Ката Мисиркова-Руменова
(Пренасочено од Ката Мисиркова Руменова)
Ката Мисиркова–Руменова (Постол, Егејска Македонија, 14 септември 1930 — Скопје, Македонија, 22 ноември 2012) — македонски раскажувач, романописец, поет и драмски писател.[1] Родена е на 14 септември 1930 година во с. Постол, Ениџе Вардар, Егејска Македонија. Работниот век го завршила како библиотекар. Член била на ДПМ од 1966 година.
Ката Мисиркова-Руменова | ||
Родена | 14 септември 1930 Постол, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починала | 22 ноември 2012 Скопје, Македонија | |
Занимање | раскажувач, романописец, поет и драмски писател |
Ката Мисиркова-Руменова е внука на Крсте Мисирков. Починала на 82-годишна возраст во Скопје.[2]
Книжевно творештво
уреди- Го љубам својот град (роман за деца, 1964)
- Детството на Мисирков (роман за деца, 1965)
- Скршени вејки (драма, 1965)
- Песна за огновите (раскази, 1966)
- Жешка земја (роман, 1968)
- Добрите момчиња од земјата вардарска (роман, 1969)
- Корнење (роман, 1972)
- Вид и објектот (роман, 1975)
- Кресненското востание (драма, 1976)
- Илинденски раскази (раскази за деца, 1978)
- Ликот на Карастоилов (повест, 1978)
- Ноќ во осаменоста (поезија, 1979)
- Јужен ветар (драма, 1979)
- Неосудени (драма, 1980)
- Жежок пат (роман, 1981)
- Милосија (роман за деца, 1982)
- Довик (роман, 1983)
- Мирка Гинова (драма, 1985)
- Султана (роман, 1987)
- Жеголец во срцето (роман, 1987)
- Скалила (роман за деца, 1987)
- Неоджилени (раскази, 1988)
- Сонот на будната птица (роман за деца, 1988)
- Мајка Которичанка (раскази, 1988)
- Патилата на Милосија (роман за деца, 1989)
- Во смрт од љубов (роман, 1990)
- Скаменета солза (поезија, 1990)
- Топлата прегратка на Гоцевата мајка (раскази за деца, 1990)
- Ѕидовите од Пела (роман за деца, 1991)
- Катарни години (роман, 1992)
- Вознесот на Милосија (роман за деца)
- Ѕидови од пајажина (роман, 1993)
- Водоскоци (роман за деца, 1994)
- Писмата до Соња (раскази за деца, 1994)
- Стапалки по жолти лисја (роман, 1995)
- Плач пред ѕидот (поезија, 1996)
- Големите атови (роман, 1997)
- Македонките во Пекинг (монографија, 1997)
- Авантурите на малата Ѓурѓица (роман за деца, 1997)
- Белегзија (поема, 1998)
- Воскрес на душата (поезија)
- Зунка (драма, 1998)
- Ќе ме убие капката Стефи (поезија, 1998)
- Виорот на болката (поезија, 1999)
- Пранги (роман, 2000)
- Пред лицето - Ченто (поезија, 2000)
- Пранги (роман, 2000)
- Дневникот на Доне (2002)
ТВ драми:
- Крепост
- Одлука
- Средба
- Вознес на душата
Монодрами:
- Мајка Которичанка
- Малина Поп Иванова
- Гоце Делчев
- Султана
Има напишано преку шеесет радио драми за возрасни и деца.
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 161 - 162.
- ↑ Почина писателката Ката Мисиркова – Руменова[мртва врска]