Сегунда лига (Португалија)

(Пренасочено од Сегунда Дивисао)

Сегунда лига — второто највисоко ниво во португалскиот фудбалски лигашки систем, зад Примеира лига. На крајот од секоја сезона, најдобро пласираните екипи изборуваат промоција во Примеира лига, додека најслабо рангираните испаѓаат во третото ниво Кампеонато де Португал до 2020 година и новоформираната Терсеира лига почнувајќи од 2021.

Сегунда лига
ЗемјаПортугалија Португалија
КонфедерацијаУЕФА
Основана1990 (како Сегунда Дивисао)
Број на клубови18
Нивоа на пирамида2
Промоција воПримеира лига (прва лига)
Испаѓање воТерсеира лига (трета лига)
Домашен купКуп на Португалија
Лига купЛига куп на Португалија
Тековен првакПасош де Фереира Пасош де Фереира (4. титула)
(2019–20)
Најмногу титулиПасош де Фереира Пасош де Фереира (4)
ТВ партнериSport TV
Мрежно местоligaportugal
2020–21

ЛигаПро е основана во 1990 година како Сегунда Дивисао. Во 1999 година името на лигата било променето во Сегунда лига, и под тоа име лигата била позната сè до 2016 година, со исклучок на 2005 и 2012 година кога истата го носела името Лига де Онра. Од 2016 година го носела името ЛигаПро се до сезоната 2020-2021, кога било вратено старото име Сегунда лига, но поради спонзорски причини позната е и како Лига Португал 2.

Почнувајќи од сезоната 2018-2019, во ЛигаПро се натпреваруваат 18 клубови, вклучувајќи ги и резервните екипи на некој екипи од Примеира лига.

Најуспешна екипа е Пасош де Фереира со 4 освоени титули.

Надворешни врски

уреди