Миодраг Друговац
Миодраг (Милошевиќ) Друговац (1928 - 1995) - поет, есеист, критичар, книжевен историчар, антологичар и преведувач, роден е во с. Друговац, Пожаревац, Србија на 12 октомври 1928 година, починал во Скопје на 9 октомври 1995 година.
Животопис
уредиДоктор по филолошки науки. Работел како уредник на списанијата „Современост“ и „Литературен збор“, апотоа како редовен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје[1].
Бил почесен член на Друштво на писатели на Македонија[2].
Пишувал на српски и на македонски јазик, автор е на капитално дело „Историја на македонската книжевност во XX век“[3].
Дела
уреди- Поредок на немирот (поезија, 1960);
- Подвижно огледало (критики и есеи, 1968);
- Биографија литерарија (критики и есеи, 1968);
- Влашка рапсодија (поезија, 1969);
- Современици (есеи, 1970);
- Книга за Јаневски (монографија, 1971);
- Книжевно Браничево (студија, 1972);
- Принцип и пример (есеи, 1972);
- Ристо Крле (монографија, 1974);
- Современа македонска книжевна критика (студија, 1974);
- Македонски писатели за деца (студии, 1975);
- Македонската книжевност од Мисирков до Рацин (студии, 1975);
- Повоената македонска книжевност (студии, 1979);
- Ријеч као судбина (есеи, 1979);
- Повоената македонска книжевност (студии, 1979);
- Современи македонски писатели (студии, 1979);
- За македонската книжевна критика (студија, 1980);
- Лирски мемоари (студија и поетски избор, 1982);
- Критиката на Митрев (студија, 1985);
- Поетиката на Гане Тодоровски (студија, 1988);
- Преглед на македонската книжевна критика (студии, 1988);
- Критички раскопки (студии, 1989);
- Кон македонската книжевна синтеза (студии, 1990);
- Историја на македонската книжевност 20. век (1990);
- Огледало и светилка (есеи и критики, 1991);
- Час по лектира (есеи и критики, 1991)
- Моделот и текстот(студии, 1994);
- Македонска книжевност за деца и младина (од Џинот до Рацин) (монографија, 1996)
- Трагачот, честакот и јатката (студија, 1997)
Награди
уредиНаводи
уреди- ↑ „ДРУГОВАЦ, Миодраг Милошевиќ“. Архивирано од изворникот на 2021-02-09. Посетено на 2021-02-02.
- ↑ Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.
- ↑ Современици