 1996 година;
„Дингилдек“ поетска книга, онлајн издание;
"bî-nihâyet" (без-конечно), поезија, 2019.
Музички албум:
„S’r“ (Скриено), 2015.